недела, април 27, 2008

Честит Велигден!

Веселете се и радувајте се православни христијани!
Христос Навистина Воскресна!
Им посакуваме се најубаво на сите оние кои денес го слават овој голем настан.



сабота, април 26, 2008

Ла Мер Козметик

среда, април 23, 2008

Зеленчук и овошје!

Уживајте во пролетта и нејзините благодети!




Се надевам дека со овие фотографии ќе успеам и најголемите мразачи на овошјето и зеленчукот, да ги натерам да ги сакаат овие прекрасни плодови на природата! :)

вторник, април 22, 2008

МАКЕДОНСКИ РЕЦЕПТИ ЗА ВИТА СТАВА


Македонската кујна изобилува со богата и разновидна трпеза. Во зимскиот период на нашата трпеза често е застапена сармата, гибаниците, пастрамајлиите, свинското и јагнешкото печење... И да сакаме да внимаваме на исхраната за да не ги накачиме килограмите всушност станува скоро невозможно, особено ако сме големи гурмани. Со одредени рецепти кои ќе Ви ги предложиме ќе успееме да Ви направиме правилна комбинација на храната и сепак да уживате во јадењето, а да не ги зголемите Вашите килограми.

Ако за Вашата трпеза сакате да приготвите
сарма, таа нека биде направена или само од ориз или само од месо, но никако во комбинација од месо и ориз. Комбинацијата на јаглехидратот и протеинот на еден оброк дефинитивно го оптоварува метаболизмот и организмот. Во сармата со ориз наместо месо можете да додадете соја, која е соодветна замена за месо, а сепак е во правилна комбинација со оризот.

Задолжително на трпезата да биде застапена свежата салата која ќе биде составена од микс на свежи разновидни зеленчуци. На пример: комбинацијата од зелката , цвеклото, морковот, белата трупка, ротквицата...

Зашто токму цвеклото?
Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца, ја подобрува косата, ноктите, ја решава опстипацијата- отежнатото празнење на цревата (запек), а најважно од се донесува оптимистичко расположение. Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува врзивното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум. Како препорака секогаш цвеклото јадете го во свежа состојба - сирово. Сите оние кои неможат да го комзумираат цвеклото во свежа форма, можат да пијат сок од природно цедено цвекло, во комбинација со разноврсно овошје и зеленчук. Наш совет за сите оние кои не го поднесуваат мирисот на цвеклото е да го купуваат што помало затоа што тоа цвекло нема да ја поприми миризбата на земја.

Ако сте љубители на
месо и ако треба да изберете меѓу свинско и телешко месо изберете го телешкото или јагнешкото. Пригответе преубава турли тава со месо и разноврсни зеленчуци во кои нема да има компир, боранија и грашок. Нека изобилува брокулата, карфиолот, морковот, доматот, пиперката, зелката...

Збор два за брокулата...
Овој зелен зеленчук е многу ретко застапен во нашата македонска кујна, а преставува бомба од хранливи продукти.
Брокулата е најдобар антистресен зеленчук и се препорачува кај сите што се под стрес, кај спортистите, кај децата во развој. Одлична е и за заштита на слузницата ако се јаде барем 3 пати во неделата, особено за заштита на цревната слузница. Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и го заштитува срцето. Ќе Ви овозможи да го елиминирате вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ќе ги елиминира токсините од организмот.
Пијте големо количество на
природно цедени сокови од овошје и зеленчук секогаш разблажено со вода. Или пак секое добро јадење залијте го со една чаша добро црвено вино.

На здравје!

Извор: Вита диет спа клубот.

Неколку факти за чешлањето

Едноставниот "алат" за чешлање може да ви изгледа невин во споредба со фенирањето, пресите за коса и сличните направи. Но ако се чешлате со погрешниот "алат"' во погрешно време, косата може...
...да ја оштетите и без употреба на електричните уреди.

Цврста и кадрава коса
Користете чешел со ретки запци и густа четка која ќе досегне до проблематичните точки.

Нежна рамна коса
Го бара токму спротивното. Чешел со густи запци и ретка четка. Четките за виткање од влакна од вепар по правило се наменети за фината и нормална коса.

* Четки од најлон се добри за многу густата коса.
* Четки од мешан материјал за нормална и густа кратка коса.

Сепак, најважно е како косата ќе реагира на чешлањето. Ако по чешлањето почувствувате статички електрицитет или било каква непријатност, задолжително сменете ја четката.


Избегнувајте метални и дрвени чешли - без оглед на типот на косата.
Мекиот, речиси гумен чешел, ќе нанесе најмалку штета на тенката коса.

Времето на чешлање е исто така важно:
Никако не чешлајте ја косата додека е мокра. Освен ако немате коса како Африканците - е тогаш чешлајте ја само кога е мокра.

Дијамантски сјај за коса
Ако е точно дека ништо не може да го растрепери женското срце како што можат дијамантите, и ако е точна девизата на Мерилин Монро дека " дијамантите се најдобар пријател на девојките", не е чудо што овој толку чист и блескав скапоцен камен е симболот на новата колекција за нега на коса на " класикот NIVEA, насловена " Diamond gloss" или " Дијамантски сјај"

Во оваа колекција има шампон, регенератор, спреј ја потхранување на косата што не треба да се измива, лак за коса, восок и пена за коса, кои ќе направат секоја жена да блесне.

И оваа колекција содржи полимери и пантенол што даваат посебна влажност на косата, како и специјални микродијамантски честички што го дополнуваат сјајот на здравата и негувана коса.

Новата технологија, која применува силикони и пигменти од бисер и овозможува на косата заслепувачки дијамантски блесок, еластичност и волумен кои траат во текот на целиот ден.

Извор: веб страната: ДОЗНАЈ

Корисноста на какаото

Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и го успорува меѓудругото и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје.

Тим научници од универзитетот "Корнел" установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај.
Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајки од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни киселини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се конзумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти.

Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте......
Навистина е превкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се даневам дека ако сеуште не е и ваш, набрзо ќе стане.
Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението :)

Извор: Списанието "Теа шема".

Домашно изработени маски за лице

Помина зимата. Сега е пролет.
Покрај тоа што ви сугериравме и што ве советувавме што поскоро да започнете со детоксификацијата на вашето тело одвнатре, време е и да започнете со надворешното средување.

Секако дека детоксификацијата е многу важна за спречување на разни заболувања, но и за убава кожа, намалување на целулитните наслаги, за поубави нокти, коса... Значи, не можеме да бараме убава кожа на лицето, се докека не го исчистиме нашето тело одвнатре.

Сега, откако нашиот организам е исчистен од секакви отровни материи, треба да се погрижиме и некако за нашето лице, пред да започне жешкото и мачно лето.

Тоа е најубаво да го сториме на козметичар. Но ако немате доволно пари, или ако едноставно не практикувате да одите на козметичар, тоа може да го направите и самите дома. Се што е домашно и природно е најубаво.

Се разбира дека постојат маски за лице и за коса, најчесто во пакувања за 2 употреби, во сите поголеми маркети во нашава држава како и во парфимериите и аптеките. Овие маски ги има буквално со разни вкусови и од многу производители. Ценовно, исто така не се многу скапи (некаде околу 100тина денари - горе-долу), зависно од марката. Вреди да се проба, но хемија си е хемија, а тоа што го имаме во нашиот ладилник, во градината, во шкафчињата со зачинии и билки и каде уште не... сето тоа е природно, а нашиот буџет, воопшто нема да се намали ако ги употребиме.

Правењето на сопствени домашно изработени маски за лице, не е воопшто тешко, особено со овие рецепти за маски за лице, кои ви ги посочувам. Не ви е потребно ни многу време (15 - 20 минути). Секако дека ќе ги одвоите овие минути од вашето драгоцено време, да се погрижите за вашата убавина.
Вашата кожа ќе свети и ќе се чувствува прекрасно.
Потребни се само 2 или 3 намирници, мешате, нанесувате налицето, и по неколку минути, зависно до маската што сте ја подготвиле, плакнете со млака вода.
Лесно како 1,2,3!

На пример, ако имате проблем со затнати пори, ви препорачувам да ја пробате маската за лице од портокал и јогурт.
Ако пак, имате мрсна кожа, најсоодветна е маската за лице од цитрон.
Ако сакате да имате нежна и мека кожа на допир, тогаш пробајте ја маската за лице од авокадо.
Дејството на маската за лице од банана, мед и јогурт, е идентично со нејзиниот вкус. Затоа најубаво е едната половина од овој рецепт да ја употребите како маска за лице, а другата половина да ја изедете :)

На сајтот кој ви го посочувам, имате повеќе видови на маски за лице. Кога ќе си ја најдете соодветната, само кликнете на насловот за да ги видите потребните намирници, начинот на приготвување и упатството за употреба.



Рецепт за природен пилинг на лицето:

Две раце трици попарете ги со врела вода (или чај од жалфија, рузмарин или камилица). Потоа додадете една белка. Смесата добро се меша за да стане густа каша. Потоа смесата ја ставате на лице и чекајте да се исуши. Пред сосема да се исуши, масирате ја кожата на лицето со кружни движења и истовремено отстранувате ја маската. На крајот измијте го лицето со чај од камилица.
На ист начин можете да направите пилинг на лицето и со други материјали:

* Мелени бадеми и мед
* Овесно брашно и мед
* Квасец и млеко
* Пченкарно брашно и чај


Извори:
Рецепти за маски за лице
Моја медицина

сабота, април 19, 2008

Машкиот мозок






Импотенција (еректилна дисфункција)

Како да употребите кондом на возраст над 47 години???

Кутрите луѓе... Сакаат а... не можат
Видете како јас би ја решила погоре зададената проблематика и слободно коментирајте. Ако имате посоодветно решение, кажете го! :D


Импотенција (еректилна дисфункција) е состојба при која не доаѓа до соодветно укрутување на пенисот при сексуална стимулација, а како последица на тоа, доаѓа и до неможност за пенетрација при сексуален однос.

Повеќе од 50% од мажие по 40-тата година од животот имаат повремено ваков проблем. Некои имаат проблем со почетната ерекција, додека други можат да имаат почетна ерекција, но имаат проблеми со одржување на ерекцијата во текот на односот.
Проблемот всушност е во недоволниот проток на крв во пенисот, а може да биде привремен или постојан. Ако проблемот е привремен, обично се работи за психолошка причина која се јавува заради премореност, стрес, брз начин на живеење, алкохол и сл. Проблемот е постојан кај луѓе кои имаат некоја органска болест, a во оваа група спаѓаат околу 70% од сите заболени. Тоа се најчесто срцеви болести, покачен крвен притисок, покачен холестерол, шеќерна болест или проблеми со простата.


Депресијата исто така може да доведе до еректилна дисфункција, но и повреда на рбетниот мозок, одредена група на лекови, пушење и прекумерна употреба на алкохол. Најчеста причина за заболувањето е задебелување на ѕидовите на крвните садови поради покачен холестерол (крвни садови тогаш се стеснуваат), или пак оштетување на нервите кои ги следат крвните садови при шеќерна болест, хируршки интервенции на простата и тн.

Еректилната дисфункција може да доведе до сериозни проблеми во семејството, кои неретко завршуваат со развод. До пред 10-тина години лечењето на оваа состојба било многу ограничено. Но, денес постојат многу подобри изгледи проблемот да се реши, или со психотерапија или со друг начин на лекување при органска болест.



Извор: Од првиот македонски портал за медицина МОЈА МЕДИЦИНА

петок, април 18, 2008

Вишок килограми???

Сакате да ослабите?
А... немате време? Немате доволно желба и мотивација? Не знаете како?...
Хм...
Најдобар начин како да се ослободите од вишокот килограми е:



Упс... :P

Слабеење - RULE NR. 1!

Како да ослабнете?
Како да се ослободите масните наслаги?
Како да го загубите она сало наталожено околу стомакот?

Отстранувањето на вишокот масни наслаги, во принцип е едноставен процес, но бара истрајност и упорност. За да успеете, потребно е секојдневно да работите со себе. Тајната е во правилната исхрана и редовната умерена физичка активност.

Интензивните диети, кои ветуваат брзо губење на килограмите, се ефикасни само додека ги практикувате. Иако звучи иронично, брзото губење на килограмите доведува и до нивно брзо враќање. Луѓето кои практикуваат строги диети и нередовни интензивни тренинзи, откако ќе се вратат на старите навики за јадење, поточно кога ќе се вратат на стариот стил на живеење, вообичаено за кратко време повторно се соочуваат со зголемена телесна тежина.

Една од најчестите и најголеми грешки е верувањето дека со изгладнување ќе се ослободите од масните наслаги!
Со неадекватна исхрана, метаболизмот станува побавен, со цел да го надокнади недостатокот на хранливи материи. Ако јадете недоволно, а сте физички активни, ќе се доведете во состојба на истоштеност, постојано чуство на глад и нервоза.

За да ги спречите несаканите ефекти и ризици од изгладнувањето, треба да јадете почесто, 4-5 пати во денот, но мали и здрави оброци. Ако внесувате околу 1500 калории дневно, доволни се 30 минути вежбање (стомачни вежби), за да се спречи наталожувањето на масни наслаги околу стомакот.

Бидете истрајни кога започнувате со вежбање или нов режим на исхрана. Со пропуштање на "само" 1 ден, ризикувате да пропуштите уште еден и набрзо да се вратите на почеток. Дури и откако ќе се ослободите од вишокот масти, не ја прекинувајте рутината некој период, а никако наеднаш! Најубаво е да си останете во тој нов здрав режим на живеење. Здравата храна и физичката активност треба да бидат ваше секојдневие!


Консултирано со: Зегин - мали совети за здраво семејство

среда, април 16, 2008

Дали знаевте?

Најдобар начин за да се ослободите од задржувањето на водата во телото, е да пиете повеќе вода!


Водата сочинува речиси 2/3 од тежината на човечкото тело и е неопходна за нормално и правилно функционирање на сите органи

* крвта содржи 83% вода

* мускулите содржат 75% вода

* мозокот содржи 74% вода

* коските содржат 22% вода


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство.

вторник, април 15, 2008

Пад на менталната способност по јадење?

Како да го избегнете падот на менталната способност по јадење?

Одговорот лежи во кофеинот.

Голем број жители на Америка и Европа, особено италијаните и французите инстинктивно, по секој оброк, пијат по еден филџан кафе. Кафето го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот.

Постојат најнови докази дека кафето е природно средство кое го намалува падот на менталната способност, непосредно по јадењето. Истражувачите посочуваат дека намалената работна ефективност по ручекот, е честа појава, дури и кога ручекот не е обилен.

Во експериментите спроведени врз неколку групи на мажи и жени, најголем број од нив по јадењето се чувствувале поспано, со помалку енергија и биле склони кон грешки во работењето.
Кај групата испитаници кои испиле едно кафе веднаш по ручекот, е забележана поголема будност и концентрација, а работните обврски ги извршувале побрзо и попрецизно.

Сепак, овде го претвтавив кафето во позитивно светло. Една од позитивните страни на кафето. А што е со неговите негативни страни, кои сметам дека се побројни.
Со пиење на кафе, едноставно ги измиваме минералите од организмот, а со тоа и магнезиумот, значаен за концентрација и без кој ќе имаме болки во мускулите. Кафето има многу токсини, поради кои треба често да се прави детоксификација на организмот. Токму кафето е еден од создавачите на целулитот.

Епа сега, поголема концентрација или? Вие знаете што ви е навистина потребно во моментот. Вие сте тие кои треба да решавате за самите себе. Ние само сугерираме и советуваме.
Не е едноставно подобро по ручекот да излезете на една мала прошетка? Ем ќе се одморите, и психички и физички, ем нема да дозволите цела енергија да ви отиде исклучиво на варење на храната, а кога ќе се вратите дома, ќе бидете во топ форма, подготвени за нови работни задачи!
По јадење, не е убаво да се заспие, бидејќи тоа е првиот чекор кон дебелеење.


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство.

Чоколадата, чајот и грозјето за добро помнење

Хемиските состојки присутни во чоколадата, чајот, грозјето и боровинките можат да го подобрат помнењето, утврдиле американските научници од Салк институтот.

Истражувањето е спроведено врз глувци, а се планираат тестови со кои ќе се провери влијанието на епикатехинот и кај луѓето.

Резултатите објавени во „Journal of Neuroscience“ сугерираат дека епикатехинот го подобрува протокот на крв во мозокот, посебно во комбинација со физичка активност.

Нутриционистите предупредуваат дека чоколадата изобилува со масти и шеќери кои би можеле да го поништат позитивното влијание на епикатехинот.

Постарите истражувања за соединенијата од групата на фаланол, во која спаѓа и епикатехинот може да придонесат за подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем.


Ни претстојат денови во кои треба да ги спремаме нашите завршни испити , затоа сметам дека ова е корисна информација за сите нас.

Значи штом осетите дека губите концентрација земете чоколадо, чај, боровинки или грозје, навистина многу добро делуваат:)

Извор: ИДИВИДИ

Свежа салата

Дојде пролет, а со тоа и многу повеќе зеленчук на пазарите. Еве мој предлог за вашиот денешен ручек :)
На крајот од клипчето ќе ги имате дадено сите потребни состојки.



Погледнете колку убаво изгледа оваа салата која што ќе ја направи оваа госпоѓа.
Исто така таа ќе ви објасни како дејствува на вашето тело секоја состојка од салатата и зашто треба сите да ги помешаме заедно во една салата.
Уживајте во витаминската глетка од клипчево, а потоа побрзајте во вашата кујна! Се надевам дека веќе ги имате и сите потребни намирници.
Уживајте во пролетта и нејзините благодети.

Животниот стил на жителите на Окинава

Постојано слушаме и читаме за важноста на животниот стил врз нашето здравје.
Тоа значи, дека за да сме здрави, не е доволно само да ја смениме нашата диета, или пак само да почнеме да вежбаме, или да престанеме со некоја лоша навика, а да продолжиме со останатите.
Колку сме здрави, ќе дознаеме од целата комбинација на сите тие елементи заедно. Значи нашиот начин наживот потполно се одразува на нашето здравје. Секоја негова промена, може да го влоши или подобри нашето здравје.


Островот Окинава


Оттука се наметнува прашањето:
КОЈ ЖИВОТЕН СТИЛ Е НАЈДОБАР?

Многу може да се научи од луѓето кои живеат на Окинава, остров од групата острови која се протега од Јапонија до Тајван. Овој остров го населуваат 1,3 милиони жители, кои го имаат најдолгиот животен век на планетава. Бројот на жители над 100 години е за 4 пати поголем од оној во западните земји.
Секако животниот стил на жителите на островот има голема улога во долговечноста.

Каков е нивниот начин на живот?


Овие луѓе го прават следново:

* Не пијат алкохол и не пушат цигари.

* Јадат месо во мали количини - речиси 3/4 од нивната исхрана е од растително потекло. (Не јадат свинско)

* Јадат малку масти и речиси воопшто не консумираат рафиниран шеќер.

* Практикуваат еден вид културолошка навика HARA HACHI BU, според која, на првиот знак на ситост, престануваат да јадат. Тоа значи дека јадат околу 20% помалку од жителите во западните земји, односно околу 400 - 500 калории помалку на ден.

* Најголемиот број од нив се физички активни - танцуваат, пешачат, се занимаваат со градинарство и вежбаат умерени боречки вештини.

* Не пијат антидепресиви - за да се справат со стресот или анксиозноста.

* Медитираат и се потпираат на силната подршка од семејството и околината.


Се надевам дека ве заинтересираа овие податоци и дека ќе преземете некои од навиките на стилот на живеење на овие здрави луѓе од островот Окинава.
Сметам дека помеѓу сите, најинтересна е навиката HARA HACHI BU, бидејќи покрај диетата која што ја применуваме, најважно е да не се прејадуваме! Се јаде до ситост! Ако не го правиме тоа, секогаш ќе имаме мачнина во стомакот, бидејќи храната споро ќе се вари во нашиот желудник. Со самото тоа го оптоваруваме и црниот дроб, што многу лошо се одразува врз нашиот организам. Бидејќи нашето тело добива одеднаш огромна количина на калории, не е во состојба сето тоа да го потроши и затоа тие хранливи материи се таложат како резерва во нашиот организам, во вид на сало.


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство

недела, април 13, 2008

Пролетно прочистување на телото

Според Др. Питер Бенет од американската Хелиос Клиник, детоксификацијата е ефикасна затоа што дејствува на клеточно ниво, односно ја подобрува работата на клетките, како основни единици во градбата на човечкото тело.

Подолгото траење на денот, повеќе сончеви часови, поголема слобода на движење се благодетите на пролетта, кои се доволни да ве мотивираат да започнете со нови активности.
Додека во текот на зимата сте внесувале покалорична исхрана и сте биле помалку физички активни, сега е време да му се посветите на своето тело и да се ослободите од токсините акумулирани во зимскиот период.
Детоксификацијата со векови се практикувала во многу култури, а се однесува на одморање, прочистување и потхранување на телото одвнатре.
Преку отстранување на токсините и внесување на здрави хранливи состојки во телото, со детоксификацијата си овозможувате заштита од бројни болести. Овој процес ви овозможува полесно да го одржувате своето здравје.
Човековото тело поседува сопствен систем на заздравување и прочистување, а со помош на детоксификација се подобрува и поттикнува неговата ефикасност.



Прочистување на природен начин:

Почнувајќи од рана пролет, на зелените пазари постојано пристигнуваат нови плодови. Искористете ги зеленчукот и свежите овошја за да го прочистите своето тело. Детоксификацијата не значи изгладнување, туку намалување на внесот на токсини во телото.
Елиминирајте ги алкохолот, газираните пијалоци, цигарите, рафинираниот шеќер и заситените масти. Сите тие дејствуваат како пречки за процесите на прочистување и заздравување.
Одвојте 3 до 7 дена и во овој период јадете само овошје, зеленчук и житарки со цели зрна. Избегнувајте бел леб, месо, млеко и млечни производи, производи кои содржат конзерванси, шеќер и други засладувачи. Не заборавајте да пиете повеќе вода.



Физички активни:

Искористете ја пријатноста на пролетното сонце, излезете на подолги прошетки, возете велосипед, планинарете. На овој начин ќе се чувствувате подобро секој ден, што претставува дополнителна мотивација да продолжите со новиот здрав начин на исхрана и физичка активност.



Детоксификацијата е многу значајна доколку имате проблеми со целулитот и сакате побрзо да го отстраните. За решавање на овој проблем, во детоксификацијата ќе треба да вклучиме огромно количество на вода. Тоа е со цел да им помогнеме на клетките да се ослободат од токсичните материи кои ја задржуваат водата и мастите токму во тие слоеви под кожата, создавајќи го тој изглед на кора од портокал.
Со доктор Питер Бенет, јас не се согласувам кога вели дека не треба да се внесува месо и млечни производи. Можеби тоа е добро за првите 3 дена од детоксификацијата, но не и за понатаму.
Најважно е да го одбегнеме свинското месо. Месото од мисирка и риба, зготвени или испечени (со цел да се одбегне маслото), се многу хранливи, малку калорични и се едни од месата со најмалку холестерол. Ако не пиеме безмасно млеко, нема да имаме доволно витамини, минерали и калциум во организмот, а ако не пиеме безмастен јогурт, нема да имаме добра перисталтика на цревата. Доволно е само да ги одбегнуваме сирењето и кашкавалот како и павлаката, поради големата количина на маснотии. Овој доктор, во својата статија исто така не спомнал ништо за солта и за зачините, кои мораме да ги одбегнуваме кога си правиме детоксификација на организмот.

Кликнете на оваа слика или на текстов, за подобар поглед и за да може да прочитате што се се случува со органите за време на детоксификацијата!


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство

сабота, април 12, 2008

Состав на млеко кај разни видови на животни

Што е всушност млекото?

Сите знаеме дека млекото е еликсир на младоста и убавината, бидејќи ги содржи скоро сите хранливи состојки кои му се потребни на нашиот организам! Неговото дејство го откриле уште древните народи пред да се развијат хемијата, медицината и другите науки.

Кога ќе го слушнеме зборот МЛЕКО, тој најпрво не асоцира на кравјото млеко. Сепак, овој збор, опфаќа многу повеќе поими. Консултирајќи ја нашата македонска Википедија, дознавме што навистина значи млекото:

Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, суво млеко и други продукти.

Истиот термин може да се користи и за:
- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.
- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.

За секој продукт, во денешно време имаме голем избор, како во квалитетот, така и во видот, потеклото, начинот на изработката, фирмата и слично. Кога треба да консумираме млеко или млечни производи, исто така имаме на располагање голем дијапазон на производи. Почнувајќи од свежото млеко, јогуртот, кашкавалот и неговите подвидови, потоа сирењето, павлаката, млечната маст-путерот и што уште не. Потоа, изборот го имаме и во земјата на потекло, фирмата која што го произведува производот, количеството на млечна маст во продуктот, потоа, дали продуктите се дополнително збогатени со калциум и други витамини и минерали... завршувајќи на тоа од кои пасишта и предели во светот, е собирано млекото. Но, што пасело на тие пасишта? Се разбира, ако зборуваме за млеко и млечни производи кои се наменети за луѓето, тоа мора да се крави, кози или овци, а во краен случај магариња. За да го разбиеме овој шаблон, јас пронајдов еден многу интересен податок од полската википедија, во кој се опишани хранливите состојки на млекото од повеќе видови животни. Па сега, погледнете ја слободно табелата и самите видете кое млеко е најздраво за пиење! :)

Ако сакаме млечна маст би требало да измолзиме една фока, а доколку ни требаат повеќе белковини, слододно придружете им се во цицањето на малите мачиња од нивната мајка - мачка!


Среден состав на млеко кај разни видови на животни (g/100 ml):

Извори:
Од Википедија, слободна енциклопедија
Табелата е преземена од Полската Википедија

Кората од мандарина – уништувач на рак

Додека седев и размислував што ново и интересно да ставам на блогов, а да биде интересно за сите, најдов нешто што се вика уништувач на рак!???
Нема да ве убедувам дека ова што го најдов е навистина така...затоа што секојдневно знаеме да слушнеме „почина xxx од рак на дојка, рак на 'рбетниот столб, белите дробови“ и уште многу случаи , а сепак никој не кажал ова или она го излекува ракот. Сепак можеби досега не сме знаеле дека и мандарината може да се најде како уништувач на клетките на некои видови на рак.


Материја присутна во кората на мандарините може да ги уништи клетките на некои видови на рак, утврдиле научниците од британското фармацевтско училиште „Leicester“.

Салвестрол Q40 во многу поголема мера е присутен во кората, отколку во самото овошје, а спаѓа во групата на фитоалексини, хемиски соединенија кои растенијата ги произведуваат како одбранбен механизам од напаѓачи како што се инсектите или габите.

Лабораториските испитувања покажале дека оваа материја кога ќе се најде внатре во клетките на ракот станува токсична, притоа предизвикувајќи уништување на овие клетки.

Оваа трансформација е последица на ензимот P450 CYP1B1 чие ниво е зголемено во клетките на ракот. Салевестролот Q40 за нив е 20 пати потоксичен отколку за здравите клетки.

Наодите укажуваат на можноста дека современите трендови за отфрлање на кората на ова овошје, можно е да придонело за зголемената појава на одредени облици на карцином.

Научниците веруваат дека на база на нивната студија ќе може да се развијат нови, природни третмани на рак.

Салвестролот е присутен и кај други видови на овошје и зеленчук, како на пример брокулата.

Неговото ниво е поголемо доколку насадите биле изложени на некои инфекции, така што користењето на пестициди и фунгициди придонесува за помала присутност на салвестролот.


Извор : Идивиди

среда, април 09, 2008

YOGA за почетници

Тара Стајлс ќе ви објасни многу убаво во што е суштината на јогата. Ќе ви објасни се за дишењето, ќе ви објасни дека всушност се се состои во дишењето. Ќе ви ги демонстрира најлесните движења и телесни позиции токму соодветни за почетниците, кои воопшто никогаш и немале контакт со јога. А исто така ќе ви каже и накусо кои се триковите за да ги правите вежбите правилно, како и тоа, која вежба за што служи.




Овие вежби верувам, како што верува и Тара, дека ќе ве заинтересираат и дека ќе ги правите секој ден во вашиот дом. Се надевам дека клипчево ќе ви биде од корист!

вторник, април 08, 2008

Yoga против болките во вратот

Ако имате болки во вратот, или пак, ако имате укочен врат, еве ви решение како самите на себе да си помогнете со помош на јога и други вежби за истегнување на вратните мускули..
Сепак, едно предупредување до некои од вас: ако имате некакви посериозни проблеми со вратот или со грбот, треба да одите на лекар. Ако имате проблеми од посериозен тип, со оваа телесна зона, тогаш со овие и слични вежби можете само да си наштетите!
Овие вежби се повеќе за оние кои имаат благо укочен врат или мали болки во тој предел.
Погледнете ја оваа девојка, која се разбира во занаетот :)



Еве ви решение за утринското укочување на вратот. Нови вежби кои ќе ги додадете во вашиот утрински блок на вежби.

недела, април 06, 2008

Млеко - природна козметика

Имате слободно време и сакате малку да се погрижите за себе, а во моментот немате соодветна козметика? Можеби немате доволно пари за да си купите некоја крема, балзам, маска или емулзија?
Немојте да кревате паника! Во својот ладилник, секако дека секогаш имате свежо млеко.
Немојте да се чудите! Со помош на овој Божествен напиток, ќе направите извонредни козметички мешавини, кои ќе имаат неспоредливо подобар ефект од било која хемикалија. Млекото е природно.
Со помош на млекото, можете да ја негувате вашата коса, кожата на телото, кожата на дланките како и кожата на лицето.
Природните козметички мешавини со млеко, кои ќе ги направите самите, ќе допринесат косата да ви биде сјајна, кожата на телото да ви биде мазна, помагаат во избелувањето на дланките, како и за свиленкаста кожа на лицето.
Невообичаеното дејство на млекото, како дел од природната козметика, го пронашла уште убавата Клеопатра. Клеопатра со задоволство се капела во магарешко млеко. Не треба да и се чудиме.
Млекото и млечните производи, содржат скоро се што е потребно во добрата козметика.
Витамините и другите хранливи и корисни состојки коишто се содржани во млекото, се следниве:

А - ја освежува кожата

Е - ја негува и зајакнува кожата

Б - дејствува против брчките

БЕЛКОВИНИТЕ - заштитуваат од сушење на кожата

МАСТИТЕ - на кожата и даваат еластичност

Бидејќи е течно, идеално ја хидратира кожата.

Козметичките производи на база на млеко, можеме да ги подготвиме сами во нашиот дом.
Сепак, треба да знаеме дека сите намирници кои ќе ги употребиме во подготовката, треба да се свежи. Готовата смеса можеме да ја чуваме во ладилник, најмногу една недела. Маските и емулсиите, по употребата, секогаш треба детално да ги отстраниме со топла вода.


Извор: полското списание "Dobre Rady"- Добри совети.

сабота, април 05, 2008

До сјајна коса со помош на млеко

Претпоставувам дека сите имаат проблеми со косата. Пред се тоа е цветањето, губењето на сјајот на косата. Косата понекогаш знае да ви стане сува и изгорена... и што уште не! УЖАС! Едноставно ви иде да земете машинка за шишање и да се бапнете на кец!
Овие аномалии имаат различни причинители. Пред се тоа е шампонот и регенераторот кои ги користите, а потполно не одговараат на вашиот тип на коса. Потоа, нашава македонска премногу хлорирана вода, потоа водата во базените, која ја суши косата. Сонцето, кое наскоро ќе биде главен уништувач на косата, од кој мораме да се заштитиме со капа. Сонцето ја гори косата до темел и дури ја избледува и природната боја на косата! Потоа нередовното потшишување, како и фарбањето. Фенирањето на косата, користењето на пегла за коса или фигаро, како и разните хемикалии за styling, како гелови, пени, лакови за коса, а исто така и виткањето на косата со помош на разни хемиски средства, како на пример "ладна".
На косата и треба одмор од сето тоа, но како да дојдеме до одмор на нашата коса во ова брзо и динамично време? Ние немаме време да се одмориме и да се наспиеме самите, а камоли па нашата коса?
Сепак можеме, ако сакаме, да одвоиме некои 20-тина минути во неделата за да се погрижиме за нашата коса, ако сакаме убаво да изгледа. Тоа нема да не чини скоро воопшто, бидејќи сите потребни намирници, за да си направиме убава маска за коса, ги имаме во нашиот дом, на непосреден дофат на раката.
Нема да ви бидат потребни разните маски, балзами, средства против цветање, кои ги произведуваат скоро сите фирми за козметика, а се изгор-скапи! Не го негирам нивното користење, бидејќи и ти се потребни, имаат ефект. Но и тоа се хемикалии, и ќе треба косата тотално да си ја уништиме барајќи го вистинскиот препарат, кој потоа едноставно само ќе ни го краси купатилото, бидејќи нема да имаме на што да го нанесеме! :D
Својата коса и тело, ги негувале уште античките народи. Клеопатра просто се капела во млеко и мед, за да има убава коса и кожа!
Затоа, еве што треба да направиме и ние:
Еднаш неделно потребно е на косата да се стави маска, на која ќе и додадеме млеко. Тоа ја негува косата, го враќа сјајот, а исто така го спречува цветањето на косата. Едноставно косата ќе ви биде во подобра форма!


Маска за коса од павлака -
за уништена коса. Да се измешаат 2 лажици павлака со 1 лажичка сок од цеден лимон и 1/2 лажичка пченкарно масло. Мешавината ја нанесуваме на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.

Маска за коса од невен и млеко-
за сува коса. 1/2 филџан млеко да се измеша со 1 жолчка и 1/2 чај од невен. Да се нанесе на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.


На првата слика е покажано едно човечко влакно од уништена коса, зголемено со микроскоп. Видете колку е одвратно!

Извор: полското списание "Dobre rady".

петок, април 04, 2008

Exercise Ball Compilation

Оваа топка е наменета за вежбање. Мислам дека се користи во некои смирувачки дисциплини, слични на јогата. Ја користат трудниците во своите тренинзи.
Јас искрено не сум била во можност да имам личен контакт со оваа справа за вежбање и не можам да ви кажам како се користи. Но, сепак едно знам, а тоа е да не ја користите во никој случај како сите овие луѓе на клипот подолу, таканаречени идиоти!

DO NOT TRY THIS AT HOME!



Уживајте!

Пушењето го зголемува ризикот од втор инфаркт

Лицата кои продолжуваат да пушат и по преживеаниот срцев удар имаат три пати поголеми изгледи за нови здравствени проблеми со срцето, покажуваат новите научни истражувања.

Истражувањето спроведено на лица помлади од 36 години покажало дека испитаниците кои продолжуваат со пушењето по првиот доживеан инфаркт имаат далеку поголем ризик од нов срцев напад, тешки хируршки зафати на срцето, како и смрт како последица на кардиоваскуларни проблеми.

Во студијата, која траела 10 години учествувале 150 испитаници. Претходно прибраните податоци покажале дека 95 отсто од лицата кои пушат имале инфаркт пред 36-та година од животот.

Болестите врзани со срцето се најчеста причина за смртта во развиените земји, а пушењето е една од главните причини за болестите со срцето.














Во статијава која што имате можност да ја прочитате погоре, можете да забележите дека е обработена фазата по срцевиот удар, односно дека втор срцев удар може да се добие полесно доколку продолжите да пушите повторно цигари. Не е обрнато внимание на тоа дека личноста веќе внесувала никотин во себе и го доживеала веќе споменатиот срцев удар. Никотинот ги запушува каналите за доток на крв во срцето при што доаѓа до нерамномерно прочистување на крвта и срцето пумпа на празно, прекинува работата на срцето и се случува неизбежното.

Се лажете дека цигарите не се штетни, размислете само дали сакате да почувствувате како срцето прекинува во вашето тело, на вас ништо не ви е јасно, градите ве стегаат страшно лошо, повраќате, телото ви станува модро, чувствувате дека сте веќе мртов, а семејството, можеби вашата ќеркичка ве гледа како се струполувате пред неа, интересно нели трауми до крајот на животот на детето, и за сето тоа вие сте виновни. Да не збориме дека може и нема да се извлечете па семејството уште рано ќе остане без еден родител.

Друга интересна работа е што секој од младите почнува со оваа одвратна навика, затоа што мисли дека тоа е кул, или затоа што сите од друштвото се веќе страсни пушачи. ГОЛЕМА ГРЕШКА, НАЈДЕТЕ САМО ЕДНА ДОБРА ОСОБИНА НА ЦИГАРИТЕ АКО УСПЕЕТЕ ТОГАШ ВИ ЧЕСТИТАМ.
Лошите особини можам да ги набројувам, да ги набројувам..........само неверувам дека ќе сакате да прочитате каква штета си нанесувате на сопственото тело. Размислете нареден пат кога ќе посакате да запалите цигара, сетете се на моите зборови, ако не верувате во нив ќе ви кажам дека јас тоа го доживеав, јас бев ќеркичката која што гледаше како нејзиниот татко се струполува пред неа.

Извор: idividi.com

Масажа на дојка

Сите знаеме дека масажата е нешто навистина важно за нашето здравје и пред се за нашата убавина. Постојат разни типови на масажа. Некоја е спортска, после интензивните тренинзи, за да ни ги олабави мускулите. Некоја само за подобрување на циркулацијата, некоја за загревање, а некоја само за опуштање, а постојат и медицински масажи
Сепак, кога ја видов оваа масажа, малку и се подзамислив. Малку сум скептична кон овој тип на масажа. Можеби има и некаков медицински ефект, на пример против рак на дојка или пак е само за релаксирање?



Навистина не знам кој е ефектот од неа, дали ужива масираната личност или пак личноста што масира? Претпоставувам дека ова ќе им се допадне пред се на момците! Еве како да се погрижите за вашите девојки :)

четврток, април 03, 2008

Нова форма на аеробик

Разлистував низ You Tube, бидејќи сакав да си најдам некое клипче со добра аеробик вежба за да се размрдам малку, да стопам некое грамче салце, да потрошам некоја калорија... и бев шокирана кога случајно налетав и ја видов оваа девојка!
Аеробикот е одличен начин за да симнете некое килце, но никако не допуштајте да дојдете во оваа состојба, како оваа девојка, бидејќи тогаш е многу тешко да се вратите во нормала, да ја вратите здравата телесна тежина...



Сепак, рака и пружам, бидејќи барем се труди и не се срами од себе си. Клипот го објавила на You Tube и секако дека може да ги охрабри сите оние кои се во иста или слична положба, да започнат да работат со себе си и да престанат да се срамат од своето тело!


Мастите и фруктозата го оштетуваат црниот дроб

Една нова студија покажува дека исхраната која изобилува со масти и со фруктоза со потекло од скробен сируп, може да предизвика сериозни оштетувања на црниот дроб кај луѓе кои поголем дел од денот го поминуваат во седење. Научниците на глувчиња им давале храна со 40% масти и со висок удел на фруктоза од скробен сируп во период од 16 недели. Глувците смееле да изедат храна колку што сакаат, но не смееле да вежбаат. Веќе по 4 недели им се зголемило нивото на ензими во црниот дроб и се јавила нетолеранција на гликоза, што е почеток на дијабетес од типот 2. Количеството фруктоза во истражувањето е еднакво на весување на осум лименки газиран сок дневно.
Затоа, мој совет е ако не сте од оние луѓе кои внимаваат на линијата или сакаат да ослабнат и ако консумирате храна од овој тип, која содржи многу масти и фруктоза од потекло од скробен сируп, станете од пред вашиот телевизор и прошетајте се со вашето куче. Ако јадете многу ваква храна во вашата секојдневна диета, ќе го разорите вашиот црн дроб и имате склоност да заболите од дијабетес!
Вие одлучете што ќе правите понатаму...

Извор: списанието "24 часа здравје".

вторник, април 01, 2008

Четири најдобри диети на славните

Ќе ви претставам некои проверени , но и некои иновативни начини на исхрана, кон кои се придржуваат славните за да останат во форма.
На почетокот сакав да ви пишувам за нешто што според некои е вистинска диета и како да се придржуваме кон неа, но листајќи некои списанија најдов нешто интересно што мислам дека ќе ги интересира посебно девојките.
Многу девојчиња, мои пријателки, со кои сум разговарала знаеле да речат „од утре сум на диета“ , а од наредниот ден ....се е по старо. Според мене доколку сакаме да постигнеме некакви резултати, треба да се придржуваме до диетата, да си јадеме нормално по неколку пати на ден но како што налага самата диета, а не да гладуваме, мислејќи сме на диета.

Пронајдов 4 диети кон кои се придржуваат славните девојки:

1.) Аткинсова диета
Многу славни личности се придржуваат на Аткинсоновата диета, која се заснова на обемно внесување на протеини и многу малку јаглени хидрати. Теоретски, доколку се намалат јаглените хидрати, телото почнува да користи масни наслаги како главен извор на енергија. Конзумирањето на леб и тестенини не е дозволено. Аткинсоновата диета има 4 фази: индукција, почеток на губење на килограми, предодржување и одржување на килажата. (диетата ја користи Дениз Ричардсон)


2.) Beverly Hils диета
Поп ѕвездата Мадона ја објаснува основата на оваа диета: првите 10 дена се јаде само овошје после што постепено почнувате да внесувате јаглени хидрати и протеини. Треба да водите сметка јаглените хидрати да се во вид на производи од интегрални житарици, додека протеини да бараме во немасното месо и безмаслено млеко. Златно правило е овошјето секогаш да се јаде само, како и тоа јаглените хидрати и протеините никогаш да не се внесуваат заедно.



3.) Диета со свежа храна
Актерката Деми мур се придржува на диетата чија основа е свежата храна. Во теоријата неподготвената храна содржи живи ензими кои произведуваат енерија. Тие ензими со готвењето се уништуваат. Се потврдува исто така дека со конзумирањето на свеж зеленчук се троши многу повеќе калории, отколку кога е готвен. Во суштина, таквиот начин на исхрана се смета за вегетарјански, затоа што свежото месо и млечни производи се штетни по здравјето.



4.) Еден оброк дневно
Актерката Лиз Харли тврди дека современите диети со три и неколку мали оброци дневно имаат yo-yo ефект.Таа неодамна во едно списание изјавила дека јадела само еднаш дневно за да ги намали килограмите. Воглавно дневниот оброк треба да биде составен од зеленчук, немасно месо и леб, а овошјето не е дозволено.






Извор : Списанието „Скандал“.