Крстено е од птицата киви
Кивито изворно потекнува од Нов Зеланд, а наречено е по птицата која живее во тие краеви. Денес се одгледува и на Медитеранот, Јужна Африка и во Америка.
Кивито најдобро е да се јаде свежо, особено во зима и во што поголемо количество. Го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали, ги зголемува одбранбените способности на организмот и помага при елиминација на токсини од организмот.
ОГРОМНО КОЛИЧЕСТВО ВИТАМИН Ц
Кивито спаѓа во најздравите овошја. Тоа е одличен избор на овошје за идните мајки бидејќи витамините од Б-групата помагаат во правиониот развој на фетусот. Значаен извор е на калиум, кој го регулира крвниот притисок, а богат е со фолна киселина, која помага во синтезата на протеините. Супстанцијата лутеин, го штити видот. Кивито има урамнотежен однос на сите хранливи состојки и е со многу мала калориска вредност, само 47 kcal на 100 грама. Има убедливо најголемо количество витамин Ц - во 100 грама киви има 80 милиграми, кое го има дури во 2 портокала или 5 лимона. Во споредба со авокадото, кивито содржи дури за два пати повеќе витамин Е, кој ги брише брчките, а не содржи ни маснотии. Има за 10 пати повеќе витамин А од јаболкото. Кивито содржи еднакво количество калиум како и бананата. Од сите видови свежо овошје, токму кивито е најбогато со минерали кои се неопходни за одржување на функциите на нервниот систем (магнезиум, калциум, фосфор и железо).
ПОМАГА И ПРИ СТРЕС
Поради високата концентрација на сите корисни состојки, кивито го јакне целиот организам и помага при стресот. Исто така, ова овошје може да се најде во кој било период од годината. Многубројни се корисните ефекти од јадењето киви. Ова овошје го поттикнува празнењет, поради големите количества калиум и поради влакната. Го подобрува варењето бидејќи го содржи ензимот актидин, кој го омекнува месото.
НЕ ЗЕМАЈТЕ НЕДОЗРЕАНИ ПЛОДОВИ
Само плодот со мазна лушпа без траги од згмечување или напукнување, ги содржи сите хранливи витамини и минерали. Внатрешноста на кивито мора да биде многу мека. Не купувајте претврди плодови со надеж дека кивито ќе дозрее во вашата кујна.
Чувајте го во фрижидер, ако не го јадете веднаш. Ако планирате да го изедете уште истиот ден, тогаш чувајте го на собна температура.
Можете да го замрзнете само ако претходно го исечете на парчиња, кои претходно сте ги прелиле со сок од лимон.
Извоp: Списанието "24 часа здравје ".
Нема коментари:
Објави коментар