Состојки: туна, пченка, 1 супена лажица мајонез или павлака.
Брзо, лесно, вкусно и ефтино.
Ова јадење нема да ве чини повеќе од 100 денари, ако не ги употребите најскапипе намирници. Поефтините исто така се доста вкусни.
Кога сакате да каснете нешто хранливо, вкусно и лесно за приготвување, а не ви се оди до продавница за да купите нешто, еве ви решение!
Во ладилникот со сигурност во некој ќош имате конзервирана храна во лименки. Токму тоа ви е потребно за овој рецепт.
Ќе земете една туна, без разлика дали е во масло или во солило. Најпожелно е на конзервата да пишува low fats, ако се одлучите за туна во масло, а исто така туната да е исецкана.
Исто така, ќе земете и една конзерва со пченка.
Земате едно подлабоко садче, во кое ќе можете да ја измешате убаво салатата. Туната ја цедите од вишокот на зејтин, истото го правите и со пченката. Ги истурате смесите во садчето и мешате.
Значи тоа би изгледало некако вака:
Салатата ќе биде многу повкусна, ако додадете една супена лажица мајонез. Сепак, ова не им го препорачувам на тие што сакаат да ја редуцираат својата телесна маса. Овие особи најпогодно ќе биде во салатата да додадат 1 супена лажица павлака.
Оваа салата е најпогодна за деновите на пост, бидејќи туната е риба, а зејтинот во кој туната е конзервирана е од растително потекло. Тие што постат нема да додадат павлака.
Значи, еве ви предлог за некој петочен ручен или вечера, кога нема да ви паѓа на ум што да подготвите.
Извор: секојдневната пракса од мојата кујна :)
вторник, мај 20, 2008
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар