среда, март 19, 2008

Кога природата ќе реши ДА СЕ ПОИГРА МАЛКУ

Реченицата „Рекордите постојат за да се соборуваат“ сигурно се однесува и на светот на растенијата. Одгледувачите од сите страни на светот се натпреваруваат во големината на доматите, компирите, морковите и слично, но она што мајката природа ќе го создаде, не остава без здив

Дури откако мајката природа ќе ги земе работите во свои раце , се работи за вистински рекорди. Нив човекот тешко може да ги урне, па затоа и уривањето е работа на - восхитувачката, неверојатна природа.



Фосил меѓу растенијата
Кога ќе се каже дека растение растело во далечното минато, а и денес успева, тоа значи дека се работи за стебло на гинко
билоба. Ова дрво растело и пред 200 милиони години, додека со Земјата владееле диносаурусите.




Најмало семе

Еден вид орхидеја има најмало семе на светот - тежи само 0,81 микрограм и човечкото око неможе да го види.





Најголемо семе
Епитетот најголемо семе му припаѓа на еден вид палма што расте на Сејшелски Острови. Иако не му
припаѓа на видот што дава кокос, нејзиното семе често се нарекува „дупли кокос“ поради својата големина - може да биде долго 30 см, да тежи 18 кг и да има размер 0,9 м.





Најмасовно живо суштество

Се работи за џиновска секвоја што расте во САД. Најголемиот примерок меѓу секвоите е стеблото наречено „Генерал Шерман“. Тоа тежи 1.400 тони и се предвидува дека од него би имало доволно материјал за изградба на 120 просечни куќи. Само за споредба, тоа е тежина на 15 сини кита или 25 тенка !




Најголем и најмал лист
Растението со најголем лист е повторно палмата - видот raphia regalis, кој расте во Африка. листот може да и биде долг и до 24 метри.
Водената билка azolla filiculoides има лист што е долг само 1 милиметар.




Најмало растение со цвет
Тоа е растението волфија, рекордер кога се во прашање минијатури. Волфија нема корен и
плива по мирни потоци и езера. Еден примерок од ова растение може лесно да мине низ увце на игла. Расте во Азија и во Австралија. Ова растение има и најмал цвет во растителниот свет - мошне лесно може да застане на врвот на иглата.



Кое растение најмногу „пие“?
Тоа е ротанг , ползачка од родот палми, која може да се „искачи“ и до 200 метра. А ако од неа се исече парче долго два-три метра, од парчето може да се исече повеќе од литар вода и тоа добра вода за пиење. Ова растение има еластично стебло и некогаш тоа служело за тепање, познато по името „шпанска трска“.





Најдолг корен
Во потрага по вода, корењата на дрвото баобаб ги соборува сите рекорди. Дрвото баобаб расте во африканските савани, а корењата можат да се оддалечат и над 100 метри од џиновското стебло и тоа само во потрага и силна „желба“ за вода.





Најголем цвет
Овој рекорд го држи рафлезија, растение паразит што живее на љиљаните во тропските шуми.Овој цвет може да има размер од 1 метар и тежина од 9 килограми.





Извор : Списанието „ Теа шема “