четврток, март 20, 2008

Премногу овошје – болки во стомакот

Претераното консумирање овошје може да предизвика гасови, стомачни грчеви и дијареја кај луѓето со чувствителен стомак, особено оние кои не поднесуваат фруктоза.

Здравата возрасна личност обично не толерира повеќе од 25 грама фруктоза дневно, оние што се алергични на фруктоза не смеат ни толку, бидејќи нивните црева лошо го транспортираат и го апсорбираат шеќерот предупредуваат научниците и алерголозите.

Многу родители веруваат дека е добро што на децата им даваат повеќе овошје, ама германските експерти препорачуваат внимание.

Нa пример, дете кое пие сок од јаболко може само во една чаша да ги добие потребните 25 грама фруктоза, доколку сокот е дополнително засладен (што е чест случај), советуваат нутриционистите.

Препорачаната доза за возрасни е 500 грама овошје дневно, а за децата 250 грама, не повеќе. При тоа овошјето не треба да се зема на празен стомак. Треба да се помеша со јогурт или со младо сирење.

Меѓу овошјето со голема содржина на фруктоза спаѓаат јаболката, крушките, сливите, урмите, смоквите, мангото и ананасот.


Извор: идивиди

Нема коментари: