петок, март 28, 2008

to my friend Ismail

Секојдневно сме окупирани со правила за здрав живот. Јадете овошје за доручек, не пијте вода по оброк најмалку два часа, јадете зеленчук исклучиво навечер, не ја држете кесичката за чај подолго од 5 минути, излегуваат токсичните материи од чајот, не јадете пред спиење најмалку 2 часа, не ги одмивајте гениталиите со сапун и слични хемиски течности ( а во исто време Oriflame се скрши од продавање и ширење на миризливи шампончиња)... Пред извесен период мајчиното млеко беше штетно, па жениве во тоа време ги хранеа децата со кашички од компанија XXX, затоа сега мајчиното млеко е најздраво. Ухххх...мачно...



Фотографија на Исмаил од Сирија

И за да ја разбистрам поентава на текстов, ќе чепнам од животот (ако може да се опише со зборови неговото богатство) на мојот пријател Исмаил, роден во Курдистан, од градот Батман. Живее номадски живот. Денот му започнува со поздравување на изгрејсонцето. Не користи паста за заби. Со себе си носи дрвце налик на четка за заби. Едниот крај од дрвцето дијаметрално го делка и го прави како четка. Со тоа ги струга забите. И верувам дека ви изгледа смешно, ама ги има најубавите и најздравите заби на светов. Не се оптоварува со шампони, сапуни, детергенти, прашоци, купки... и останати хемии. Најдобар другар му е кучето Бичо, суштеството од шумата и заедно го пропатуваа светот, пеш. Има пријатели насекаде низ светот и вели дека така прави ментална хигиена. Посреќен и поздрав човек од Исмаил, нема.

Погледнете го мирот и спокојството што го живее Исмаил ( првиот од лево)

p. s. кликнете на сликите за подобар поглед

Нема коментари: