Се прикажуваат објави со етикета наши рецензии. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета наши рецензии. Прикажи ги сите објави

петок, април 03, 2009

Зошто имам вишок на килограми и слабо здравје? хмм...

Одговорот на ова прашање е многу едноставен.




Дебелината и склоноста кон одредени болести, не лежи само во тоа колку калории внесуваме и трошиме во текот на денот, односно каква храна консумираме, иако тоа е најважната работа која одредува дали сме слаби или не, односно дали сме здрави или не.
Едноставно на некои луѓе слабеењето им оди полесно, отколку на други. Тоа е така поради начинот на исхраната кој сме го практикувале во детството и кој во најголема мера не зависел од нас.

Прекумерните чоколади, бонбони, сладоледи, хамбургери... изедени во текот на детството, според ново истражување, кое го изненади научниот свет, ја утврди директната врска на склоноста на возрасните лица кон прекумерна тежина, со видот и количината на исхраната изедена во детството.
Исхраната влијае врз гените, кои контролираат како телото ги складира и користи нутриентите.


Храната што сте ја консумирале во детството, влијае врз телесната маса и здравјето во возрасната доба.




Затоа, мајки и татковци, доста се гледате во огледало и се преопседнувате со сопственото тело. Погледнете ги малку и своите деца, како и тоа што им ставате во уста. Сигурно не сакате вашите деца еден ден Вас да ве обвинуваат дека не можат да се облечат како што сакаат. Не бидете себични и учете се на сопствените грешките и наместо да им давате на децата пари, за да си купуваат хамбургери за време на големите одмори на училиште, наутро дајте им по некоја банана или јаболко.

Немојте да мислите: „дете е... расте... му треба енергија...“ Ова е неточно!

Извор: 24 часа здравје

понеделник, јуни 30, 2008

Лимон за стеснување на порите.

Летниот период е проследен со проширени пори на лицето. Кога порите се отворени, тие многу лесно се полнат со нечистотија, со што се создаваат акните и митесерите. Токму затоа се препорачуваат третмани за стеснување на порите. Сокот од лимон е одличен тоник за стеснување на порите.
Од вас зависи дали самите ќе исцедите лимон или ќе купите готов сок од лимон. Сепак, овој пилинг не треба да го користите пречесто и не треба да ви стои на лицето подолго од 5 минути, бидејќи може да се јави непријатно чувство на затегнатост и непријатност на лицето. Преку порите кожата дише, затоа не смеете, а и не можете потполно да ги затворите. По 5 минутно дејствување на сокот од лимон, измијте го лицето со топла вода.
Течната пудра е одличен регулатор на нечистотијата во порите. Таа во текот на денот не дозволува навлегување на прашина, сепак, во текот на ноќта порите треба да дишат, затоа навечер, пудрата треба да ја отстраните.

Извор: 24 часа здравје.

Мед против митесери

Сигурно сите ги знаете малите црни досади на носот...
За жал, во поголема или помала мера, ги имаат речиси сите и тешко е за секогаш да се ослободите од нив. Сепак, тоа што можете да го направите е да го намалите нивниот број, со што ќе бидат помалку видливи. Врелиот мед е народен лек против овие мали црни проиблеми, наречени митесери. Нанесете го на критичните места (носот, брадата, челото) и оставете го да дејствува 10 минути. Потоа измијте го со топла вода.

Извор: 24 часа здравје.

понеделник, јуни 09, 2008

Вежбањето е навика која се учи

Ова е период на испитни сесии на факултетите, како и на матурски испити во средните школи. Затоа одлучив овој јубилеен 100ти пост да го посветам на јунското запоставување на нашиот организам.Сите учат, сите се под огромен стрес и тензија. Буквално, психо-физичко измачување. Постојано сме со книга, малку спиеме. Јадеме многу малку и не соодветна храна, или пак често пати губиме контрола врз чувството на глад и се прејадуваме. Јадеме и многу благо,особено чолколади и мрсни грицки, со надеж дека ќе имаме повеќе концентрација и енергија, пиеме многу кафиња и енергетски напитоци, верувајќи дека ќе имаме повеќе сила за да останеме будни во ноќта и да можеме да учиме. Некои користат исто така и специјални апчиња за концентрација. Дури и негата на сопственото тело, останува некаде во позадина, кога пред нас се појавуваат купови од огромни книги. Со еден збор, забораваме да се погледнеме во огледало.
Некои, и покрај тоа што имале навика редовно да вежбаат барем по 10 минути во денот, престануваат, бидејќи ја губат вербата во себе. Зарем тешко е да се одвојат 10 минути во денот? Навидум не, но кога си под таков огромен (испитен) стрес, навистина е тешко. Ако со трчањето се казнувате дека сте изеле пица за вечера, тешко дека сериозно ќе почнете да вежбате. За да почнете сериозно да вежбате, треба да имате мотивација, а не да го правите тоа како суспензивна мерка. Мотивација нека ви биде љубовта кон себе! Да не дозволиме во овој период да се запуштиме во буквална смисла на зборот. Книгите се важни, но сепак, најважни сме самите ние и нашето здравје и убав изглед.

Еве неколку чекори, како да не престанете да вежбате, кога сте под стрес или да започнете, ако се уште ја немате оваа важна навика:

1.) Најдете си мотив, нешто што ќе ве поттикнува постојано (љубовта кон себе).

2.) Без одложување - Тоа што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре!

3.) Препознајте кој тип на вежби е соодветен за вас.

4.) Немојте постојано да се мерите - тоа повеќе води во депресија (треба да се мерите најмалку 1 неделно).

5.) Комбинирајте разни начини на вежбање - ќе ви биде поинтересно и повеќе ќе ви се вежба.

6.) Правило од 10 минути - постевете си го за цел, а потоа ќе можете да вежбате уште 30 наредни минути, бидејќи ќе се загреете.

7.) Соодветна облека за вежбање.

8.) Дајте си време за новите навики - дури и неколку недели за да се самоприфатите, како човек кој редовно вежба.

9.) Визуелизирајте го успехот - постојано мислете на себе како вежбате, а не како се истегнувате пред телевизорот.

10.) Верувајте во добрата одлука - вежбањето ја зголемува самодовербата!


Извор: "24 часа здравје"

вторник, мај 20, 2008

Еден мал корисен совет

Деновиве каде и да се појавев, со кој и да се видев се жалеа дека ги боли грлото. Па бидеќи знам едно топ лекче, кое брзо се прави решив да ви го претставам.

Вкусно е !!!!!!

Земете едно ѓезве и ставете во него 3-4 лажички шеќер, ставете го на оган и мешајте додека шеќерот убаво не се стопи, додека не се карамелизира, потоа се додава ладно мелеко и се меша додека состојките не соединат убаво. Млекото добива вкус од карамела, како и карамела боја.

Пазете да не го изгорите шеќерот тогаш ќе имате горчлив вкус, кој не е пријатен за пиење....
Немојте да мислите дека 3-4 лажички е преблаго, кога се карамелизира шеќерот губи дел од својата блажина...

Млекото и шеќерот вака приготвени помагаат моментално за проблемите со грлото и гласот.

По 2-3 шољи во денот сте како нови!

Салата од туна и пченка

Состојки: туна, пченка, 1 супена лажица мајонез или павлака.
Брзо, лесно, вкусно и ефтино.

Ова јадење нема да ве чини повеќе од 100 денари, ако не ги употребите најскапипе намирници. Поефтините исто така се доста вкусни.

Кога сакате да каснете нешто хранливо, вкусно и лесно за приготвување, а не ви се оди до продавница за да купите нешто, еве ви решение!
Во ладилникот со сигурност во некој ќош имате конзервирана храна во лименки. Токму тоа ви е потребно за овој рецепт.
Ќе земете една туна, без разлика дали е во масло или во солило. Најпожелно е на конзервата да пишува low fats, ако се одлучите за туна во масло, а исто така туната да е исецкана.
Исто така, ќе земете и една конзерва со пченка.
Земате едно подлабоко садче, во кое ќе можете да ја измешате убаво салатата. Туната ја цедите од вишокот на зејтин, истото го правите и со пченката. Ги истурате смесите во садчето и мешате.

