петок, март 14, 2008

Зелката = превентива од многу заболувања

Зелката, покрај својата хранлива вредност, е богата со железо и витамини и има малку јагленохидрати, затоа има лековито дејство. Здравствената важност е посебна карактеристика, како на свежата, така и на киселата зелка, која исто така треба да се јаде "жива". Потребно е во зимските месеци секојдневно да се јаде кисела зелка, а расолницата да се пие најмалку еднаш во текот на неделата.

Во последно време стручњаците препорачуваат и сок од свежа зелка, подготвен со помош на соковник непосредно пред спиење. Овој сок е мошне корисен за отстранување на пречките во органите за варење, а испитувањата потврдуваат дека е ефикасен против чир на дванаесетпрстното црево и на желудникот. Што се однесува пак до расолницата, таа е одлично средство против мамурлак, но и го забавува стареењето и затоа им се препорачува на постарите лица да го пијат наутро на празен стомак.

Зелката им се препорачува и на слабокрвните лица и за стабилизирање на крвниот притисок. Потоа треба да ја јадат и лица кои имаат шеќерна болест, оние кои страдаат од гастритис, запек и ревматизам.

На оваа фотографија прикажани се повеќе видови на зелка.

Ако се јаде варена, не треба да биде подготвена со многу маснотии. Кога е варена, зелката не им се препорачува на оние кои честопати страдаат од мигрена (главоболки), или пак, на оние кои имаат тешкотии со варењето на храната. Ако е подготвена со многу маснотии, најдобро е воопшто да не се јаде.

Исхраната богата со зеленчук како што е зелката би можела да ве заштити од рак на мочниот меур, соопшти новозеландскиот научник Рекс Мундеј.

Испитувањата направени врз животни покажале дека екстрактот од млада брокула го намалува ризикот од рак на мочниот меур за 50%.

Научниците од институтот за тумори Росвел Парк и универзитетот Џонс Хопкинс од САД работеле на проектот заедно со новозеландскиот универзитет Масеј и компанијата „Crop&Food Research“.

Резултатите од истражувањето ја поткрепија една постара студија која покажала дека кај стаорците кои се хранат со зеленчук од родот зелка (сите видови на зелка, кељ, брокула, бриселско зелје, карфиол и сл.) е забележан пораст на ензимите кои штитат од хемикалијата која може да предизвика рак.

„Најголемо влијание е забележан кај ракот на мочниот меур, што покажало дека зеленчукот штити од тој вид на рак“, вели Мундеј.

Овие резултати се во согласност со епидемиолошките студии кои покажеле дека луѓето кои консумираат повеќе зеленчук имаат помал ризик од рак на мочниот меур во споредба со оние кои јадат мала количина од тој зеленчук.


Една порција (чинија) свежо исецкана зелка содржи:

Energy kcal 22.250
Energy kj 93.450
Protein g 1.282
Water g 82.014
Total lipid (fat) g 0.240
Carbohydrate g 4.833
Fiber g 2.047
Ash g 0.632

Vitamin C mg 28.658
Thiamin mg 0.045
Riboflavin mg 0.036
Vitamin B-6 mg 0.085
Vitamin E mg 0.093
Niacin mg 0.267
Pantothenic acid mg 0.125
Folate mcg 38.270
Vitamin B-12 mcg 0.000
Vitamin A IU 118.370
Vitamin A, RE mcg 11.570

Calcium mg 41.830
Iron mg 0.525
Magnesium mg 13.350
Potassium mg 218.940
Zinc mg 0.160
Phosphorus mg 20.470
Sodium mg 16.020
Copper mg 0.020
Manganese mg 0.142
Selenium mcg 0.801

Количината на овие податоци е изразена во грамови.



Извори: списанието "Здравје",
како и интернет-страниците:

Idividi

Vegetable nutrition

Нема коментари: