вторник, мај 06, 2008

Вакцинирање против пушење

Институтот "Каролинска" во Стокхолм развил вакцина која би требало да ги одвикнува луѓето од пушење. Со помош на средството наречено Niccin човековиот имунолошки систем би требало да развие антитела против никотинот и со тоа да го спречи неговото доаѓање во мозокот. Така би се оневозможило создавање чувство на пријатност во мозокот предизвикано од консумирањето никотин. Како следен чекор шведските научници планираат да ја тестираат вакцината на 400 луѓе, што би требало да потрае барем една година. Стокхолмскиот дневен весник сознал дека во светот се покренати најмалку 3 проекти за развој на вакцина против пушење. Дали некој од нив ќе биде успешен зависи од тоа дали средствата ќе бидат во состојба да го "натераат" човековиот организам да развие антитела за малите молекули на никотинот. Стручњаците размислуваат дека во случај на успех на натамошните истражувања, вакцината ќе се понуди како превентивна мерка и како помош во одвикнување од пушење.Верувам дека сите и тие што се пушачи, а особено тие што не се, би сакале овој шведски проект да испали. Децата уште во предучилишната возраст ќе имаат антитела против никотинот. Кога ќе ја запалат својата прва цигара во адолесцентниот период, ако воопшто и го сторат тоа, нема да чувствуваат никакво задоволство. Пушачите, а особено оние страсните, без голем проблем и без цврста воља, ќе можат да се одвикнат од оваа лоша навика.
Пред се од економски аспект гледано, ќе се заштеди огромна сума на пари. Ако курсот просечно би се движел 1 евро = 61,3 денари и доколку месецот процечно би имал 30 дена, а една кутија цигари би чинела точно 1 евро, тогаш според мојата математика, секој интензивен пушач кој купува по една кутија цигари дневно, доколку се одвикне од пушење, ќе биде во состојба да заштеди 1839 денари секој месец!
Тоа не се малку пари, бидејќи годишно тоа е заштеда од 22068 денари!
Сега вие размислете самите колку пари годишно трошите!
Дел од овие заштедени пари може да се вложат во козметички третмани, за подобрување на веќе уништената кожа особено на лицето, кај оние кои се одвикнале од овој порок.
Затоа размислете дали е убаво да се пуши? Која е користа од пушењето? Кои се позитивните и негативните страни од пушењето? Тргнувајќи од фактот дека корист од никотинит нема, а задоволството е толку кратко и недефинирано, не е ли редно време, ако се уште пушите цигари, да престанете со тоа? Само се упропастувате себе си, а не добивате ништо за возврат!
Не е ли поубаво задоволството тие заштедени 22068 денари доколку не би пушеле, да ги потрошите за да отидете некаде на одмор, на некое ексклузивно место??? Е тоа е веќе уживање!
You are the judge! ;)

Погледнете како никотинот кружи низ нашиот нервен систем.


Извор: неделникот "24 часа здравје".

Нема коментари: