Истражувачите од 1979 година до денес ги проучувале диетите со јаболко и ја мереле работата на белите дробови кај 2.500 мажи на возраст помеѓу 45 и 59 години, кои живеат во Велс. По пет години, ја споредиле измерената способност на дишење на секој од нив и утврдиле позитивна врска меѓу функционирањето на белите дробови и бројот на јаболката внесени во текот на една недела кај Велшаните во средните години. По разгледувањето на другите фактори, како што се пушењето, телесната тежина и физичката активност, кои исто така влијаат врз дишењето, истражувачите ја откриле врската меѓу внесувањето јаболко и подобрувањето на работата на белите дробови. Оваа поврзаност е независна од внесувањето на витамините Е и Ц, па затоа тоа би можело да се објасни со присуството на други антиоксидансни состојки во јаболкото, какви што се флавоноидите, заклучиле истражувачите од болницата „Сент Џорџ“ во Лондон.
Извор: идивиди
Нема коментари:
Објави коментар