петок, март 07, 2008

ХУНЗА

Хунза е еден од најздравите народи во светот. Припадниците најчесто живеат и до 110 и 120 години, па и повеќе. Лекарот кој го открил ова племе бил запрепастен со откритието дека неговите членови немале речиси никакви заболувања, освен некои ретки случаи на повреди. Без проблем пешачеле по 100-200 километри. Живеле во многу скромни услови, цела фамилија во една просторија. Од наша гледна точка, тоа се многу лоши услови за живеење. Меѓутоа, се хранеле само со непреработена храна. Главно јаделе овошје, суво овошје, зеленчук, евентуално за некој оброк пиеле млеко, кое не го пастерилизирале, ниту вареле. Затоа што биле сиромашни, во никој случај не можеле да јадат премногу. Јаделе само толку колку што им е потребно. Се` до смртта овие луѓе се активни, исклучително силни и секогаш во добро расположение.

Извор: Гласот на Исидора, билтен од Центарот за жени

Нема коментари: