вторник, мај 20, 2008

За поумни деца - јадете риба

Луѓето чии мајки во текот на бременоста конзумирале многу риба се поумни и психички постабилни, тврдат експертите.

Идните мајки треба да конзумираат колку што е можно повеќе риба, ако сакаат децата што треба да ги родат да бидат поинтелегентни. Ова го тврдат експертите од Универзитетот „Хардвард“, по нивните неодамнешни истражувања.

Научниците дошле до сознание дека децата чии мајки по четвртиот месец од бременоста конзумирале риба најмалку трипати неделно, побрзо и пологично размислуваат и имаат поиздржлив нервен систем.

Според докторите, состојките во рибиното месо како минералите, активните хемиски соединенија, меѓу кои и масните киселини, и уште некои компоненти, помагаат за поактивен развој на децата, а пред се за интелектуален напредок.

Извор: Кирилица

Нема коментари: