
Некои, и покрај тоа што имале навика редовно да вежбаат барем по 10 минути во денот, престануваат, бидејќи ја губат вербата во себе. Зарем тешко е да се одвојат 10 минути во денот? Навидум не, но кога си под таков огромен (испитен) стрес, навистина е тешко. Ако со трчањето се казнувате дека сте изеле пица за вечера, тешко дека сериозно ќе почнете да вежбате. За да почнете сериозно да вежбате, треба да имате мотивација, а не да го правите тоа како суспензивна мерка. Мотивација нека ви биде љубовта кон себе! Да не дозволиме во овој период да се запуштиме во буквална смисла на зборот. Книгите се важни, но сепак, најважни сме самите ние и нашето здравје и убав изглед.
Еве неколку чекори, како да не престанете да вежбате, кога сте под стрес или да започнете, ако се уште ја немате оваа важна навика:
1.) Најдете си мотив, нешто што ќе ве поттикнува постојано (љубовта кон себе).
2.) Без одложување - Тоа што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре!
3.) Препознајте кој тип на вежби е соодветен за вас.
4.) Немојте постојано да се мерите - тоа повеќе води во депресија (треба да се мерите најмалку 1 неделно).
5.) Комбинирајте разни начини на вежбање - ќе ви биде поинтересно и повеќе ќе ви се вежба.
6.) Правило од 10 минути - постевете си го за цел, а потоа ќе можете да вежбате уште 30 наредни минути, бидејќи ќе се загреете.
7.) Соодветна облека за вежбање.
8.) Дајте си време за новите навики - дури и неколку недели за да се самоприфатите, како човек кој редовно вежба.
9.) Визуелизирајте го успехот - постојано мислете на себе како вежбате, а не како се истегнувате пред телевизорот.
10.) Верувајте во добрата одлука - вежбањето ја зголемува самодовербата!
Извор: "24 часа здравје"
Нема коментари:
Објави коментар