сабота, мај 23, 2009
Напад на бес кај малите деца
среда, јуни 11, 2008
Како слушаме?
Ушите се органи за слушање и рамнотежа. Се наоѓаат на обете страни на главата. Само дел од увото е видлив а остатокот е заштитен со коските на черепот. Тие ја вршат функцијата во пар - ги собираат звучните вибрации и ги претвараат во вибрации кои се претвораат во сигнали кои се пренесуваат во мозокот, овозможувајќи ни да слушаме.
Градба на увотоУвото се состои од три основни дела: надворешно, средно и внатрешно уво. надворешното се состои од ушна школка и канал. Средното уво е составено од тапанче и три минијатурни коски. Во внатрешноста на черепот е сместено внатрешното уво составено од полжав и лавиринт- 3 полукружни цевчиња исполнети со течност.
Функции
Ушната школка ги насочува звуците во слушниот канал. Звучните бранови се одбиваат од цврстото тапанче терајќи го да вибрира. Трите ковчиња на средното уво ги засилуваат вибрациите и ги насочуваат кон ушното тапанче. Додека ушното тапанче вибрира, течноста поминува преку влакненцата во полжавот кој тие вибрации ги претвара во нервни сигнали. Тие со слушниот нерв патуваат до мозокот.
Секојпат кога телото ќе се придвижи, течноста наречена перилимфа патува низ трите полукружни канали. Малечките влакненца ги чувствуваат тие движења и праќаат сигнали во мозокот јавувајќи му за положбата на телото. Со тоа му помагаат на телото да ја одржува својата рамнотежа.
Жлездите сместени во кората која го прекрива ушниот канал ја создаваат ушната маст, која го штити ушното тапанче од прав и валканици, а нејзиниот непријатен мирис ги одвртува инсектите од влегувања во уво.
Јачината на звукот се мери со децибели. Звуците чијашто јачина поминува 90 децибели предизвикуваат тешкотии и болки во човечкото уво. Звуците чија што јачина преминува 130 децибели можат да го оштетат увото и да предизвикат глувост.
Занимливости
* Стременот е најмала коска во човечкото тело која е долга само 3 mm.
* Чувството дека ушите ни се „одзатнале“ е предизвикано од отварањето на Евстахиевата труба за да се изедначи притисокот на средното уво.
* Ушниот канал е долг 2.5 cm.
* Ушите можат да го откријата правецот од кој допира звукот со распон на грешка до три степени.
* Децата вообичаено имаат почувствителен слух од возрасните.
* Ушите можат да разликуват 1500 различни тонови и 350 нивоа на јачина на звукот.
Извор: Википедиjа
недела, мај 25, 2008
Уживајте во викендите!
Измина уште еден викенд.Сигурна сум дека уживавте максимално во секој поглед, а се разбира и во храната. Не се плашете ако малку сте претерале со некои оброци, што сметате дека не сте требале да ги изедете. Немојте во никој случај да имате кон себе чувство на вина! Дури и оние кои држат диета за намалување на телесната тежина, за викендите можат малку да се одморат :)
Во никој случај немојте да мислите дека ако сте се прејале за викенд, дека одма ќе се здебелите. Тоа се должи на нешто друго...
Чувството на презаситеност и покачена телесна тежина, по обилен оброк, особено за викендите, е честа појава која се должи пред се на задржувањето на водата во телото. Зголемената тежина веднаш по оброкот не е трајна, се јавува затоа што најверојатно сте внесувале позачинета и пресолена храна. Токму натриумот од готварската сол предизвикува задржување на вода во телото.
Затоа препорачливо е избегнување на често внесување обилни оброци, многу зачини и многу СОЛ!
Консултирано со: Мали совети за здраво семејство - Зегин
Не го скокајте појадокот!
Одамна е познато дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот!Ова не е за џабе кажано.
Најсоодветен термин за појадување е до 9 часот наутро, затоа што во овој период метаболизмот е најбрз и најефикасен во согорувањето на внесените калории.
Кај луѓето кои не појадуваат во рок од 90 минути по будењето, се зголемува ризикот од прекумерна телесна тежина за околу 147%.
Токму затоа, внимавајте колку време спиете. На возрасен човек просечно му се потребни 8 часа за да го одмори своето тело. Многу е важно, исто така, кога си легнувате и кога станувате. Најубаво е да се станува околу 7 часот наутро и по кусото освестување, да се седне на маса да се појадува.
Сонот е храм за здравјето и убавината.
Станувајте рано наутро. Утрата се прекрасни!
Консултирано со: Мали совети за здраво семејство - Зегин
среда, мај 21, 2008
3 важни работи!
Еве 3 најважни и појдовни работи, кои треба да се почитуваат, кога е во прашање исхраната.
1.) Појадокот изеди го сам!

Појадокот секако дека е најважниот оброк во текот на денот. Тоа што ќе го изедете за време на појадокот, ќе го потрошите целосно во текот на денот. Затоа гледајде да имате лесен доручек збогатен со сите можни витамини и минерали кои претставуваат неопходно гориво за да може да ја стартувате машината со полна пареа :)
2.) Ручекот подели го со пријателот!
Ручекот е вториот важен оброк во текот на денот. Обично тој е доста мрсен оброк, богат со јаглени хидрати. Токму затоа, немате потреба да изедете многу, иако знам дека е многу тешко. Слаткичко и вкусно мевце со некое компирче, салатичка... ммм...Но, старите велат кога ручаме, пола чинија храна да остане на масата!
Исто така, дозволени се и меѓуоброците, т.н. ужинки. Најубаво тоа да е овошје. Тоа е така, бидејќи на организмот му е потребно внесување на храна во текот на целиот ден, така убаво распоредена. Не е убаво да се прегладувате, а најлошо е кога имате 1 или 2 огромни оброци во текот на денот. Тоа е едноставно калориска бомба.
3.) Вечерата оставија за гостинот!
Вечерата е најневажниот оброк во текот на денот! Најубаво е да се изостави. Нема да ви се случи ништо лошо. Може само да си помогнете.Ако не можете да ја одбегнете вечерата, тогаш барем гледајте да не вечерате многу доцна. Тоа што ќе го изедеш во овој дел од денот, е најтешко да го потрошиш. Многу е лошо ако се јаде веднаш пред спиење. Така може и да имате несоница, бидејќи телото се мачи, ја вари храната со голем напор, а вие се потите и не можете да спиете.
Вечерата никако да не изгледа како на оваа чинија!
Заборавете ги слатките нешта навечер.
Овој режим на исхрана ќе биде потполн, ако спиете доволно. Ако станувате кога треба да се стане и легнувате, кога е време за тоа.
четврток, мај 15, 2008
Акриламидот предизвикува рак
Akrylamid (C3H5NO, akryloamid, 2-propenamid) е органско соединение кое и припаѓа на групата амиди (амид на акрилната киселина), најчесто користен како монемер во производството на полиакриламид.Акриламидот е многу токсична супстанца со канцерогено својство.
За жал, тој се јавува во храната!
Големи количини на акриламид настануваат за време на термичката обработка (пржење, печење) на прехрамбените продукти кои содржат скроб (јаглени хидрати). Такви продукти се на пример чипсот и помфритот. Го содржат и некои видови леб. Исто така, настанува во месото, додека тоа се пржи на многу високи температури.

Овој токсин може да настане веќе на температура од 120°C. Сепак, температурната граница во која настанува е 140-180°C.
Акриламидот настанува во така наречената хемиска реакција на
Кај човекот, акриламидот е причинител за појавата на болеста рак на системот за варење, а исто така го оштетува и нервниот систем, бидејќи претставува неуротоксична материја. Тој предизвикува повеќе видови на рак кај експерименталните глувци и стаорци.
Во едно данско испитување спроведено на 62000 жени, во период подолг од 11 години, е потврдено, дека тие кои консумирале многу повеќе акриламид во нивната регуларна диета, се двојно посклони кон рак на матката и јајниците.
Maillard.
За да се намали канцерогеното дејство на акриламидот, за време на готвењето, во лебот и подготовката на компирот, може да се додаде природниот ензим Asparaginase. Компирите треба да се чуваат на температура која не е пониска од 8°C. Кога температурата на чување на компирите е пониска од 4°C, тогаш количеството на фруктоза нагло расте, со што количеството на образуваниот акриламид за време на печењето или пржењето ќе биде поголемо.Во многу случаи се препорачува компирот да се пече или пржи на што е можно пониска температура. Исто така новите производствени методи, како што е вакуумското пржење можат да ја намалат количината на акриламидот.
Значи, внимателно при изборот на грицките (одбегнувајте чипс), при подготовката на утрешното мени, при изборот на ресторанот (одбегнувајте сендвичари или MC Donalds-и). Внимателно при подготовката на компирите и месото. Што помалку зејтин, што пократко и во што е можно пониска температура!
Зошто да ждерете чипс и да пиете кока кола пред телевизор, покрај толкава широка палета на грицки во супермаркетите? Заменете го чипсот со некакви грицки од житарици или самонаправени грицки, а кока колата со цеден сок од портокал :)
Извор: полската википедиа
англиската википедиа
вторник, мај 13, 2008
Здрава вода
Еден од начините како да се дојде до квалитетна вода е следниов:Водата треба да се остави на отворени чинии, на топло место 12 до 24 часа, за да испари хлорот. Потоа треба да се претури во пластични шишиња, а тие да се сместат во фрижидер, да се замрзне водата. Кога водата ќе се замрзне во потполност, можеме да забележиме дека средината е со замаглена бела и жолтеникава боја. Тоа се случува затоа што при замрзнувањето најпрво се замрзнува чистата вода, а во средината се замрзнува подоцна, затоа што тоа е водата полна со неоргански соли. Шишето потоа го поливаме со топла вода и оние први неколку грама треба да се фрлат. Тоа е диетериум или тешка вода која се наоѓа на површината на мразот и која не е добра за пиење. Потоа треба да се продолжи со процесот на одмрзнување се додека не се дојде до оној замаглен, нечист дел. Водата која е добиена на овој начин е здрава и треба да се користи за пиење и за подготвување на храна. Треба да се чува во чисти стаклени шишиња, но не повеќе од 15 часа. Замаглениот мраз го оставаме да се истопи и таа вода ја фрламе.
Луѓето кои живеат по планините пијат вода која е земена под мразот. Тоа е еден од причините за нивната долговечност.
Извор : Глас Исидора
понеделник, мај 12, 2008
Уживајте во разновидната храна секој ден!
Едноставно уживајте во храната, како што сте уживале и до сега, само ќе ги промените производите во коишто сте уживале.
Тоа е многу лесно.
За да не набројувам што треба, а што не треба да јадете за да бидете здрави и ако до сега се уште не научивте од пирамидата на исхрана што е поставена во сајдбарот, како и од досега објавените постови, ви препорачувам да ја погледнете сликата под постот. Самите видете што е здраво.
На неа е претставен затворениот круг на исхраната. Во округлата пита исечена на делови, претставени се разните видови на храна. Колку е поголем делот на кој е претставена храната, толку повеќе треба да се консумира и обратно. Не заборавајте да пиете многу вода, а како најважно, што повеќе да ги одбегнувате продуктите претставени во долниот десен агол. Токму тие се нездравите кои можат да ве здебелат.
Не заборавајте исто така дека во се треба да се биде умерен. Не практикувајте да се прејадувате. Секогаш се јаде до ситост, а не повеќе.
Enjoy!
Кликнете на сликата, за да ја видите во поголема димензија и за да може да прочитате што пишува.Исто така кликнете на линкот подолу, па видете што пишуваат стучњаците на оваа тема.
Извор: Детското здравје
сабота, април 19, 2008
Импотенција (еректилна дисфункција)
Кутрите луѓе... Сакаат а... не можатВидете како јас би ја решила погоре зададената проблематика и слободно коментирајте. Ако имате посоодветно решение, кажете го! :D
Импотенција (еректилна дисфункција) е состојба при која не доаѓа до соодветно укрутување на пенисот при сексуална стимулација, а како последица на тоа, доаѓа и до неможност за пенетрација при сексуален однос.
Повеќе од 50% од мажие по 40-тата година од животот имаат повремено ваков проблем. Некои имаат проблем со почетната ерекција, додека други можат да имаат почетна ерекција, но имаат проблеми со одржување на ерекцијата во текот на односот.
Проблемот всушност е во недоволниот проток на крв во пенисот, а може да биде привремен или постојан. Ако проблемот е привремен, обично се работи за психолошка причина која се јавува заради премореност, стрес, брз начин на живеење, алкохол и сл. Проблемот е постојан кај луѓе кои имаат некоја органска болест, a во оваа група спаѓаат околу 70% од сите заболени. Тоа се најчесто срцеви болести, покачен крвен притисок, покачен холестерол, шеќерна болест или проблеми со простата.

Депресијата исто така може да доведе до еректилна дисфункција, но и повреда на рбетниот мозок, одредена група на лекови, пушење и прекумерна употреба на алкохол. Најчеста причина за заболувањето е задебелување на ѕидовите на крвните садови поради покачен холестерол (крвни садови тогаш се стеснуваат), или пак оштетување на нервите кои ги следат крвните садови при шеќерна болест, хируршки интервенции на простата и тн.
Еректилната дисфункција може да доведе до сериозни проблеми во семејството, кои неретко завршуваат со развод. До пред 10-тина години лечењето на оваа состојба било многу ограничено. Но, денес постојат многу подобри изгледи проблемот да се реши, или со психотерапија или со друг начин на лекување при органска болест.

Извор: Од првиот македонски портал за медицина МОЈА МЕДИЦИНА
среда, април 16, 2008
Дали знаевте?

Водата сочинува речиси 2/3 од тежината на човечкото тело и е неопходна за нормално и правилно функционирање на сите органи
* крвта содржи 83% вода
* мускулите содржат 75% вода
* мозокот содржи 74% вода
* коските содржат 22% вода
Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство.
недела, април 13, 2008
Пролетно прочистување на телото
Според Др. Питер Бенет од американската Хелиос Клиник, детоксификацијата е ефикасна затоа што дејствува на клеточно ниво, односно ја подобрува работата на клетките, како основни единици во градбата на човечкото тело.Подолгото траење на денот, повеќе сончеви часови, поголема слобода на движење се благодетите на пролетта, кои се доволни да ве мотивираат да започнете со нови активности.
Додека во текот на зимата сте внесувале покалорична исхрана и сте биле помалку физички активни, сега е време да му се посветите на своето тело и да се ослободите од токсините акумулирани во зимскиот период.
Детоксификацијата со векови се практикувала во многу култури, а се однесува на одморање, прочистување и потхранување на телото одвнатре.
Преку отстранување на токсините и внесување на здрави хранливи состојки во телото, со детоксификацијата си овозможувате заштита од бројни болести. Овој процес ви овозможува полесно да го одржувате своето здравје.
Човековото тело поседува сопствен систем на заздравување и прочистување, а со помош на детоксификација се подобрува и поттикнува неговата ефикасност.
Прочистување на природен начин:
Почнувајќи од рана пролет, на зелените пазари постојано пристигнуваат нови плодови. Искористете ги зеленчукот и свежите овошја за да го прочистите своето тело. Детоксификацијата не значи изгладнување, туку намалување на внесот на токсини во телото.
Елиминирајте ги алкохолот, газираните пијалоци, цигарите, рафинираниот шеќер и заситените масти. Сите тие дејствуваат како пречки за процесите на прочистување и заздравување.
Одвојте 3 до 7 дена и во овој период јадете само овошје, зеленчук и житарки со цели зрна. Избегнувајте бел леб, месо, млеко и млечни производи, производи кои содржат конзерванси, шеќер и други засладувачи. Не заборавајте да пиете повеќе вода.
Физички активни:
Искористете ја пријатноста на пролетното сонце, излезете на подолги прошетки, возете велосипед, планинарете. На овој начин ќе се чувствувате подобро секој ден, што претставува дополнителна мотивација да продолжите со новиот здрав начин на исхрана и физичка активност.

Детоксификацијата е многу значајна доколку имате проблеми со целулитот и сакате побрзо да го отстраните. За решавање на овој проблем, во детоксификацијата ќе треба да вклучиме огромно количество на вода. Тоа е со цел да им помогнеме на клетките да се ослободат од токсичните материи кои ја задржуваат водата и мастите токму во тие слоеви под кожата, создавајќи го тој изглед на кора од портокал.
Со доктор Питер Бенет, јас не се согласувам кога вели дека не треба да се внесува месо и млечни производи. Можеби тоа е добро за првите 3 дена од детоксификацијата, но не и за понатаму.
Најважно е да го одбегнеме свинското месо. Месото од мисирка и риба, зготвени или испечени (со цел да се одбегне маслото), се многу хранливи, малку калорични и се едни од месата со најмалку холестерол. Ако не пиеме безмасно млеко, нема да имаме доволно витамини, минерали и калциум во организмот, а ако не пиеме безмастен јогурт, нема да имаме добра перисталтика на цревата. Доволно е само да ги одбегнуваме сирењето и кашкавалот како и павлаката, поради големата количина на маснотии. Овој доктор, во својата статија исто така не спомнал ништо за солта и за зачините, кои мораме да ги одбегнуваме кога си правиме детоксификација на организмот.
Кликнете на оваа слика или на текстов, за подобар поглед и за да може да прочитате што се се случува со органите за време на детоксификацијата!Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство
сабота, април 12, 2008
Состав на млеко кај разни видови на животни
Што е всушност млекото?
Сите знаеме дека млекото е еликсир на младоста и убавината, бидејќи ги содржи скоро сите хранливи состојки кои му се потребни на нашиот организам! Неговото дејство го откриле уште древните народи пред да се развијат хемијата, медицината и другите науки.
Кога ќе го слушнеме зборот МЛЕКО, тој најпрво не асоцира на кравјото млеко. Сепак, овој збор, опфаќа многу повеќе поими. Консултирајќи ја нашата македонска Википедија, дознавме што навистина значи млекото:
Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, суво млеко и други продукти.
Истиот термин може да се користи и за:
- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.
- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.
За секој продукт, во денешно време имаме голем избор, како во квалитетот, така и во видот, потеклото, начинот на изработката, фирмата и слично. Кога треба да консумираме млеко или млечни производи, исто така имаме на располагање голем дијапазон на производи. Почнувајќи од свежото млеко, јогуртот, кашкавалот и неговите подвидови, потоа сирењето, павлаката, млечната маст-путерот и што уште не. Потоа, изборот го имаме и во земјата на потекло, фирмата која што го произведува производот, количеството на млечна маст во продуктот, потоа, дали продуктите се дополнително збогатени со калциум и други витамини и минерали... завршувајќи на тоа од кои пасишта и предели во светот, е собирано млекото. Но, што пасело на тие пасишта? Се разбира, ако зборуваме за млеко и млечни производи кои се наменети за луѓето, тоа мора да се крави, кози или овци, а во краен случај магариња. За да го разбиеме овој шаблон, јас пронајдов еден многу интересен податок од полската википедија, во кој се опишани хранливите состојки на млекото од повеќе видови животни. Па сега, погледнете ја слободно табелата и самите видете кое млеко е најздраво за пиење! :)
Ако сакаме млечна маст би требало да измолзиме една фока, а доколку ни требаат повеќе белковини, слододно придружете им се во цицањето на малите мачиња од нивната мајка - мачка!
Среден состав на млеко кај разни видови на животни (g/100 ml):
Извори:Од Википедија, слободна енциклопедија
Табелата е преземена од Полската Википедија
вторник, март 18, 2008
Човечкиот организам низ бројки
Ова не е математика :)Ова се само неколку интересни податоци за вашето тело, кои верувам дека многу од вас ќе ве зачудат. Дознајте нешто интересно, за тоа што секојдневно се случува во нашите тела!
Во текот на животот вдишуваме приближно 300 милиони литри воздух.
Само за 16 секунди крвта што ја пумпа срцето низ нашиот крвоносен систем преминува 100.000 килотетри.
Поставени едно врз друго, црвените крвни зрнца би направиле кула во височина од 50.000 километри.
Во 2 квадратни сантиметри кожа има 19 милиони клетки и 65 влакна.
Косата процечно, месечно расте 1 см, а најмногу наутро. Но, косата најбрзо расте кога сме вљубени, и тоа поради хормоните. Губењето на 70 влакна во текот на еден ден е нормално, но тој број може двојно да се зголеми ако сте под емотивен стрес, неисхранети, анемични или ако пушите.
*Погледнете на сликата како изгледаат под микроскоп црвените крвни зрнца, кои без престан кружат низ нашиот крвоносен систем заедно со останатите елементи од кои се состои крвта.
Извор: cписанието "Здравје".
вторник, март 11, 2008
Што значи поимот здравје?
Дефиниција:
Поимот здравје може да се дефинира негативно како отсуство на болест, функционално како способност да се справи со секојдневните активности, или позитивно како физичка спремност и благосостојба. За секоја организам, здравје е форма на хомеостаза. Ова е стадиум на баланс во кој влезот и излезот на енергија и материја е во еквилибриум (овозможувајќи раст). Здравје исто така имплицира добра шанса за продолжен опстанок.Спрема СЗО (Светската Здравствена Организација) здравје е состојба на целосна физичка,психичка и соционална благосостојба, а не само отсуство на болест.
Извор: Од Википедија, слободна енциклопедија
недела, март 09, 2008
Собирање на тревките
За зимата може да се подготви, не многу голема, резерва од суви тревки. Тревките треба да се берат кога содржат најмногу лековити материи.
За цветовите може да се подготви, не многу голема, резерва од суви тревки. Тревките треба да се берат кога содржат најмногу лековити материи.
1.) За цветовите тоа е почетокот на цутењето.
2.) За листовите - пред цутењето и за време на цутењето.
3.) Корењата се копаат рано напролет или наесен.
4.) Плодовите се собираат за време на созревањето.
Затоа треба да се има во вид следното, се берат само здрави, чисти растенија, по кои нема паразити ! Тревките треба да се собираат по сончево време во сува состојба, кога нема роса. Непрепорачливи места за собирање тревки се ниви што се ѓубрени со вештачки ѓубрива, брегови на нечисти реки, железнички станици и места во близина на сообраќајници, магистрали и производствени претпријатија.
Извор: Билни рецепти и совети за здравјето

