Се прикажуваат објави со етикета зеленчук. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета зеленчук. Прикажи ги сите објави

вторник, мај 20, 2008

Зелената салата добра за белите дробови

Лекарите се уверени дека вегетаријанското јадење со салата не само што го намалува ризикот од формирање тумор, туку и го намалуваат штетното влијание на загадениот воздух и прашината.
Конзумирањето на четири чинии салата неделно може да ја спречи појавата на рак на белите дробови, сведочи резултатот од нивното истражување.
Зелената салата штити од зголемениот број на килограми, но и од онколошки болести, заклучија научниците од Универзитетот во Тексас.
Научниците испитувањата ги направиле врз 3.800 луѓе и заклучиле дека зелената салата содржи материи кои ги блокираат ќелиите на ракот или го забавува развојот на оваа болест. Посебно позитивно влијание на зелената салата е забележано кај пушачите.
Лекарите се уверени дека вегетаријанското јадење со салата не само што го намалува ризикот од формирање тумор, туку и го намалуваат штетното влијание на загадениот воздух и прашината.

Извор: Кирилица

сабота, мај 03, 2008

Доматите ја штитат кожата

Колку повеќе сурфам на интернет се повеќе дознавам работи што досега не сум ни помислила дека може да се случуваат. Отсекогаш сум сакала да пробам свежо доматче, онака од мерак да изедам една добра салата онака со сиренце м м м....ама не сум знаела дека таа салата освен тоа што ќе ме најаде :-) и ќе ми дозволи да уживам, може да помогне да се заштитиме од штетните сончеви зраци. Нема да ви откривам се, ќе прочитате и самите.

Јадењата кои содржат домати би можеле да станат вистинско оружје во борбата против брчките и изгорениците кои се последица од претерана изложеност на сонце, веруваат британските научници.

Истражувачите од универзитетите во Манчестер и Њукасл утврдиле дека дополнителното консумирање на јадења кои содржат домати може значително да ја поправат заштитата на кожата од ултравиолетовите зраци.

Оштетувањата кои се предизвикани од овие зраци може да доведат до предвремено стареење, па дури и рак на кожа.

Научниците позитивното влијание на доматите го објаснуваат со присутноста на антиоксидансот ликопен, чие ниво дополнително се зголемува при варење.

Ликопенот во разни студии е поврзуван со намалување на ризикот од рак на простата.

Новите податоци покажуваат дека тримесечната исхрана со зголемен внес на домати може за третина да ја зголеми заштитата на кожата од изгореници предизвикани од претерано сончање, дејство кое го имаат кремите за сончање.

Исто така е утврдено дека зголемената консумација на домати доведува до зголемување на нивото на проколагенот, молекула која ја одржува структурата и цврстината на кожата.

Епа луѓе јадете што повеќе домати ќе ни требаат за лето :-)

Извор: www.idividi.com.mk

вторник, април 15, 2008

Свежа салата

Дојде пролет, а со тоа и многу повеќе зеленчук на пазарите. Еве мој предлог за вашиот денешен ручек :)
На крајот од клипчето ќе ги имате дадено сите потребни состојки.



Погледнете колку убаво изгледа оваа салата која што ќе ја направи оваа госпоѓа.
Исто така таа ќе ви објасни како дејствува на вашето тело секоја состојка од салатата и зашто треба сите да ги помешаме заедно во една салата.
Уживајте во витаминската глетка од клипчево, а потоа побрзајте во вашата кујна! Се надевам дека веќе ги имате и сите потребни намирници.
Уживајте во пролетта и нејзините благодети.

четврток, март 20, 2008

Со грашок против умор

Се смета дека зелениот грашок потекнува од централна Азија и Европа, а составен дел од менито на луѓето е веке илјадници години.

Всушност грашокот се споменува дури и во Библијата, а ставен е во египетската, античката и римската цивилизација.

Грашокот е намирница за која навистина треба да се фатите доколку страдате од хроничен умор.

Причината е богатството на нутритиенти кои ги содржи а произведуваат енергија. Грашокот е добар извор на витамин Б1, пантотенска киселина и витамин Б6, овој зеленчук е добар извор на рибофлавин и ниацин, нутритиенти кои се неопходни за метаболизмот на јаглехидрати, протеини и масти.

Пантотенската киселина игра важна улога во регулација на стресот. Зелениот грашок е посебно добар извор на железо и минерали чиј недостаток често резултира со анемија, умор и намалена функција на имунитетот.


Извор: идивиди

вторник, март 18, 2008

Спанаќот дава енергија

Децата сигурно сеуште ги памтат приказните за Попај морнарот. Тој својата енергија секогаш ја добиваше од порцијата свеж спанаќ. Покрај тоа што дава енергија спанаќот штити и од многу опасни болести .

Познато е дека зелјестите зеленчуци имаат голема хранлива моќ и содржат многу важни витамини и минерали. Спанаќот е еден од најздравите зеленчуци, кој може да се најде во секое годишно време. Најсвеж и најдобар вкус има во периодот од мај до септември. Подобро е да се консумира свеж, но ако тоа не е возможно може да се користи и смрзнат.

Покрај тоа што спанаќот дава инстант енергија тој е силен борец против срцевите заболувања, ракот на дебелото црево и остеопорозата. При лабораториските испитувања, научниците откриле најмалку 13 посебни соединенија во спанаќот. Сите тие имаат големо антиоксидационо и антиканцерогено дејство. Доколку научниците успеат да ги изолираат овие важни состојки тие би можеле да се искористат во пронаоѓање на лек против ракот.
Витаминот К1, калциумот и калиумот се значајни состојки на овој зеленчук, а тие се важни за одржување на добрата состојба на коските.
За болните од артериосклероза витамините А и Ц се погодни антиоксиданси. Тие овозможуваат редукција на слободните радикали во телото. Само една порција варен спанаќ обезбедува дури 295 проценти од дневните потреби за витамин А.

Овој вкусен зеленчук го храни и мозокот. Помага за ослободување од стресот, ја зголемува концентрацијата и ги штити мозочните келии.
Ако спанаќот не ви е омилено јадење тогаш обидете се да го вметнувате во другите јадења. Неколку минути варете го спанаќот, а потоа додадете го во салатата, лазањите, оризот или макароните.


Извор: кирилица

петок, март 14, 2008

Зелката = превентива од многу заболувања

Зелката, покрај својата хранлива вредност, е богата со железо и витамини и има малку јагленохидрати, затоа има лековито дејство. Здравствената важност е посебна карактеристика, како на свежата, така и на киселата зелка, која исто така треба да се јаде "жива". Потребно е во зимските месеци секојдневно да се јаде кисела зелка, а расолницата да се пие најмалку еднаш во текот на неделата.

Во последно време стручњаците препорачуваат и сок од свежа зелка, подготвен со помош на соковник непосредно пред спиење. Овој сок е мошне корисен за отстранување на пречките во органите за варење, а испитувањата потврдуваат дека е ефикасен против чир на дванаесетпрстното црево и на желудникот. Што се однесува пак до расолницата, таа е одлично средство против мамурлак, но и го забавува стареењето и затоа им се препорачува на постарите лица да го пијат наутро на празен стомак.

Зелката им се препорачува и на слабокрвните лица и за стабилизирање на крвниот притисок. Потоа треба да ја јадат и лица кои имаат шеќерна болест, оние кои страдаат од гастритис, запек и ревматизам.

На оваа фотографија прикажани се повеќе видови на зелка.

Ако се јаде варена, не треба да биде подготвена со многу маснотии. Кога е варена, зелката не им се препорачува на оние кои честопати страдаат од мигрена (главоболки), или пак, на оние кои имаат тешкотии со варењето на храната. Ако е подготвена со многу маснотии, најдобро е воопшто да не се јаде.

Исхраната богата со зеленчук како што е зелката би можела да ве заштити од рак на мочниот меур, соопшти новозеландскиот научник Рекс Мундеј.

Испитувањата направени врз животни покажале дека екстрактот од млада брокула го намалува ризикот од рак на мочниот меур за 50%.

Научниците од институтот за тумори Росвел Парк и универзитетот Џонс Хопкинс од САД работеле на проектот заедно со новозеландскиот универзитет Масеј и компанијата „Crop&Food Research“.

Резултатите од истражувањето ја поткрепија една постара студија која покажала дека кај стаорците кои се хранат со зеленчук од родот зелка (сите видови на зелка, кељ, брокула, бриселско зелје, карфиол и сл.) е забележан пораст на ензимите кои штитат од хемикалијата која може да предизвика рак.

„Најголемо влијание е забележан кај ракот на мочниот меур, што покажало дека зеленчукот штити од тој вид на рак“, вели Мундеј.

Овие резултати се во согласност со епидемиолошките студии кои покажеле дека луѓето кои консумираат повеќе зеленчук имаат помал ризик од рак на мочниот меур во споредба со оние кои јадат мала количина од тој зеленчук.


Една порција (чинија) свежо исецкана зелка содржи:

Energy kcal 22.250
Energy kj 93.450
Protein g 1.282
Water g 82.014
Total lipid (fat) g 0.240
Carbohydrate g 4.833
Fiber g 2.047
Ash g 0.632

Vitamin C mg 28.658
Thiamin mg 0.045
Riboflavin mg 0.036
Vitamin B-6 mg 0.085
Vitamin E mg 0.093
Niacin mg 0.267
Pantothenic acid mg 0.125
Folate mcg 38.270
Vitamin B-12 mcg 0.000
Vitamin A IU 118.370
Vitamin A, RE mcg 11.570

Calcium mg 41.830
Iron mg 0.525
Magnesium mg 13.350
Potassium mg 218.940
Zinc mg 0.160
Phosphorus mg 20.470
Sodium mg 16.020
Copper mg 0.020
Manganese mg 0.142
Selenium mcg 0.801

Количината на овие податоци е изразена во грамови.



Извори: списанието "Здравје",
како и интернет-страниците:

Idividi

Vegetable nutrition