Значи тоа би изгледало некако вака:
Салатата ќе биде многу повкусна, ако додадете една супена лажица мајонез. Сепак, ова не им го препорачувам на тие што сакаат да ја редуцираат својата телесна маса. Овие особи најпогодно ќе биде во салатата да додадат 1 супена лажица павлака.

Оваа салата е најпогодна за деновите на пост, бидејќи туната е риба, а зејтинот во кој туната е конзервирана е од растително потекло. Тие што постат нема да додадат павлака.

Значи, еве ви предлог за некој петочен ручен или вечера, кога нема да ви паѓа на ум што да подготвите.

Извор: секојдневната пракса од мојата кујна :)

понеделник, мај 12, 2008

Уживајте во разновидната храна секој ден!

Ако сакате малку да го промените начинот на исхрана, бидејќи сметате дека не ви е соодветен, или пак сакате малку да симнете од вашето меше, не практикувајте веднаш инстант диети. Без разлика на што се однесува, се што е инстант брзо и се што гарантира зачудувачки брзи резултати, негативно се одразува и кратко трае. Ако ослабeте брзо и многу, исто така брзо ќе ги вратите тие килограми. Ефектот нема да биде траен. Тоа е едната лоша страна, на драстичните промени. Другата лоша страна е тоа што со такви радикални промени, вие буквално го разорувате и уништувате организмот!
Едноставно уживајте во храната, како што сте уживале и до сега, само ќе ги промените производите во коишто сте уживале.
Тоа е многу лесно.
За да не набројувам што треба, а што не треба да јадете за да бидете здрави и ако до сега се уште не научивте од пирамидата на исхрана што е поставена во сајдбарот, како и од досега објавените постови, ви препорачувам да ја погледнете сликата под постот. Самите видете што е здраво.
На неа е претставен затворениот круг на исхраната. Во округлата пита исечена на делови, претставени се разните видови на храна. Колку е поголем делот на кој е претставена храната, толку повеќе треба да се консумира и обратно. Не заборавајте да пиете многу вода, а како најважно, што повеќе да ги одбегнувате продуктите претставени во долниот десен агол. Токму тие се нездравите кои можат да ве здебелат.
Не заборавајте исто така дека во се треба да се биде умерен. Не практикувајте да се прејадувате. Секогаш се јаде до ситост, а не повеќе.

Enjoy!
Кликнете на сликата, за да ја видите во поголема димензија и за да може да прочитате што пишува.
Исто така кликнете на линкот подолу, па видете што пишуваат стучњаците на оваа тема.

Извор: Детското здравје

четврток, мај 08, 2008

Detox SPA System

Само во La Mer Коsmetik
телефони:
02/3246-599
075/666-355

Кликнете на сликите за да можете да прочитате во што се се состои овој Detox SPA System третман. Ефектите се очигледни. Уверете се и самите!


недела, април 27, 2008

Честит Велигден!

Веселете се и радувајте се православни христијани!
Христос Навистина Воскресна!
Им посакуваме се најубаво на сите оние кои денес го слават овој голем настан.



вторник, април 22, 2008

Домашно изработени маски за лице

Помина зимата. Сега е пролет.
Покрај тоа што ви сугериравме и што ве советувавме што поскоро да започнете со детоксификацијата на вашето тело одвнатре, време е и да започнете со надворешното средување.

Секако дека детоксификацијата е многу важна за спречување на разни заболувања, но и за убава кожа, намалување на целулитните наслаги, за поубави нокти, коса... Значи, не можеме да бараме убава кожа на лицето, се докека не го исчистиме нашето тело одвнатре.

Сега, откако нашиот организам е исчистен од секакви отровни материи, треба да се погрижиме и некако за нашето лице, пред да започне жешкото и мачно лето.

Тоа е најубаво да го сториме на козметичар. Но ако немате доволно пари, или ако едноставно не практикувате да одите на козметичар, тоа може да го направите и самите дома. Се што е домашно и природно е најубаво.

Се разбира дека постојат маски за лице и за коса, најчесто во пакувања за 2 употреби, во сите поголеми маркети во нашава држава како и во парфимериите и аптеките. Овие маски ги има буквално со разни вкусови и од многу производители. Ценовно, исто така не се многу скапи (некаде околу 100тина денари - горе-долу), зависно од марката. Вреди да се проба, но хемија си е хемија, а тоа што го имаме во нашиот ладилник, во градината, во шкафчињата со зачинии и билки и каде уште не... сето тоа е природно, а нашиот буџет, воопшто нема да се намали ако ги употребиме.

Правењето на сопствени домашно изработени маски за лице, не е воопшто тешко, особено со овие рецепти за маски за лице, кои ви ги посочувам. Не ви е потребно ни многу време (15 - 20 минути). Секако дека ќе ги одвоите овие минути од вашето драгоцено време, да се погрижите за вашата убавина.
Вашата кожа ќе свети и ќе се чувствува прекрасно.
Потребни се само 2 или 3 намирници, мешате, нанесувате налицето, и по неколку минути, зависно до маската што сте ја подготвиле, плакнете со млака вода.
Лесно како 1,2,3!

На пример, ако имате проблем со затнати пори, ви препорачувам да ја пробате маската за лице од портокал и јогурт.
Ако пак, имате мрсна кожа, најсоодветна е маската за лице од цитрон.
Ако сакате да имате нежна и мека кожа на допир, тогаш пробајте ја маската за лице од авокадо.
Дејството на маската за лице од банана, мед и јогурт, е идентично со нејзиниот вкус. Затоа најубаво е едната половина од овој рецепт да ја употребите како маска за лице, а другата половина да ја изедете :)

На сајтот кој ви го посочувам, имате повеќе видови на маски за лице. Кога ќе си ја најдете соодветната, само кликнете на насловот за да ги видите потребните намирници, начинот на приготвување и упатството за употреба.



Рецепт за природен пилинг на лицето:

Две раце трици попарете ги со врела вода (или чај од жалфија, рузмарин или камилица). Потоа додадете една белка. Смесата добро се меша за да стане густа каша. Потоа смесата ја ставате на лице и чекајте да се исуши. Пред сосема да се исуши, масирате ја кожата на лицето со кружни движења и истовремено отстранувате ја маската. На крајот измијте го лицето со чај од камилица.
На ист начин можете да направите пилинг на лицето и со други материјали:

* Мелени бадеми и мед
* Овесно брашно и мед
* Квасец и млеко
* Пченкарно брашно и чај


Извори:
Рецепти за маски за лице
Моја медицина

петок, април 18, 2008

Слабеење - RULE NR. 1!

Како да ослабнете?
Како да се ослободите масните наслаги?
Како да го загубите она сало наталожено околу стомакот?

Отстранувањето на вишокот масни наслаги, во принцип е едноставен процес, но бара истрајност и упорност. За да успеете, потребно е секојдневно да работите со себе. Тајната е во правилната исхрана и редовната умерена физичка активност.

Интензивните диети, кои ветуваат брзо губење на килограмите, се ефикасни само додека ги практикувате. Иако звучи иронично, брзото губење на килограмите доведува и до нивно брзо враќање. Луѓето кои практикуваат строги диети и нередовни интензивни тренинзи, откако ќе се вратат на старите навики за јадење, поточно кога ќе се вратат на стариот стил на живеење, вообичаено за кратко време повторно се соочуваат со зголемена телесна тежина.

Една од најчестите и најголеми грешки е верувањето дека со изгладнување ќе се ослободите од масните наслаги!
Со неадекватна исхрана, метаболизмот станува побавен, со цел да го надокнади недостатокот на хранливи материи. Ако јадете недоволно, а сте физички активни, ќе се доведете во состојба на истоштеност, постојано чуство на глад и нервоза.

За да ги спречите несаканите ефекти и ризици од изгладнувањето, треба да јадете почесто, 4-5 пати во денот, но мали и здрави оброци. Ако внесувате околу 1500 калории дневно, доволни се 30 минути вежбање (стомачни вежби), за да се спречи наталожувањето на масни наслаги околу стомакот.

Бидете истрајни кога започнувате со вежбање или нов режим на исхрана. Со пропуштање на "само" 1 ден, ризикувате да пропуштите уште еден и набрзо да се вратите на почеток. Дури и откако ќе се ослободите од вишокот масти, не ја прекинувајте рутината некој период, а никако наеднаш! Најубаво е да си останете во тој нов здрав режим на живеење. Здравата храна и физичката активност треба да бидат ваше секојдневие!


Консултирано со: Зегин - мали совети за здраво семејство

вторник, април 15, 2008

Пад на менталната способност по јадење?

Како да го избегнете падот на менталната способност по јадење?

Одговорот лежи во кофеинот.

Голем број жители на Америка и Европа, особено италијаните и французите инстинктивно, по секој оброк, пијат по еден филџан кафе. Кафето го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот.

Постојат најнови докази дека кафето е природно средство кое го намалува падот на менталната способност, непосредно по јадењето. Истражувачите посочуваат дека намалената работна ефективност по ручекот, е честа појава, дури и кога ручекот не е обилен.

Во експериментите спроведени врз неколку групи на мажи и жени, најголем број од нив по јадењето се чувствувале поспано, со помалку енергија и биле склони кон грешки во работењето.
Кај групата испитаници кои испиле едно кафе веднаш по ручекот, е забележана поголема будност и концентрација, а работните обврски ги извршувале побрзо и попрецизно.

Сепак, овде го претвтавив кафето во позитивно светло. Една од позитивните страни на кафето. А што е со неговите негативни страни, кои сметам дека се побројни.
Со пиење на кафе, едноставно ги измиваме минералите од организмот, а со тоа и магнезиумот, значаен за концентрација и без кој ќе имаме болки во мускулите. Кафето има многу токсини, поради кои треба често да се прави детоксификација на организмот. Токму кафето е еден од создавачите на целулитот.

Епа сега, поголема концентрација или? Вие знаете што ви е навистина потребно во моментот. Вие сте тие кои треба да решавате за самите себе. Ние само сугерираме и советуваме.
Не е едноставно подобро по ручекот да излезете на една мала прошетка? Ем ќе се одморите, и психички и физички, ем нема да дозволите цела енергија да ви отиде исклучиво на варење на храната, а кога ќе се вратите дома, ќе бидете во топ форма, подготвени за нови работни задачи!
По јадење, не е убаво да се заспие, бидејќи тоа е првиот чекор кон дебелеење.


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство.

Животниот стил на жителите на Окинава

Постојано слушаме и читаме за важноста на животниот стил врз нашето здравје.
Тоа значи, дека за да сме здрави, не е доволно само да ја смениме нашата диета, или пак само да почнеме да вежбаме, или да престанеме со некоја лоша навика, а да продолжиме со останатите.
Колку сме здрави, ќе дознаеме од целата комбинација на сите тие елементи заедно. Значи нашиот начин наживот потполно се одразува на нашето здравје. Секоја негова промена, може да го влоши или подобри нашето здравје.


Островот Окинава


Оттука се наметнува прашањето:
КОЈ ЖИВОТЕН СТИЛ Е НАЈДОБАР?

Многу може да се научи од луѓето кои живеат на Окинава, остров од групата острови која се протега од Јапонија до Тајван. Овој остров го населуваат 1,3 милиони жители, кои го имаат најдолгиот животен век на планетава. Бројот на жители над 100 години е за 4 пати поголем од оној во западните земји.
Секако животниот стил на жителите на островот има голема улога во долговечноста.

Каков е нивниот начин на живот?


Овие луѓе го прават следново:

* Не пијат алкохол и не пушат цигари.

* Јадат месо во мали количини - речиси 3/4 од нивната исхрана е од растително потекло. (Не јадат свинско)

* Јадат малку масти и речиси воопшто не консумираат рафиниран шеќер.

* Практикуваат еден вид културолошка навика HARA HACHI BU, според која, на првиот знак на ситост, престануваат да јадат. Тоа значи дека јадат околу 20% помалку од жителите во западните земји, односно околу 400 - 500 калории помалку на ден.

* Најголемиот број од нив се физички активни - танцуваат, пешачат, се занимаваат со градинарство и вежбаат умерени боречки вештини.

* Не пијат антидепресиви - за да се справат со стресот или анксиозноста.

* Медитираат и се потпираат на силната подршка од семејството и околината.


Се надевам дека ве заинтересираа овие податоци и дека ќе преземете некои од навиките на стилот на живеење на овие здрави луѓе од островот Окинава.
Сметам дека помеѓу сите, најинтересна е навиката HARA HACHI BU, бидејќи покрај диетата која што ја применуваме, најважно е да не се прејадуваме! Се јаде до ситост! Ако не го правиме тоа, секогаш ќе имаме мачнина во стомакот, бидејќи храната споро ќе се вари во нашиот желудник. Со самото тоа го оптоваруваме и црниот дроб, што многу лошо се одразува врз нашиот организам. Бидејќи нашето тело добива одеднаш огромна количина на калории, не е во состојба сето тоа да го потроши и затоа тие хранливи материи се таложат како резерва во нашиот организам, во вид на сало.


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство

недела, април 13, 2008

Пролетно прочистување на телото

Според Др. Питер Бенет од американската Хелиос Клиник, детоксификацијата е ефикасна затоа што дејствува на клеточно ниво, односно ја подобрува работата на клетките, како основни единици во градбата на човечкото тело.

Подолгото траење на денот, повеќе сончеви часови, поголема слобода на движење се благодетите на пролетта, кои се доволни да ве мотивираат да започнете со нови активности.
Додека во текот на зимата сте внесувале покалорична исхрана и сте биле помалку физички активни, сега е време да му се посветите на своето тело и да се ослободите од токсините акумулирани во зимскиот период.
Детоксификацијата со векови се практикувала во многу култури, а се однесува на одморање, прочистување и потхранување на телото одвнатре.
Преку отстранување на токсините и внесување на здрави хранливи состојки во телото, со детоксификацијата си овозможувате заштита од бројни болести. Овој процес ви овозможува полесно да го одржувате своето здравје.
Човековото тело поседува сопствен систем на заздравување и прочистување, а со помош на детоксификација се подобрува и поттикнува неговата ефикасност.



Прочистување на природен начин:

Почнувајќи од рана пролет, на зелените пазари постојано пристигнуваат нови плодови. Искористете ги зеленчукот и свежите овошја за да го прочистите своето тело. Детоксификацијата не значи изгладнување, туку намалување на внесот на токсини во телото.
Елиминирајте ги алкохолот, газираните пијалоци, цигарите, рафинираниот шеќер и заситените масти. Сите тие дејствуваат како пречки за процесите на прочистување и заздравување.
Одвојте 3 до 7 дена и во овој период јадете само овошје, зеленчук и житарки со цели зрна. Избегнувајте бел леб, месо, млеко и млечни производи, производи кои содржат конзерванси, шеќер и други засладувачи. Не заборавајте да пиете повеќе вода.



Физички активни:

Искористете ја пријатноста на пролетното сонце, излезете на подолги прошетки, возете велосипед, планинарете. На овој начин ќе се чувствувате подобро секој ден, што претставува дополнителна мотивација да продолжите со новиот здрав начин на исхрана и физичка активност.



Детоксификацијата е многу значајна доколку имате проблеми со целулитот и сакате побрзо да го отстраните. За решавање на овој проблем, во детоксификацијата ќе треба да вклучиме огромно количество на вода. Тоа е со цел да им помогнеме на клетките да се ослободат од токсичните материи кои ја задржуваат водата и мастите токму во тие слоеви под кожата, создавајќи го тој изглед на кора од портокал.
Со доктор Питер Бенет, јас не се согласувам кога вели дека не треба да се внесува месо и млечни производи. Можеби тоа е добро за првите 3 дена од детоксификацијата, но не и за понатаму.
Најважно е да го одбегнеме свинското месо. Месото од мисирка и риба, зготвени или испечени (со цел да се одбегне маслото), се многу хранливи, малку калорични и се едни од месата со најмалку холестерол. Ако не пиеме безмасно млеко, нема да имаме доволно витамини, минерали и калциум во организмот, а ако не пиеме безмастен јогурт, нема да имаме добра перисталтика на цревата. Доволно е само да ги одбегнуваме сирењето и кашкавалот како и павлаката, поради големата количина на маснотии. Овој доктор, во својата статија исто така не спомнал ништо за солта и за зачините, кои мораме да ги одбегнуваме кога си правиме детоксификација на организмот.

Кликнете на оваа слика или на текстов, за подобар поглед и за да може да прочитате што се се случува со органите за време на детоксификацијата!


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство

недела, март 30, 2008

Моќта на крушката

Што би направиле, кога би се нашле среде пустина, на многу топло време... и... пред вас одненадеж се појави лав што сака да ве изеде!...
треба да стигнете во Рим, а во раката имате само една крушка!?

Дали знаете како треба да постапите?


Одговор:
Ќе ја фрлите крушката. Како што сите знаеме, "Крушка под круша паѓа!" Брзо ќе се качите на крушата и од што ќе бидете толку среќни дека сте му избегале на лавот, "Ќе ви падне камен од срцето!" Каменот ќе го убие лавот, а вие потоа безбедно ќе се симнете од крушата и без проблем ќе стигнете во Рим, бидејќи "Сите патишта водат во Рим!
"

Можеби вие знаете некој друг начин?
Со оваа шега сакаме да ве насмееме малку. Да ве оттргнеме од тешкото секојдневие. Смејте се почесто, бидејќи нели, сите знаеме дека смеењето го зголемува хормонот на среќа и оние кои се многу смеат, живеат подолго! Едноставно кажано:

СМЕЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ!
LOL :D


За да дознаете интересни податоци за смеењето, ви препорачуваме да кликнете на линков што е смеење?
Консултирано со wikipedia.

петок, март 28, 2008

to my friend Ismail

Секојдневно сме окупирани со правила за здрав живот. Јадете овошје за доручек, не пијте вода по оброк најмалку два часа, јадете зеленчук исклучиво навечер, не ја држете кесичката за чај подолго од 5 минути, излегуваат токсичните материи од чајот, не јадете пред спиење најмалку 2 часа, не ги одмивајте гениталиите со сапун и слични хемиски течности ( а во исто време Oriflame се скрши од продавање и ширење на миризливи шампончиња)... Пред извесен период мајчиното млеко беше штетно, па жениве во тоа време ги хранеа децата со кашички од компанија XXX, затоа сега мајчиното млеко е најздраво. Ухххх...мачно...



Фотографија на Исмаил од Сирија

И за да ја разбистрам поентава на текстов, ќе чепнам од животот (ако може да се опише со зборови неговото богатство) на мојот пријател Исмаил, роден во Курдистан, од градот Батман. Живее номадски живот. Денот му започнува со поздравување на изгрејсонцето. Не користи паста за заби. Со себе си носи дрвце налик на четка за заби. Едниот крај од дрвцето дијаметрално го делка и го прави како четка. Со тоа ги струга забите. И верувам дека ви изгледа смешно, ама ги има најубавите и најздравите заби на светов. Не се оптоварува со шампони, сапуни, детергенти, прашоци, купки... и останати хемии. Најдобар другар му е кучето Бичо, суштеството од шумата и заедно го пропатуваа светот, пеш. Има пријатели насекаде низ светот и вели дека така прави ментална хигиена. Посреќен и поздрав човек од Исмаил, нема.

Погледнете го мирот и спокојството што го живее Исмаил ( првиот од лево)

p. s. кликнете на сликите за подобар поглед

сабота, март 15, 2008

Еволуција?

Постојат многу теории за настанокот на човекот, но до ден денес ниедна од нив не е 100% потврдена како точна. Сепак, најверодостојна е теоријата дека човекот настанал од некое суштество кое по својот изглед било блиску до мајмунот, а сепак блиско по својот изглед и на човекот. Тоа бил, некој веќе изумрен вид, на човеколики мајмун.
За тоа дури има и докази. Тоа се пронајдените остатоци од тие наши предци во некои пештери во светот.
Сепак, во врска со настанокот на човекот, една куса историја ќе дадеме во некој следен пост, каде што убаво ќе објасниме како сме настанале.
Овде сакаме само да потенцираме, што ќе се случува понатаму? Човекот толку долго се исправал на 2 нозе, за наеднаш да седне пред компјутер и повторно за да се стутка и тоа повеќе и од пред 15 милиони години и во многу покус временски период?
На работа пред компјутер, дома пред компјутер! Ова исто така, го пишував, седејќи скифлена пред компјутер, а вие, предпоставувам дека на истион начин и го читате во моментов!
Што ќе се случи понатаму? Како ќе се еволуира човечкото тело? Дали воопшто ќе имаме потреба да стануваме од нашите столчиња? Што ќе јадеме? Како сето тоа ќе изгледа? Дали ќе исчезне нашиов род, или ќе најдеме некој начин за да се заштитиме од самоуништувањето? Кое е тоа здравје, па и убавина, за кои ќе се грижиме тогаш? Дали воопшто ќе постои поимот ЗДРАВЈЕ?
Можеби дури е залудна и нашава идеја, да ви помогнеме во грижата за здравјето и убавината, кога веќе толку сме се уништиле себе си и планетава на која живееме?
Дали ќе продолжи да еволуира само човечкиот мозок, а телото ќе заостане, некаде далеку?
Нас овој факт многу не заплашува!

Сакаме да размислите на оваа тема и самите да ни кажете што мислите за неа. Вашите коментари се добредојдени и задолжителни!

Имајте убав и здрав викенд! :)


Консултирано со полската Wikipedia

сабота, март 08, 2008

Среќен 8ми Март!




Бидете здрави и убави секој ден, секогаш, секаде!

петок, март 07, 2008

Кога сакате нешто благо, овошјето е секогаш тука!

Содржат витамини, минерали, шеќери кои му се потребни на организмот и што уште не!
Во следните постови ќе се обидеме да ви го доближиме секој плод што го познаваме со давање на интересни факти, податоци и занимливости во врска со истиот. Се надеваме дека само на тој начин ќе ја бираме храната правилно, кога ќе знаеме што содржи и какво дејство има.
Уживајте во примамливата глетка ...

Здраво тело , здрав дух!

За да ја разбереме суштината на водење здрав живот, пред се потребно е следење на неколку битни чекори, кои треба да ги запомниме. Убавината доаѓа сама по себе, но сепак и на неа треба да и се посвети соодветно внимание. Тоа се следните чекори -

1.) Хигиена.

2.) Лекарски прегледи и контроли од време на време, а не само посетување лекар, кога е тоа нужност!

3.) Здрава исхрана.

4.) Внесување на големи количини вода(течности) во организмот.

5.) Одмор - сон.

6.) Удобна и соодветна гардероба.

7.) Спортување како и психички напор.

8.) Разонода, музика, забава - избегнувајте стресни ситуации.

9.) Заборавете ги пороците: алкохол, цигари, дрога, кафе...

10.) Перманентно образование во врска со здравјето, околината и сл.

Сите овие 10 чекори, секој од нас треба да ги знае како 10те Божји заповеди. Сепак во толку кратки црти, тешко е да се разработи една ваква сложена тематика, која во денешно време ја претставува и нашата иднина. Затоа ние ќе се обидеме на најдобар можен начин, да ги разработиме сите овие елементи што го сочинуваат здравиот живот восите наредни постови на овој блог, кој се надеваме дека ќе им биде од голема корист на сите што ќе го посетат!
Секако дека нема да ги избегнеме и историските факти, поврзани со здравјето и убавината, како и интересните и корисни занимливости.

УЖИВАЈТЕ :)