Јагодите се првото сезонско овошје на нашето поднебје, кое пристигнува по долгите зимски месеци. Тие се вистински богат извор на витамини, минерали, растителни влакна и антиоксиданси. Традиционално се применуваат во народната медицина во многу култури. Уште старите римјани ги одгледувале заради нивните лековити својства.
Осум јагоди со средна големина се доволни во целост да ја задоволат дневната препорачана количина од витамин Ц, затоа што јагодите содржат рекордно повисок процент од овој витамин во однос на јужното овошје.
Состојките во јагодите имаат моќни антиоксидантски својства. Затоа јагодите ги намалуваат последиците од воспалителни процеси во организмот, го чуваат здравјето на артериите и ги спречуваат ризиците од заболувања на срцето.
Јагодите содржат фолна киселина, форма на витаминот Б, неопходна за создавање на црвените крвни клетки, затоа се препорачуваат на трудници и на деца во раст. Една порција јагоди задоволува околу 20% од дневните потреби за фолна кицелина.
Сокот од јагоди во комбинација со малку мед ги ублажува иритациите или изгорениците од сонце на кожата. Смесата се нанесува на кожата, се остава кратко време, а потоа се измива со млака вода и малку лимонов сок.
Но, јас не би дозволила ваква вкусна смеса да ја измијам со вода! :) Таа смеса треба да заврши во нечие стомаче.
Во 100 грама јагоди има 30 калории, што овозможува здрава, нискокалорична и вкусна ужина.
Јагодите содржат 90% вода, затоа брзо ја гасат жедта и се идеални за одржување на витка линија, особено кај оние кои се обидуваат да се ослободат од вишокот на некое килце.
Сепак, во секое бело има и малку црно. Така е и со овие Божествени плодови.
Имено, јагодите содржат протеини кои можат да предизвикаат алергиска реакција. Затоа треба да избегнувате да им ги давате на деца до 2 години, особено ако во семејството постојат случаи на алергија на јагоди.
Извор: "ЗЕГИН - Мали совети за здраво семејство"
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментар:
мммм.... колку обожавам јагоди, најубавото овошје:):):)
Објави коментар