Здравјето е најважно, убавината доаѓа сама по себе.
Кој ќе се грижи за нас, ако не самите ние?
Ние сме тука во обид да ви помогнеме токму во тоа и се надеваме дека нашиов блог ќе претставува енциклопедија за здравјето и убавината од која секој ќе црпи нешто за себе!
Деновиве каде и да се појавев, со кој и да се видев се жалеа дека ги боли грлото. Па бидеќи знам едно топ лекче, кое брзо се прави решив да ви го претставам.
Вкусно е !!!!!!
Земете едно ѓезве и ставете во него 3-4 лажички шеќер, ставете го на оган и мешајте додека шеќерот убаво не се стопи, додека не се карамелизира, потоа се додава ладно мелеко и се меша додека состојките не соединат убаво. Млекото добива вкус од карамела, како и карамела боја.
Пазете да не го изгорите шеќерот тогаш ќе имате горчлив вкус, кој не е пријатен за пиење.... Немојте да мислите дека 3-4 лажички е преблаго, кога се карамелизира шеќерот губи дел од својата блажина...
Млекото и шеќерот вака приготвени помагаат моментално за проблемите со грлото и гласот.
Еден од начините како да се дојде до квалитетна вода е следниов: Водата треба да се остави на отворени чинии, на топло место 12 до 24 часа, за да испари хлорот. Потоа треба да се претури во пластични шишиња, а тие да се сместат во фрижидер, да се замрзне водата. Кога водата ќе се замрзне во потполност, можеме да забележиме дека средината е со замаглена бела и жолтеникава боја. Тоа се случува затоа што при замрзнувањето најпрво се замрзнува чистата вода, а во средината се замрзнува подоцна, затоа што тоа е водата полна со неоргански соли. Шишето потоа го поливаме со топла вода и оние први неколку грама треба да се фрлат. Тоа е диетериум или тешка вода која се наоѓа на површината на мразот и која не е добра за пиење. Потоа треба да се продолжи со процесот на одмрзнување се додека не се дојде до оној замаглен, нечист дел. Водата која е добиена на овој начин е здрава и треба да се користи за пиење и за подготвување на храна. Треба да се чува во чисти стаклени шишиња, но не повеќе од 15 часа. Замаглениот мраз го оставаме да се истопи и таа вода ја фрламе. Луѓето кои живеат по планините пијат вода која е земена под мразот. Тоа е еден од причините за нивната долговечност.
Верувам дека оваа информација е од огромна важност како за оние кои спаѓаат во групата на луѓе, кои не внимаваат многу на својот режим на исхрана, како и за онаа група на луѓе кои значително внимаваат на исхраната. Јас не можам со сила да ве натерам нешто да правите ако не сакате, но можам само да ве советувам за нешто, а ваше е дали ќе ме послушате или пак, не. Ваше е дали ќе го земете здраво за готово, тоа што овде го пишувам во секој пост на овој блог, бидејќи блогерството е слободно изразување. Сепак, за ова што неодамна го дознав и се уверив со мои очи и уши, не само што ве советувам да не го правите, туку и ви забранувам дури и да се обидувате! Колку и да сакате да експериментирате во кујната, колку и да сакате да мешате додека јадете или пак, да јадете разнообразна храна...
...НИКОГАШ, АМА НИКОГАШ НЕ ЈАДЕТЕ MENTOS БОНБОНА И НЕ ПИЈТЕ COCA COLA LIGHT ИСТОВРЕМЕНО!!!
Значи, не ги мешајте овие две работи прикажани на оваа слика, а особено во вашиот стомак...
...ако не сакате во вашите црева да се случи ова:
Ова не е шега!
Истражував доста на оваа тема, но се уште немам доволно податоци која е хемиската реакција помеѓу овие два продукти. Како и да е, слушнав дека Coca - cola light + Mentos бонбоните, покрај повреди, зад себе имаат оставено и жртви. Некое момче, откако ги помешало овие 2 намирници не знаејќи за последиците, умрело пред да стигне во болница. Оваа комбинација, му ги распарала цревата. Просто му експлодирал стомакот. Тажно и шокантно, но сепак вистинито.
А на оваа слика имате шема како да направите ракета од Coca - cola light + Mentos, чекор по чекор. Но, како што предупредив на самиот почеток, ви советувам да бидете многу внимателни и да се оддачлечите што е можно повеќе. Никако не дозволувајте им на деца да си играат на овој начин.
Ако немате време да се бавите со овие "глупости", може да го погледнете само овој клип:
Имам само една мала забелешка во однос на клипов, експериментот го изведуваат деца! Нека им е срам на родителите што ги учат своите деца на вакви работи!
Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и го успорува меѓудругото и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје.
Тим научници од универзитетот "Корнел" установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај. Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајки од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни киселини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се конзумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти.
Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте...... Навистина е превкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се даневам дека ако сеуште не е и ваш, набрзо ќе стане. Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението :)
Како да го избегнете падот на менталната способност по јадење?
Одговорот лежи во кофеинот.
Голем број жители на Америка и Европа, особено италијаните и французите инстинктивно, по секој оброк, пијат по еден филџан кафе. Кафето го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот.
Постојат најнови докази дека кафето е природно средство кое го намалува падот на менталната способност, непосредно по јадењето. Истражувачите посочуваат дека намалената работна ефективност по ручекот, е честа појава, дури и кога ручекот не е обилен.
Во експериментите спроведени врз неколку групи на мажи и жени, најголем број од нив по јадењето се чувствувале поспано, со помалку енергија и биле склони кон грешки во работењето. Кај групата испитаници кои испиле едно кафе веднаш по ручекот, е забележана поголема будност и концентрација, а работните обврски ги извршувале побрзо и попрецизно.
Сепак, овде го претвтавив кафето во позитивно светло. Една од позитивните страни на кафето. А што е со неговите негативни страни, кои сметам дека се побројни. Со пиење на кафе, едноставно ги измиваме минералите од организмот, а со тоа и магнезиумот, значаен за концентрација и без кој ќе имаме болки во мускулите. Кафето има многу токсини, поради кои треба често да се прави детоксификација на организмот. Токму кафето е еден од создавачите на целулитот.
Епа сега, поголема концентрација или? Вие знаете што ви е навистина потребно во моментот. Вие сте тие кои треба да решавате за самите себе. Ние само сугерираме и советуваме. Не е едноставно подобро по ручекот да излезете на една мала прошетка? Ем ќе се одморите, и психички и физички, ем нема да дозволите цела енергија да ви отиде исклучиво на варење на храната, а кога ќе се вратите дома, ќе бидете во топ форма, подготвени за нови работни задачи! По јадење, не е убаво да се заспие, бидејќи тоа е првиот чекор кон дебелеење.
Сите знаеме дека млекото е еликсир на младоста и убавината, бидејќи ги содржи скоро сите хранливи состојки кои му се потребни на нашиот организам! Неговото дејство го откриле уште древните народи пред да се развијат хемијата, медицината и другите науки.
Кога ќе го слушнеме зборот МЛЕКО, тој најпрво не асоцира на кравјото млеко. Сепак, овој збор, опфаќа многу повеќе поими. Консултирајќи ја нашата македонска Википедија, дознавме што навистина значи млекото:
Истиот термин може да се користи и за: - белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна. - неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.
За секој продукт, во денешно време имаме голем избор, како во квалитетот, така и во видот, потеклото, начинот на изработката, фирмата и слично. Кога треба да консумираме млеко или млечни производи, исто така имаме на располагање голем дијапазон на производи. Почнувајќи од свежото млеко, јогуртот, кашкавалот и неговите подвидови, потоа сирењето, павлаката, млечната маст-путерот и што уште не. Потоа, изборот го имаме и во земјата на потекло, фирмата која што го произведува производот, количеството на млечна маст во продуктот, потоа, дали продуктите се дополнително збогатени со калциум и други витамини и минерали... завршувајќи на тоа од кои пасишта и предели во светот, е собирано млекото. Но, што пасело на тие пасишта? Се разбира, ако зборуваме за млеко и млечни производи кои се наменети за луѓето, тоа мора да се крави, кози или овци, а во краен случај магариња. За да го разбиеме овој шаблон, јас пронајдов еден многу интересен податок од полската википедија, во кој се опишани хранливите состојки на млекото од повеќе видови животни. Па сега, погледнете ја слободно табелата и самите видете кое млеко е најздраво за пиење! :)
Ако сакаме млечна маст би требало да измолзиме една фока, а доколку ни требаат повеќе белковини, слододно придружете им се во цицањето на малите мачиња од нивната мајка - мачка!
Среден состав на млеко кај разни видови на животни (g/100 ml):
Имате слободно време и сакате малку да се погрижите за себе, а во моментот немате соодветна козметика? Можеби немате доволно пари за да си купите некоја крема, балзам, маска или емулзија? Немојте да кревате паника! Во својот ладилник, секако дека секогаш имате свежо млеко. Немојте да се чудите! Со помош на овој Божествен напиток, ќе направите извонредни козметички мешавини, кои ќе имаат неспоредливо подобар ефект од било која хемикалија. Млекото е природно. Со помош на млекото, можете да ја негувате вашата коса, кожата на телото, кожата на дланките како и кожата на лицето. Природните козметички мешавини со млеко, кои ќе ги направите самите, ќе допринесат косата да ви биде сјајна, кожата на телото да ви биде мазна, помагаат во избелувањето на дланките, како и за свиленкаста кожа на лицето. Невообичаеното дејство на млекото, како дел од природната козметика, го пронашла уште убавата Клеопатра. Клеопатра со задоволство се капела во магарешко млеко. Не треба да и се чудиме. Млекото и млечните производи, содржат скоро се што е потребно во добрата козметика. Витамините и другите хранливи и корисни состојки коишто се содржани во млекото, се следниве:
А - ја освежува кожата
Е - ја негува и зајакнува кожата
Б - дејствува против брчките
БЕЛКОВИНИТЕ - заштитуваат од сушење на кожата
МАСТИТЕ - на кожата и даваат еластичност
Бидејќи е течно, идеално ја хидратира кожата.
Козметичките производи на база на млеко, можеме да ги подготвиме сами во нашиот дом. Сепак, треба да знаеме дека сите намирници кои ќе ги употребиме во подготовката, треба да се свежи. Готовата смеса можеме да ја чуваме во ладилник, најмногу една недела. Маските и емулсиите, по употребата, секогаш треба детално да ги отстраниме со топла вода.
Извор: полското списание "Dobre Rady"- Добри совети.
Неколку чаши јогурт во текот на денот ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми, а ќе ви овозможи да го освежите организмот со многу хранливи матери.
Голем број истражувања покажуваат дека исхраната со намалено внесување на калциум доведува до побрзо качување на телесната маса.
Причина за тоа е што на ваков начин се зголемуваат и здебелуваат масните ќелии и ги задржуваат течностите и отровите. Јогуртот е хранлив напиток кој помага во борбата со килограмите. Го забрзува слабеењето и го намалува обемот на стомакот.
Научниците докажале дека доколку дебелите луѓе во исхраната воведат три оброци со јогурт со помалку маснотии, губат 22 проценти од вишокот тежина. Зголеменото количество на калциум кое го внесуваат овие луѓе им помага во намалувањето на дебелиот стомак.
Диетите кои се врз база на јогурт се двапати поефикасни од останатите. Тоа се должи на делотворноста на калциумот, што овозможува да се изгубат непотребните килограми, а при тоа да се задржи мускулната маса.
Клиничките испитувања покажале дека со консумирањето на јогурт значително се намалува тежината. Оние луѓе што внесувале дневно повеќе од половина литар обезмастен јогурт за 12 недели изгубиле по пет килограми.
Јогуртот може да замени цела порција класичен оброк. Чаша јогурт ви обезбедува доволно количество на белковини, витамин Б12, калциум и цинк.
Ретко која храна овозможува волку хранливи материи. Содржи само 140 калории, ја одржува цревната флора и го отстранува лошиот здив.
Љубителите на кафето и чајот имаат благо намален ризик од заболување на рак на бубрези, сугерира истражување спроведено на "Харвард". Резултатите објавени во International Journal of Cancer се втемелени врз анализа на 13 спроведени студии. Се открило дека кафето и чајот може да имаат заштитно дејство од рак на бубрези, а никакво влијание на појавата на болеста немаат млекото, газираните напивки и овошните сокови. Утврдено е дека лицата кои секојдневно консумираат најмалку 3 шолји кафе имаат за 16 % помал ризик од рак на бубрези, а лицата кои дневно пијат најмалку 1 шолја чај, имаат за 15 % помал ризик. Истражувачите напоменуваат дека не е докажано дали кафето и чајот можат директно да го намалат ризикот од развој на оваа болест, но укажуваат на причините поради кои овие напивки можат позитивно да дејствуваат на состојбата на организмот. На пример, кафето и чајот ја зголемуваат осетливоста на инсулин, хормон кој е вклучен во регулација на нивото на шеќер во крвта за кој се верува дека е поврзан со рак на бубрези. Освен тоа, кафето и чајот содржат антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетувања поврзани со карцином. Наш заклучок: колку и да е штетно кафето и чајот, сепак еве доказ дека имаат и позитивни страни. Како и да е, кафето и чајот имаат негативно дејство врз појавата на поткожното масно ткиво наречено целулит, од друга страна. Произлегува дека секој прехранбен производ има свои позитивни и негативни страни. Најважно е да конзумираме од се во умерени количини, бидејќи ако изоставиме нешто во нашата исхрана, а претераме со нешто друго, и на тој начин да го намалиме ризикот од некое заболување, можеме многу лесно да потпаднеме во друго. Затоа внимавајте да не потпаднете на тој начин од една во друга крајност и бидете умерени!
Следејќи ја оваа пирамида, ви гарантираме дека веќе чекорите по патот на здравата исхрана. (најважни се продуктите на основата, а најмалку оние на врвот)
Салото наталожено во пределот околу половината, е поопасно од салото наталожено на колковите и задникот. Салото на стомакот има поинаква структура од она на бутовите. Затоа, внимавајте!
Погледнете зголемено, чекор по чекор, како расте косата. Секое влакно си има свој животен век, а кога ќе падне, на неговото место започнува да расте ново.