Познато е дека зелјестите зеленчуци имаат голема хранлива моќ и содржат многу важни витамини и минерали. Спанаќот е еден од најздравите зеленчуци, кој може да се најде во секое годишно време. Најсвеж и најдобар вкус има во периодот од мај до септември. Подобро е да се консумира свеж, но ако тоа не е возможно може да се користи и смрзнат.
Покрај тоа што спанаќот дава инстант енергија тој е силен борец против срцевите заболувања, ракот на дебелото црево и остеопорозата. При лабораториските испитувања, научниците откриле најмалку 13 посебни соединенија во спанаќот. Сите тие имаат големо антиоксидационо и антиканцерогено дејство. Доколку научниците успеат да ги изолираат овие важни состојки тие би можеле да се искористат во пронаоѓање на лек против ракот.Витаминот К1, калциумот и калиумот се значајни состојки на овој зеленчук, а тие се важни за одржување на добрата состојба на коските.
За болните од артериосклероза витамините А и Ц се погодни антиоксиданси. Тие овозможуваат редукција на слободните радикали во телото. Само една порција варен спанаќ обезбедува дури 295 проценти од дневните потреби за витамин А.
Овој вкусен зеленчук го храни и мозокот. Помага за ослободување од стресот, ја зголемува концентрацијата и ги штити мозочните келии.
Ако спанаќот не ви е омилено јадење тогаш обидете се да го вметнувате во другите јадења. Неколку минути варете го спанаќот, а потоа додадете го во салатата, лазањите, оризот или макароните.
Нема коментари:
Објави коментар