сабота, март 08, 2008

Кинеската храна не е здрава како што се мислеше


Типичното мени во кинеските ресторани има премногу калории и сол, тврдат стручњаците. Така, на пример, некои јадења од пилешко имаат околу 40% повеќе натриум и повеќе од 50% калории отколку што дневно и е потребно на една возрасна личност.
- Не сакам вината да ја фрлам на кинеската храна. Иако кинеската храна е лоша за половината и за крвниот притисок, со оглед на податокот дека натриумот придонесува за хипертензија, нуди и специјалитети богати со зеленчук, како и маснотии кои не се лоши за срцето - изјавила Бони Лиебман, нутриционистичка директорка на Центарот за наука во јавен интерес, додавајќи дека и другите кујни не се потполно здрави.
Таа препорачала во кинеските ресторани да се нарачуваат јадења од зеленчук, наместо од месо, и да се избегнува пржена и морска храна, како и тофу. Исто така, не се препорачуваат сосови, бидејќи се богати со натриум.

Извор: Списанието "24 часа здравје"

Нема коментари: