Се прикажуваат објави со етикета штетно. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета штетно. Прикажи ги сите објави

четврток, мај 22, 2008

Некои вистини за пушењето

Оваа слика ја презедов од еден блог кој говори за лошото дејство на цигарите. Блогот е наречен Дневник на тие што сакаат да престанат да пушат. Има доста интересни приказни на луѓе кои раскажуваат, интересни податоци во врска со штетното дејство на никотинот и сл.
Со цигарите се врзува и едно прашање на навика, лоша навика.
Што е прво: Пушењето или депресијата? Ова е исто какко да прашате, што било прво: Јајцето или кокошката?
Кога ќе си го навлечете овој порок, многу тешко е да го оставите. Тоа е така, бидејќи никотинот се врзува повеќе за човекот како психичка потреба, отколку физиолошка потреба. Кога сте под стрес, нормално ... земате цигара! Луѓето кои не пушат, земаат нешто благо, обично чоколадо. И тоа е правилен избор, бидејќи кога сте под стрес на организмот му се потребни шеќери.
Но, да не навлегувам подлабоко во ова.
Погледнете ја сликата, на која многу убаво е прикажано штетното дејство на цигарите. Пепелникот е графикон - пита и е поделен на сите заболувања кои цигарите можат да ги предизвикаат кај пушачот, искажани во проценти.

Значи, кога некој човек пуши има сколоност кон заболување, односно рак, на следниве органи:

78% бели дробови
5% дишник
4% панкреас
3% уста
3% мочен меур
2% стомак
2% бубрег
2% грло
1% леукемија
1% грлото на матката

Испитано на 159 600 индивидуални случаеви. Сите броеви се заокружени.


Извор: Callin' it quits

четврток, мај 15, 2008

Акриламидот предизвикува рак

Akrylamid (C3H5NO, akryloamid, 2-propenamid) е органско соединение кое и припаѓа на групата амиди (амид на акрилната киселина), најчесто користен како монемер во производството на полиакриламид.

Акриламидот е многу токсична супстанца со канцерогено својство.
За жал, тој се јавува во храната!

Големи количини на акриламид настануваат за време на термичката обработка (пржење, печење) на прехрамбените продукти кои содржат скроб (јаглени хидрати). Такви продукти се на пример чипсот и помфритот. Го содржат и некои видови леб. Исто така, настанува во месото, додека тоа се пржи на многу високи температури.

Овој токсин може да настане веќе на температура од 120°C. Сепак, температурната граница во која настанува е 140-180°C.

Акриламидот настанува во така наречената хемиска реакција на
Кај човекот, акриламидот е причинител за појавата на болеста рак на системот за варење, а исто така го оштетува и нервниот систем, бидејќи претставува неуротоксична материја. Тој предизвикува повеќе видови на рак кај експерименталните глувци и стаорци.
Во едно данско испитување спроведено на 62000 жени, во период подолг од 11 години, е потврдено, дека тие кои консумирале многу повеќе акриламид во нивната регуларна диета, се двојно посклони кон рак на матката и јајниците.

Maillard.За да се намали канцерогеното дејство на акриламидот, за време на готвењето, во лебот и подготовката на компирот, може да се додаде природниот ензим Asparaginase. Компирите треба да се чуваат на температура која не е пониска од 8°C. Кога температурата на чување на компирите е пониска од 4°C, тогаш количеството на фруктоза нагло расте, со што количеството на образуваниот акриламид за време на печењето или пржењето ќе биде поголемо.
Во многу случаи се препорачува компирот да се пече или пржи на што е можно пониска температура. Исто така новите производствени методи, како што е вакуумското пржење можат да ја намалат количината на акриламидот.

Значи, внимателно при изборот на грицките (одбегнувајте чипс), при подготовката на утрешното мени, при изборот на ресторанот (одбегнувајте сендвичари или MC Donalds-и). Внимателно при подготовката на компирите и месото. Што помалку зејтин, што пократко и во што е можно пониска температура!
Зошто да ждерете чипс и да пиете кока кола пред телевизор, покрај толкава широка палета на грицки во супермаркетите? Заменете го чипсот со некакви грицки од житарици или самонаправени грицки, а кока колата со цеден сок од портокал :)

Извор: полската википедиа
англиската википедиа

четврток, мај 08, 2008

Coca - cola light + Mentos = сигурна смрт!

Верувам дека оваа информација е од огромна важност како за оние кои спаѓаат во групата на луѓе, кои не внимаваат многу на својот режим на исхрана, како и за онаа група на луѓе кои значително внимаваат на исхраната.
Јас не можам со сила да ве натерам нешто да правите ако не сакате, но можам само да ве советувам за нешто, а ваше е дали ќе ме послушате или пак, не. Ваше е дали ќе го земете здраво за готово, тоа што овде го пишувам во секој пост на овој блог, бидејќи блогерството е слободно изразување. Сепак, за ова што неодамна го дознав и се уверив со мои очи и уши, не само што ве советувам да не го правите, туку и ви забранувам дури и да се обидувате!
Колку и да сакате да експериментирате во кујната, колку и да сакате да мешате додека јадете или пак, да јадете разнообразна храна...

...НИКОГАШ, АМА НИКОГАШ НЕ ЈАДЕТЕ MENTOS БОНБОНА И НЕ ПИЈТЕ COCA COLA LIGHT ИСТОВРЕМЕНО!!!

Значи, не ги мешајте овие две работи прикажани на оваа слика, а особено во вашиот стомак...

...ако не сакате во вашите црева да се случи ова:

Ова не е шега!

Истражував доста на оваа тема, но се уште немам доволно податоци која е хемиската реакција помеѓу овие два продукти.
Како и да е, слушнав дека Coca - cola light + Mentos бонбоните, покрај повреди, зад себе имаат оставено и жртви. Некое момче, откако ги помешало овие 2 намирници не знаејќи за последиците, умрело пред да стигне во болница. Оваа комбинација, му ги распарала цревата. Просто му експлодирал стомакот. Тажно и шокантно, но сепак вистинито.

А на оваа слика имате шема како да направите ракета од Coca - cola light + Mentos, чекор по чекор. Но, како што предупредив на самиот почеток, ви советувам да бидете многу внимателни и да се оддачлечите што е можно повеќе. Никако не дозволувајте им на деца да си играат на овој начин.

Ако немате време да се бавите со овие "глупости", може да го погледнете само овој клип:



Имам само една мала забелешка во однос на клипов, експериментот го изведуваат деца! Нека им е срам на родителите што ги учат своите деца на вакви работи!

петок, април 04, 2008

Пушењето го зголемува ризикот од втор инфаркт

Лицата кои продолжуваат да пушат и по преживеаниот срцев удар имаат три пати поголеми изгледи за нови здравствени проблеми со срцето, покажуваат новите научни истражувања.

Истражувањето спроведено на лица помлади од 36 години покажало дека испитаниците кои продолжуваат со пушењето по првиот доживеан инфаркт имаат далеку поголем ризик од нов срцев напад, тешки хируршки зафати на срцето, како и смрт како последица на кардиоваскуларни проблеми.

Во студијата, која траела 10 години учествувале 150 испитаници. Претходно прибраните податоци покажале дека 95 отсто од лицата кои пушат имале инфаркт пред 36-та година од животот.

Болестите врзани со срцето се најчеста причина за смртта во развиените земји, а пушењето е една од главните причини за болестите со срцето.














Во статијава која што имате можност да ја прочитате погоре, можете да забележите дека е обработена фазата по срцевиот удар, односно дека втор срцев удар може да се добие полесно доколку продолжите да пушите повторно цигари. Не е обрнато внимание на тоа дека личноста веќе внесувала никотин во себе и го доживеала веќе споменатиот срцев удар. Никотинот ги запушува каналите за доток на крв во срцето при што доаѓа до нерамномерно прочистување на крвта и срцето пумпа на празно, прекинува работата на срцето и се случува неизбежното.

Се лажете дека цигарите не се штетни, размислете само дали сакате да почувствувате како срцето прекинува во вашето тело, на вас ништо не ви е јасно, градите ве стегаат страшно лошо, повраќате, телото ви станува модро, чувствувате дека сте веќе мртов, а семејството, можеби вашата ќеркичка ве гледа како се струполувате пред неа, интересно нели трауми до крајот на животот на детето, и за сето тоа вие сте виновни. Да не збориме дека може и нема да се извлечете па семејството уште рано ќе остане без еден родител.

Друга интересна работа е што секој од младите почнува со оваа одвратна навика, затоа што мисли дека тоа е кул, или затоа што сите од друштвото се веќе страсни пушачи. ГОЛЕМА ГРЕШКА, НАЈДЕТЕ САМО ЕДНА ДОБРА ОСОБИНА НА ЦИГАРИТЕ АКО УСПЕЕТЕ ТОГАШ ВИ ЧЕСТИТАМ.
Лошите особини можам да ги набројувам, да ги набројувам..........само неверувам дека ќе сакате да прочитате каква штета си нанесувате на сопственото тело. Размислете нареден пат кога ќе посакате да запалите цигара, сетете се на моите зборови, ако не верувате во нив ќе ви кажам дека јас тоа го доживеав, јас бев ќеркичката која што гледаше како нејзиниот татко се струполува пред неа.

Извор: idividi.com

четврток, април 03, 2008

Мастите и фруктозата го оштетуваат црниот дроб

Една нова студија покажува дека исхраната која изобилува со масти и со фруктоза со потекло од скробен сируп, може да предизвика сериозни оштетувања на црниот дроб кај луѓе кои поголем дел од денот го поминуваат во седење. Научниците на глувчиња им давале храна со 40% масти и со висок удел на фруктоза од скробен сируп во период од 16 недели. Глувците смееле да изедат храна колку што сакаат, но не смееле да вежбаат. Веќе по 4 недели им се зголемило нивото на ензими во црниот дроб и се јавила нетолеранција на гликоза, што е почеток на дијабетес од типот 2. Количеството фруктоза во истражувањето е еднакво на весување на осум лименки газиран сок дневно.
Затоа, мој совет е ако не сте од оние луѓе кои внимаваат на линијата или сакаат да ослабнат и ако консумирате храна од овој тип, која содржи многу масти и фруктоза од потекло од скробен сируп, станете од пред вашиот телевизор и прошетајте се со вашето куче. Ако јадете многу ваква храна во вашата секојдневна диета, ќе го разорите вашиот црн дроб и имате склоност да заболите од дијабетес!
Вие одлучете што ќе правите понатаму...

Извор: списанието "24 часа здравје".

четврток, март 13, 2008

Што го отежнува примањето витамини?

Примањето витамини, го оневозможува консумацијата на некои лекови и други средства, како на пример:

1.) АЛКОХОЛОТ
ги уништува витамините: А, В1, В2, В3, В6, В9, калиумот, цинкот, калциумот, магнезиумот и железото.

2.) АСПИРИНОТ
измива витамините: С, В9 и другите од В-групата, А, калциумот и калиумот.

3.) КОФЕИНОТ
ги уништува: железото, калиумот, цинкот, калциумот и витамините В1, В6, PP, К.

4.) НИКОТИНОТ
ги уништува витамините: А, С, Е и селенот.

5.) СРЕДСТВАТА ЗА СПИЕЊЕ
го отежнуваат примањето на витамините: А, D, С, В9 и го мнамалуваат нивото на калциум.

6.)
АНТИБИОТИЦИТЕ го уништуваат: железото, калциумот, магнезиумот, и витамините В6, В3, К.

7.) ЛЕКОВИТЕ КОИ ТЕРААТ КОН ЧЕСТО МОКРЕЊЕ
ги измиваат: витамините од групата В, како и магнезиумот, цинкот и калиумот.

8.) ЛЕКОВИТЕ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ
водат кон загуба на витамините: А, D, E, K.

Извор
: полското списание "Dobre rady" - Добри совети.

вторник, март 11, 2008

Чаденото месо штетно на белите дробови

Консумирањето на големи количини на чадено месо може да и наштети на работата на белите дробови и да ги зголеми шансите за заболување од хронични опструктивни на белодробни болести (ХОББ).

Американските научници од Колумбија универзитетот утврдиле дека ризикот од ХОББ е зголемен кај луѓето кои јадат сушено месо повеќе од 14 пати месечно.

ХОББ, вклучува состојби настанати како последица на хроничен бронхитис и емфизема, спаѓа во најчестите причини за смрт, а во развиените земји тоа обично е последица на пушењето.

Истражувачите, кои испитувале 7.352 лица велат дека причина за зголемениот ризик е присуството на нитритите во чаденото месо, објави „American Journal of Respiratory and Critical Care Medicine“.

Голема количина од овие соли се користи во производството на чадено месо, а има улога на конзерванс и антибактериски агенс.

Утврдено е најчести консументи на сушеното месо обично се пушачите од машки пол, со послаб социоекономски статус и имаат мал внос на витамин Ц, риба, овошје и зеленчук.


Извори: idividi.com

сабота, март 08, 2008

Бидете внимателни што јадете !!!


Адитиви

Жолтите слатки, синиот сладолед... Изгледаат примамливо, меѓутоа се особено опасни. Во повеќе од 6 000 производи на полиците од супермаркетите се наоѓаат адитиви. Тие служат да го направат вкусот или бојата на производите поупадлив, но можат да бидат предизвикувачи на многу болести. Различни засладувачи, бои и засилувачи на вкусот можат да го предизвикаат развојот на канцерогени заболувања, а најопасни од сите тие се засилувачите на вкусот и различни засладувачи и бои кои можат да предизвикаат и најтешки малигни болести.

Претераната употреба на засилувачите на вкусот се поврзува со нервно-дегенеративните болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Можат да предизвикаат и алергија, посебно кај астматичарите, а некои предизвикуваат и пореметување на метаболизмот на мочната киселина.

Каде се наоѓаат опасните адитиви?

Опасни засладувачи и нивните шифри

- Е - 950
- Е - 951
- Е - 952

- Е - 954
- Е - 962

Се наоѓаат во безалкохолните пијалоци, бонбони, гуми за џвакање, сладолед, лекови, козметика...

Опасни бои - тие се со шифрите Е - 102, Е - 110, Е - 122, Е - 123, Е - 124, Е - 125, Е - 126, Е - 127, Е - 128 и Е - 129. Се наоѓаат во пекарските производи, производите од месо, безалкохолните пијалоци, сладолед, сирење, овошни јогурти, супи, кремови и десерти...

Опасни комбинации

Научниците од институтот во Ливерпул го испитувале во лабораториски услови можниот токсичен ефект на адитивот Aspartm, Natrium - glutaminat, бојата брилијант сина и квоинолин жолта, посебно врз нервниот систем.

Иако поединечните адитиви се дозволени за користење во прехранбената индустрија, нивната комбинација може да биде многу опасна.

Најопасни адитиви

Многу е важно да читате она што пишува на етикетата од производот кој го купувате!!!
Често на декларацијата пишува едноставни и недефинирани зборови како што се ,, арома`` и ,, боја``, но во случај кога се наведени адитивите, обрнете внимание и не ги земајте производите кои ги содржат следниве


  • Tartrazin (E102)
  • Quinolin žolta (E104)
  • Sunset žolta (E110)
  • Carmoisine (E122)
  • Ponceau (E124)
  • Briljant sina (E133)
  • Natrij-benzoat (E211)
  • Aspartam (E951)
  • Natrij-glutaminat (E621)
* На сликата може да видите како изгледаат адитивите во "не додадена" форма.

Извор: Гласот на Исидора, билтен од Центарот за жени.