Љубителите на кафето и чајот имаат благо намален ризик од заболување на рак на бубрези, сугерира истражување спроведено на "Харвард". Резултатите објавени во International Journal of Cancer се втемелени врз анализа на 13 спроведени студии. Се открило дека кафето и чајот може да имаат заштитно дејство од рак на бубрези, а никакво влијание на појавата на болеста немаат млекото, газираните напивки и овошните сокови. Утврдено е дека лицата кои секојдневно консумираат најмалку 3 шолји кафе имаат за 16 % помал ризик од рак на бубрези, а лицата кои дневно пијат најмалку 1 шолја чај, имаат за 15 % помал ризик. Истражувачите напоменуваат дека не е докажано дали кафето и чајот можат директно да го намалат ризикот од развој на оваа болест, но укажуваат на причините поради кои овие напивки можат позитивно да дејствуваат на состојбата на организмот. На пример, кафето и чајот ја зголемуваат осетливоста на инсулин, хормон кој е вклучен во регулација на нивото на шеќер во крвта за кој се верува дека е поврзан со рак на бубрези. Освен тоа, кафето и чајот содржат антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетувања поврзани со карцином.
Наш заклучок: колку и да е штетно кафето и чајот, сепак еве доказ дека имаат и позитивни страни. Како и да е, кафето и чајот имаат негативно дејство врз појавата на поткожното масно ткиво наречено целулит, од друга страна.
Произлегува дека секој прехранбен производ има свои позитивни и негативни страни. Најважно е да конзумираме од се во умерени количини, бидејќи ако изоставиме нешто во нашата исхрана, а претераме со нешто друго, и на тој начин да го намалиме ризикот од некое заболување, можеме многу лесно да потпаднеме во друго. Затоа внимавајте да не потпаднете на тој начин од една во друга крајност и бидете умерени!
Извор: Списанието "24 часа здравје".
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар