Се прикажуваат објави со етикета вежбање. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета вежбање. Прикажи ги сите објави

понеделник, јуни 09, 2008

Вежбањето е навика која се учи

Ова е период на испитни сесии на факултетите, како и на матурски испити во средните школи. Затоа одлучив овој јубилеен 100ти пост да го посветам на јунското запоставување на нашиот организам.Сите учат, сите се под огромен стрес и тензија. Буквално, психо-физичко измачување. Постојано сме со книга, малку спиеме. Јадеме многу малку и не соодветна храна, или пак често пати губиме контрола врз чувството на глад и се прејадуваме. Јадеме и многу благо,особено чолколади и мрсни грицки, со надеж дека ќе имаме повеќе концентрација и енергија, пиеме многу кафиња и енергетски напитоци, верувајќи дека ќе имаме повеќе сила за да останеме будни во ноќта и да можеме да учиме. Некои користат исто така и специјални апчиња за концентрација. Дури и негата на сопственото тело, останува некаде во позадина, кога пред нас се појавуваат купови од огромни книги. Со еден збор, забораваме да се погледнеме во огледало.
Некои, и покрај тоа што имале навика редовно да вежбаат барем по 10 минути во денот, престануваат, бидејќи ја губат вербата во себе. Зарем тешко е да се одвојат 10 минути во денот? Навидум не, но кога си под таков огромен (испитен) стрес, навистина е тешко. Ако со трчањето се казнувате дека сте изеле пица за вечера, тешко дека сериозно ќе почнете да вежбате. За да почнете сериозно да вежбате, треба да имате мотивација, а не да го правите тоа како суспензивна мерка. Мотивација нека ви биде љубовта кон себе! Да не дозволиме во овој период да се запуштиме во буквална смисла на зборот. Книгите се важни, но сепак, најважни сме самите ние и нашето здравје и убав изглед.

Еве неколку чекори, како да не престанете да вежбате, кога сте под стрес или да започнете, ако се уште ја немате оваа важна навика:

1.) Најдете си мотив, нешто што ќе ве поттикнува постојано (љубовта кон себе).

2.) Без одложување - Тоа што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре!

3.) Препознајте кој тип на вежби е соодветен за вас.

4.) Немојте постојано да се мерите - тоа повеќе води во депресија (треба да се мерите најмалку 1 неделно).

5.) Комбинирајте разни начини на вежбање - ќе ви биде поинтересно и повеќе ќе ви се вежба.

6.) Правило од 10 минути - постевете си го за цел, а потоа ќе можете да вежбате уште 30 наредни минути, бидејќи ќе се загреете.

7.) Соодветна облека за вежбање.

8.) Дајте си време за новите навики - дури и неколку недели за да се самоприфатите, како човек кој редовно вежба.

9.) Визуелизирајте го успехот - постојано мислете на себе како вежбате, а не како се истегнувате пред телевизорот.

10.) Верувајте во добрата одлука - вежбањето ја зголемува самодовербата!


Извор: "24 часа здравје"

петок, мај 23, 2008

Мала незгода на трамполина

Треба да се вежба за да се биде здрав и убав, но... не на ваков начин!
Ова не е смешно!
Дури е очајно и грозно. Но, овие работи секојдневно се случуваат.
Бидете внимателни, бидејќи целиот живот може да ви се промени за само еден дел од секундата, поради ваше невнимание, поради ваша глупост. Сакате да се исфурате, да се истакнете, но... пред кого? Инвалид се станува многу лесно, а враќање назад, нема скоро никогаш.
Сепак, вие решете дали ќе се смеете или ќе плачете.



Жртви на вакви доживувања, најчесто се момците. Се разбира зошто. Девојките се воспитувани построго и затоа знаат кои ситуации да ги одбегнуваат. Ете уште еден доказ дека женските се попаметни :)
Сочувство кон малиов што си ја скрши ногата и едно браво за другарчињата кои му се згазија од смеење.
АПЛАУЗ МОМЦИ! Само напред!

среда, мај 21, 2008

Вежби за мрзливи

Танцувајте, скокајте со јаже или боксувајте во воздух. Секогаш кога сте слободни активирајте го телото и ќе ја подобрите вашата фигура и кондиција.

На многумина веќе им е здосадено од вежбање во теретана или трчање покрај кеј. Сепак физичката активност е многу важен дел од секојдневното живеење и не смее да се изостави. Ако спаѓате во онаа група на луѓе кои се мрзливи и само понекогаш сакате да се размрдате, тогаш овие вежби се одлични за вас.

Боксување во воздух. Звучи необично, но не и невозможно. Пет минути на ден силно удирање во воздух ќе ви овозможи да ги зацврстите мускулите на рацете. Вежбата е лесна, а шансите да се повредите се минимални. Додека замавнувате обидете се брзо да се движите во место.

Скокање со јаже. Ова на прв поглед изгледа како вежба за девојчиња. Сепак ова е многу добра физичка активност со која се активираат сите мускули. Неколкукратно вежбање во текот на денот ја подобрува циркулацијата, ги топи маснотиите и ги согорува калориите.

Танцување. Кога сте расположени пуштете неколку брзи песни. Мрдајте со колковите, активирајте ги рацете и нозете. Освен што ќе се забавувате ќе ја подобрите и телесната кондиција.

Заедничко за сите овие вежби е тоа што може да ги правите секогаш кога сте слободни. Не бараат дополнителен ангажман или финансиски трошоци. Подобрување на фигурата ќе забележите после неколкунеделно редовно вежбање.

Извор: Кирилица

сабота, мај 03, 2008

8 совети за здрав живот

Иако е добро да се трудите да воспоставите естетски изглед преку солидно вежбање и нутрицистички програм, сепак не треба да се заборави важноста на квалитетното вежбање и здравото јадење.

Со зголемениот број на срцеви заболувања доаѓа и потребата за зголемено внимание кон вашето тело.

Што порано започнете со грижа за самите себе толку повеќе ќе уживате во здравјето кога ќе бидете постари.

Како што навестува насловот, ќе ви дадеме 8 совети кои се потребни за да се одржи нормалната работа на срцето низ текот на животот:

1. Намалете го користењето на црвеното месо

Ако сте голем обожавател на црвено месо, тогаш повторно размислете. Иако некои меса се потребни во одредени диети и го снабдуваат организмот со железо и протеини, сепак јадењето на црвено месо треба да се ограничи до максимум 2-3 пати во неделата и тоа во помали количини.
Останатите денови можете да консумирате протеини преку јадење на риба, пилешко, грав, итн.

2. Јадете повеќе “темно“ овошје

Општо познато е дека диетите преку консумирање на огромни количини на овошје и зеленчук се најдобри за заштита од болести.

Но, кога правите селекција на овошјето, секогаш одбирајте ги оние кои имаат потемна боја бидејки тие се полни со антиоксиданти кои пак се потребни за превентива од канцерогено заболување.

3. Контролирајте ги нивоата на инсулин

Еден од најдобрите начини за да се одбегнуваат „пиковите” на инсулин (високи нивоа на инсулин проследени со големи падови) е да се изостават сите “бели“ зрнести типови на храна од диетата.
Подобро е да се фокусирате на продукти кои доаѓаат директно од земја и кои се најмалку преработувани.
Компири, овес или никулци се далеку подобар избор отколку бел леб, тестенини или суви, ладни житарици како што е корнфлексот.

4. Гответе сами

Наместо да преферирате вечери во ресторани или брза храна, почнете сами да си готвите. На овој начин самите ќе контролирате што ќе јадете, што ќе искористите како состојки, во која количина и со каков квалитет.
Понатаму, избегнувајте готови, купени преливи, особено за салати. Најчесто овие производи се полни со масти.
Затоа, по потреба, сами направете сос кој дефинитивно ќе биде повкусен и поквалитетен од купечките.

5. Зголемете ја количината на полесно растворлива храна

Како што беше спомнато во третиот чекор, треба да избегнувате потешка храна за варење. Вашиот желудник многу се напрега за еден оброк, а може со поедноставна работа да процесира 2-3 оброка.

Избегнувајте преработена храна, особено ако предходно сте биле на долга диета во која сте консумирале лесна храна.

Готовите, процесирани продукти не се најздрави за Вас.
Подобро користете храна која е свежа или пак директно запакувана.

6. Намалете ја количината на сирење

Намалувањето на внесот на сирење во Вашиот организам треба да се наоѓа на првите места од листата за подобро здравје.

За жал, ако досега не сте навикнати да јадете нискокалорично сирење, не веруваме дека овој чекор ќе успеете да го издејствувате во текот на животот.

Се поголемото користење на сирењето во скоро секое јадење, особено во ресторани, брза храна и во бели пецива, уште повеќе ја намалува шансата да престанете да го користите.

7. Пијте алкохол умерено

Иако не е неопходно алкохолот комплетно да го изоставите од вашата диета или воопшто од вашиот живот со цел да ја намалите шансата за срцева болест, сепак треба да се консумира со мали количини.

Тие што консумираат алкахол во мали количини имаат помала стапка за срцеви заболувања во однос на тие што воопшто не го консумираат.

Виното е сепак, најдобриот избор за здраво срце.

8. Вежбајте интензивно

Во врска со вежбањето, треба да знаете дека добрата кардиоваскуларна форма значи намалена шанса за срцеви заболување како и за поздраво тело воопшто. Најдобро е да правите интензивни но кратки серии на физички активности и тоа најчесто во форма на трчање спринт.
Сепак, тоа не значи дека предходно не треба да се загреете за физичката активност.

Боди билдингот иако е делумно добар, тој повеќе придонесува за изгледот на телото, а не за квалитетно здравје.

При трчањето, после брзиот спринт, подзапрете и видете како ви реагира срцето. Што повеќе време е потребно за срцето да се врати во нормална состојба на работење, толку поголема е шансата да добиете срцево заболување.

Со се поголемото трчање, вашето тело ќе се навикне и ќе го враќа срцето во првобитната положба за пократко време.
Гледајте да истрчате што можете побрзо во рок од 20-30 секунди и потоа направете пауза од 1-2 минути. Ваквиот циклус повторете го 8-12 пати и тоа најмалку 2 пати неделно.

Имајте ги на ум овие 8 фактори со цел да имате поквалитетен живот.

Да рамислувате паметно и да инвестирате во здравјето навремено, дефинитивно ќе ви донесе многу бенефити во поодминатите години.

Извор: www.idividi.com.mk

петок, април 18, 2008

Слабеење - RULE NR. 1!

Како да ослабнете?
Како да се ослободите масните наслаги?
Како да го загубите она сало наталожено околу стомакот?

Отстранувањето на вишокот масни наслаги, во принцип е едноставен процес, но бара истрајност и упорност. За да успеете, потребно е секојдневно да работите со себе. Тајната е во правилната исхрана и редовната умерена физичка активност.

Интензивните диети, кои ветуваат брзо губење на килограмите, се ефикасни само додека ги практикувате. Иако звучи иронично, брзото губење на килограмите доведува и до нивно брзо враќање. Луѓето кои практикуваат строги диети и нередовни интензивни тренинзи, откако ќе се вратат на старите навики за јадење, поточно кога ќе се вратат на стариот стил на живеење, вообичаено за кратко време повторно се соочуваат со зголемена телесна тежина.

Една од најчестите и најголеми грешки е верувањето дека со изгладнување ќе се ослободите од масните наслаги!
Со неадекватна исхрана, метаболизмот станува побавен, со цел да го надокнади недостатокот на хранливи материи. Ако јадете недоволно, а сте физички активни, ќе се доведете во состојба на истоштеност, постојано чуство на глад и нервоза.

За да ги спречите несаканите ефекти и ризици од изгладнувањето, треба да јадете почесто, 4-5 пати во денот, но мали и здрави оброци. Ако внесувате околу 1500 калории дневно, доволни се 30 минути вежбање (стомачни вежби), за да се спречи наталожувањето на масни наслаги околу стомакот.

Бидете истрајни кога започнувате со вежбање или нов режим на исхрана. Со пропуштање на "само" 1 ден, ризикувате да пропуштите уште еден и набрзо да се вратите на почеток. Дури и откако ќе се ослободите од вишокот масти, не ја прекинувајте рутината некој период, а никако наеднаш! Најубаво е да си останете во тој нов здрав режим на живеење. Здравата храна и физичката активност треба да бидат ваше секојдневие!


Консултирано со: Зегин - мали совети за здраво семејство

среда, април 09, 2008

YOGA за почетници

Тара Стајлс ќе ви објасни многу убаво во што е суштината на јогата. Ќе ви објасни се за дишењето, ќе ви објасни дека всушност се се состои во дишењето. Ќе ви ги демонстрира најлесните движења и телесни позиции токму соодветни за почетниците, кои воопшто никогаш и немале контакт со јога. А исто така ќе ви каже и накусо кои се триковите за да ги правите вежбите правилно, како и тоа, која вежба за што служи.




Овие вежби верувам, како што верува и Тара, дека ќе ве заинтересираат и дека ќе ги правите секој ден во вашиот дом. Се надевам дека клипчево ќе ви биде од корист!

вторник, април 08, 2008

Yoga против болките во вратот

Ако имате болки во вратот, или пак, ако имате укочен врат, еве ви решение како самите на себе да си помогнете со помош на јога и други вежби за истегнување на вратните мускули..
Сепак, едно предупредување до некои од вас: ако имате некакви посериозни проблеми со вратот или со грбот, треба да одите на лекар. Ако имате проблеми од посериозен тип, со оваа телесна зона, тогаш со овие и слични вежби можете само да си наштетите!
Овие вежби се повеќе за оние кои имаат благо укочен врат или мали болки во тој предел.
Погледнете ја оваа девојка, која се разбира во занаетот :)



Еве ви решение за утринското укочување на вратот. Нови вежби кои ќе ги додадете во вашиот утрински блок на вежби.

петок, април 04, 2008

Exercise Ball Compilation

Оваа топка е наменета за вежбање. Мислам дека се користи во некои смирувачки дисциплини, слични на јогата. Ја користат трудниците во своите тренинзи.
Јас искрено не сум била во можност да имам личен контакт со оваа справа за вежбање и не можам да ви кажам како се користи. Но, сепак едно знам, а тоа е да не ја користите во никој случај како сите овие луѓе на клипот подолу, таканаречени идиоти!

DO NOT TRY THIS AT HOME!



Уживајте!

четврток, април 03, 2008

Нова форма на аеробик

Разлистував низ You Tube, бидејќи сакав да си најдам некое клипче со добра аеробик вежба за да се размрдам малку, да стопам некое грамче салце, да потрошам некоја калорија... и бев шокирана кога случајно налетав и ја видов оваа девојка!
Аеробикот е одличен начин за да симнете некое килце, но никако не допуштајте да дојдете во оваа состојба, како оваа девојка, бидејќи тогаш е многу тешко да се вратите во нормала, да ја вратите здравата телесна тежина...



Сепак, рака и пружам, бидејќи барем се труди и не се срами од себе си. Клипот го објавила на You Tube и секако дека може да ги охрабри сите оние кои се во иста или слична положба, да започнат да работат со себе си и да престанат да се срамат од своето тело!


недела, март 23, 2008

Вашиот грб и како да се грижите за него

Во денешно време, претпоставуваме дека секој има проблеми со грбот...
Секоја физичка активност се одразува негативно на нашиот грб, без разлика дали сме седеле, стоеле, дали сме извршувале некаков напор. Многу луѓе имаат проблеми со држењето и правилната постава на телото, одат згрбавени и не го одмараат својот грб доволно, или воопшто.
Ако имате неподносливи болки во грбот, наша препорака е да отидете на ортопед, кој ќе види во што е проблемот и ќе ви даде соодветна терапија. Тоа најчесто е пливање.
Сепак, еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат да го заштитите грбот додека седите дома или сте на работното место.


Кликнете на долу дадениот линк за да ги прочитате советите:
Практични совети за луѓе кои сакаат да имаат прав р’бет.

сабота, март 15, 2008

Сакате рамен стомак?

Сите сонуваме за рамен стомак, особено ако има добро обликувани стомачни мускули.

Луѓето започнуваат да се грижат за тоа како им изгледа стомакот непосредно пред летото.

За да се постигнат добри резултати освен на исхраната треба да се внимава и на вежбањето и тоа кардиоваскуларни вежби во комбинација со абдоминални.

Без вежбање не може да се добијат стегнати стомачни мускули, и тоа треба секому да му биде јасно, не постои ниту крема, ниту таблети кои ќе ви ги зацврстат мускулите без да се испотите за тоа.

Вежбањето е одличен начин на трошење калории, но без внимателно избирање на прехранбените продукти ќе ви треба многу за да се покажат вашите стомачни мускули.

Пред се морате да се ослободите од масните наслаги на вашиот стомак. Со кардиоваскуларните вежби (трчање, возење велосипед или брзо одење) ќе можете полесно да го стопите салото.

Потоа треба да почнете со правење стомачни вежби кои ќе ги затегнат мускулите на стомакот.


Извор: Idividi.com