недела, март 30, 2008

Моќта на крушката

Што би направиле, кога би се нашле среде пустина, на многу топло време... и... пред вас одненадеж се појави лав што сака да ве изеде!...
треба да стигнете во Рим, а во раката имате само една крушка!?

Дали знаете како треба да постапите?


Одговор:
Ќе ја фрлите крушката. Како што сите знаеме, "Крушка под круша паѓа!" Брзо ќе се качите на крушата и од што ќе бидете толку среќни дека сте му избегале на лавот, "Ќе ви падне камен од срцето!" Каменот ќе го убие лавот, а вие потоа безбедно ќе се симнете од крушата и без проблем ќе стигнете во Рим, бидејќи "Сите патишта водат во Рим!
"

Можеби вие знаете некој друг начин?
Со оваа шега сакаме да ве насмееме малку. Да ве оттргнеме од тешкото секојдневие. Смејте се почесто, бидејќи нели, сите знаеме дека смеењето го зголемува хормонот на среќа и оние кои се многу смеат, живеат подолго! Едноставно кажано:

СМЕЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ!
LOL :D


За да дознаете интересни податоци за смеењето, ви препорачуваме да кликнете на линков што е смеење?
Консултирано со wikipedia.

3 коментари:

Анонимен рече...

хм... кој знае што треба да се направи...
Јас би го удрила лавот со крушата по око, ќе го јавнам и ќе стигнам каде сакам!

Иван рече...

Јас крушата ќе му ја напикам в газ... па лавот од пусти маки сака неќе ќе се растрча како луд. Тогаш ќе му скокнам на ушка како ХОГАР СТРАШНИОТ, па ако имам среќа може и ке стигнам до Рим.

Анајлиб рече...

hehe ne ni znaev deka edna kruska i edne lav mozat da bidat olku interesni.
Inaku ne bi sakala da se najdam vo slicna sitacija, zosto vooruzena samo so kruska mi nema spas:(
A sto bi napravila e toa...........