четврток, мај 29, 2008

Што се случува ако не заспиеме три ноќи по ред?

Потребата за спиење е генетски детерминирана, таа е дел од нас како и бојата на косата и очите. Додека растеме може да варира од три до 11 часа дневно, иако на повеќето луѓе им се потребни 7 или 8 часа сон за нормално функционирање. За жал, модерниот живот носи и многу стрес, главна причина за несоницата.

Стручњаците човековата популација ја поделиле на три основни категории: "нормални спијачи" (98% од популацијата) потребно им е помеѓу 6 и 8 часа сон дневно, на "кратките" помалку, а на "долгите" повеќе. Кога спиеме нашиот мозок ги процесира информациите од изминатиот ден, особено вештините и податоците неопходни за психокоординација. Исто така сонот помага во справувањето со емоционалните проблеми, па така тие наутро изгледаат помали отколку навечер.

Иако за функционирањето на организмот, кој долготрајно е лишен од сон не се знае доволно, резултатите од постоечките истражувања ги опишуваат ефектите од неколку непроспиени ноќи по ред:

Една: времето на реакција на дразбите се удвојува, краткотрајната меморија ќе биде непотполна, но сепак ќе можете нормално да функционирате;

Две: вештината за конверзација и краткотрајната меморија ќе ви бидат речиси бескорисни. Тешко ќе можете да сложите реченица, ќе заборавате и ќе испуштате зборови. Порастот на нивото на хормонот кортизол ќе предизвика стрес кој ќе се одрази на расположението и имунолошкиот состав, па веројатноста од заболувања се зголемува;

Три: Доаѓа до пад на телесната температура, губење на мускулна сила, мешање на соништата и стварноста во вид на халуцинации. Ќе почувствувате неверојатна потреба за храна богата со јаглехидрати;

Четири: Халуцинациите стануваат се почести и полоши, доаѓа до тешкотии во движењето, губење на чувство на време... Се јавува несигурност и параноја, а во друштвото ќе се однесувате несоодветно и агресивно;

Пет: Телото има потреба за сон, халуцинациите се многу чести и речиси е невозможно да се одделат од стварноста. Се појавува чувство на студ, а кожата помодрува;

Шест и повеќе: Оние кои успеале да останат од шест до осум ноќи по ред будни немале во тој период некои посериозни медицински проблеми, но штета претрпеле нивните невролошки и биолошки функции. Во однос на способноста за социјална интеракција, тука може да дојде и до трајни оштетувања.

Што да се кажe освен, не пробувајте го ова на себе....
Извор: Вечер

Навистина живееме во динамичен свет, но без сон не можеме да фукнционираме, правилно. Колку и да немаме време за да ги завршиме обврските, сепак мора да се оделат барем 5-6 часа за правилен сон .



Моменатално ние студентите сме преоптоварени со испитите кои што следуваат, по цел ден на книга, и без сон тоа е нешто што организмот неможе да го издржи . Иако не чувствуваме сега, последиците ќе дојдат подоцна.....




Учете , уживајте, но најдете време и за спиење, погоре веќе можевте да прочитате што се се случува без сонот.....и запомнете наспани секогаш функционирате многу подобро :)

Нема коментари: