Се прикажуваат објави со етикета витамини. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета витамини. Прикажи ги сите објави

петок, мај 09, 2008

Витаминот Ц штити од болести на очите

Во последните 10 години, во многубројните студии истражувачите истакнале дека ризикот од очни болести значајно се намалува доколку нивото на антиоксиданси во крвта е зголемено. Развојот на катаракт и макалурните дегенерации речиси е поврзан со штетното дејствување на слободните радикали.
Студиите кои се занимавале со заштитното влијание на витаминот Ц во организмот, утврдиле дека се намалува ризикот од болест на очите за 26 до 70 проценти.


Значи луѓе јадете многу лимони ќе ви требаат витамини и за во лето, а и ќе им помогнете и на вашите очи. Една другарка ми даде еден податок дека пиперката содржела повеќе витамин Ц и од лимонот...па значи и повеќе пиперки на вашето мени.

Извор: весникот Вест

Лосион од јаболка

Еве еден добар лосион што сосема ќе ве опушти, а вашата кожа ќе се чувствува одлично. Ви кажувам дека го испробав и супер е. Пробајте!

Земете едно јаболко и убаво измијте го.Потоа ставете го во соковник и додадете млеко, приближно 250 мл. Добро измешајте ја течната смеса. Земете вата и нанесете го добиениот лосион на лице. Оставете да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода. Вашата кожа ќе изгледа свежо. Ова може да го правите два-три пати во неделата.


Извор: весникот „ Вест “

вторник, април 22, 2008

Корисноста на какаото

Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и го успорува меѓудругото и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје.

Тим научници од универзитетот "Корнел" установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај.
Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајки од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни киселини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се конзумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти.

Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте......
Навистина е превкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се даневам дека ако сеуште не е и ваш, набрзо ќе стане.
Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението :)

Извор: Списанието "Теа шема".

вторник, април 15, 2008

Свежа салата

Дојде пролет, а со тоа и многу повеќе зеленчук на пазарите. Еве мој предлог за вашиот денешен ручек :)
На крајот од клипчето ќе ги имате дадено сите потребни состојки.



Погледнете колку убаво изгледа оваа салата која што ќе ја направи оваа госпоѓа.
Исто така таа ќе ви објасни како дејствува на вашето тело секоја состојка од салатата и зашто треба сите да ги помешаме заедно во една салата.
Уживајте во витаминската глетка од клипчево, а потоа побрзајте во вашата кујна! Се надевам дека веќе ги имате и сите потребни намирници.
Уживајте во пролетта и нејзините благодети.

сабота, април 12, 2008

Кората од мандарина – уништувач на рак

Додека седев и размислував што ново и интересно да ставам на блогов, а да биде интересно за сите, најдов нешто што се вика уништувач на рак!???
Нема да ве убедувам дека ова што го најдов е навистина така...затоа што секојдневно знаеме да слушнеме „почина xxx од рак на дојка, рак на 'рбетниот столб, белите дробови“ и уште многу случаи , а сепак никој не кажал ова или она го излекува ракот. Сепак можеби досега не сме знаеле дека и мандарината може да се најде како уништувач на клетките на некои видови на рак.


Материја присутна во кората на мандарините може да ги уништи клетките на некои видови на рак, утврдиле научниците од британското фармацевтско училиште „Leicester“.

Салвестрол Q40 во многу поголема мера е присутен во кората, отколку во самото овошје, а спаѓа во групата на фитоалексини, хемиски соединенија кои растенијата ги произведуваат како одбранбен механизам од напаѓачи како што се инсектите или габите.

Лабораториските испитувања покажале дека оваа материја кога ќе се најде внатре во клетките на ракот станува токсична, притоа предизвикувајќи уништување на овие клетки.

Оваа трансформација е последица на ензимот P450 CYP1B1 чие ниво е зголемено во клетките на ракот. Салевестролот Q40 за нив е 20 пати потоксичен отколку за здравите клетки.

Наодите укажуваат на можноста дека современите трендови за отфрлање на кората на ова овошје, можно е да придонело за зголемената појава на одредени облици на карцином.

Научниците веруваат дека на база на нивната студија ќе може да се развијат нови, природни третмани на рак.

Салвестролот е присутен и кај други видови на овошје и зеленчук, како на пример брокулата.

Неговото ниво е поголемо доколку насадите биле изложени на некои инфекции, така што користењето на пестициди и фунгициди придонесува за помала присутност на салвестролот.


Извор : Идивиди

недела, април 06, 2008

Млеко - природна козметика

Имате слободно време и сакате малку да се погрижите за себе, а во моментот немате соодветна козметика? Можеби немате доволно пари за да си купите некоја крема, балзам, маска или емулзија?
Немојте да кревате паника! Во својот ладилник, секако дека секогаш имате свежо млеко.
Немојте да се чудите! Со помош на овој Божествен напиток, ќе направите извонредни козметички мешавини, кои ќе имаат неспоредливо подобар ефект од било која хемикалија. Млекото е природно.
Со помош на млекото, можете да ја негувате вашата коса, кожата на телото, кожата на дланките како и кожата на лицето.
Природните козметички мешавини со млеко, кои ќе ги направите самите, ќе допринесат косата да ви биде сјајна, кожата на телото да ви биде мазна, помагаат во избелувањето на дланките, како и за свиленкаста кожа на лицето.
Невообичаеното дејство на млекото, како дел од природната козметика, го пронашла уште убавата Клеопатра. Клеопатра со задоволство се капела во магарешко млеко. Не треба да и се чудиме.
Млекото и млечните производи, содржат скоро се што е потребно во добрата козметика.
Витамините и другите хранливи и корисни состојки коишто се содржани во млекото, се следниве:

А - ја освежува кожата

Е - ја негува и зајакнува кожата

Б - дејствува против брчките

БЕЛКОВИНИТЕ - заштитуваат од сушење на кожата

МАСТИТЕ - на кожата и даваат еластичност

Бидејќи е течно, идеално ја хидратира кожата.

Козметичките производи на база на млеко, можеме да ги подготвиме сами во нашиот дом.
Сепак, треба да знаеме дека сите намирници кои ќе ги употребиме во подготовката, треба да се свежи. Готовата смеса можеме да ја чуваме во ладилник, најмногу една недела. Маските и емулсиите, по употребата, секогаш треба детално да ги отстраниме со топла вода.


Извор: полското списание "Dobre Rady"- Добри совети.

недела, март 09, 2008

Витамини - колку треба да се внесуваат дневно?

Секој човек има различни потреби за витамини. Тоа зависи пред се од начинот на живеење, навиките во исхраната, телесната тежина, возраста како и здравствената состојба. Дневните дози на витамини, проучени од страна на лекарите и диететичарите, пред се се пресметани за лица кои се здрави и кои се на средна возраст.


Извор: полското списание "Dobre rady" (Добри совети)

витамини дневна доза продукти
A 0,8 - 11 mg морков или 15 dkg спанаќ, или 10 dkg џигер
B 1,2 - 1,4 mg 12 dkg кикиритки, 20 dkg шунка или 30 dkg кокошка
B2 1,2 - 1,6 mg 12 dkg китки зелена пченица
B5 5 - 10 mg средна пастрмка или 15 dkg зрна од сончоглед
B6 2 - 2,5 mg 30 dkg морска риба или 5 банани
C 100 -200 mg 15 dkg брокули или 20 dkg портокали
D 5 - 8 mg литар млеко или 10 dkg риба или 2 јајца
E 12 mg 2 лажици зејтин