сабота, март 15, 2008

Сакате рамен стомак?

Сите сонуваме за рамен стомак, особено ако има добро обликувани стомачни мускули.

Луѓето започнуваат да се грижат за тоа како им изгледа стомакот непосредно пред летото.

За да се постигнат добри резултати освен на исхраната треба да се внимава и на вежбањето и тоа кардиоваскуларни вежби во комбинација со абдоминални.

Без вежбање не може да се добијат стегнати стомачни мускули, и тоа треба секому да му биде јасно, не постои ниту крема, ниту таблети кои ќе ви ги зацврстат мускулите без да се испотите за тоа.

Вежбањето е одличен начин на трошење калории, но без внимателно избирање на прехранбените продукти ќе ви треба многу за да се покажат вашите стомачни мускули.

Пред се морате да се ослободите од масните наслаги на вашиот стомак. Со кардиоваскуларните вежби (трчање, возење велосипед или брзо одење) ќе можете полесно да го стопите салото.

Потоа треба да почнете со правење стомачни вежби кои ќе ги затегнат мускулите на стомакот.


Извор: Idividi.com

Нема коментари: