сабота, март 15, 2008

Еволуција?

Постојат многу теории за настанокот на човекот, но до ден денес ниедна од нив не е 100% потврдена како точна. Сепак, најверодостојна е теоријата дека човекот настанал од некое суштество кое по својот изглед било блиску до мајмунот, а сепак блиско по својот изглед и на човекот. Тоа бил, некој веќе изумрен вид, на човеколики мајмун.
За тоа дури има и докази. Тоа се пронајдените остатоци од тие наши предци во некои пештери во светот.
Сепак, во врска со настанокот на човекот, една куса историја ќе дадеме во некој следен пост, каде што убаво ќе објасниме како сме настанале.
Овде сакаме само да потенцираме, што ќе се случува понатаму? Човекот толку долго се исправал на 2 нозе, за наеднаш да седне пред компјутер и повторно за да се стутка и тоа повеќе и од пред 15 милиони години и во многу покус временски период?
На работа пред компјутер, дома пред компјутер! Ова исто така, го пишував, седејќи скифлена пред компјутер, а вие, предпоставувам дека на истион начин и го читате во моментов!
Што ќе се случи понатаму? Како ќе се еволуира човечкото тело? Дали воопшто ќе имаме потреба да стануваме од нашите столчиња? Што ќе јадеме? Како сето тоа ќе изгледа? Дали ќе исчезне нашиов род, или ќе најдеме некој начин за да се заштитиме од самоуништувањето? Кое е тоа здравје, па и убавина, за кои ќе се грижиме тогаш? Дали воопшто ќе постои поимот ЗДРАВЈЕ?
Можеби дури е залудна и нашава идеја, да ви помогнеме во грижата за здравјето и убавината, кога веќе толку сме се уништиле себе си и планетава на која живееме?
Дали ќе продолжи да еволуира само човечкиот мозок, а телото ќе заостане, некаде далеку?
Нас овој факт многу не заплашува!

Сакаме да размислите на оваа тема и самите да ни кажете што мислите за неа. Вашите коментари се добредојдени и задолжителни!

Имајте убав и здрав викенд! :)


Консултирано со полската Wikipedia

2 коментари:

Развигор рече...

Вашиот грб и како да се грижите за него
Практични совети за луѓе кои сакаат да имаат прав р’бет.

420 Macedonia рече...

Благодариме *развигор* за советите а исто така и за одвојување на дел од твоето време, за да го ѕирнеш нашиот блог!