сабота, мај 03, 2008

Доматите ја штитат кожата

Колку повеќе сурфам на интернет се повеќе дознавам работи што досега не сум ни помислила дека може да се случуваат. Отсекогаш сум сакала да пробам свежо доматче, онака од мерак да изедам една добра салата онака со сиренце м м м....ама не сум знаела дека таа салата освен тоа што ќе ме најаде :-) и ќе ми дозволи да уживам, може да помогне да се заштитиме од штетните сончеви зраци. Нема да ви откривам се, ќе прочитате и самите.

Јадењата кои содржат домати би можеле да станат вистинско оружје во борбата против брчките и изгорениците кои се последица од претерана изложеност на сонце, веруваат британските научници.

Истражувачите од универзитетите во Манчестер и Њукасл утврдиле дека дополнителното консумирање на јадења кои содржат домати може значително да ја поправат заштитата на кожата од ултравиолетовите зраци.

Оштетувањата кои се предизвикани од овие зраци може да доведат до предвремено стареење, па дури и рак на кожа.

Научниците позитивното влијание на доматите го објаснуваат со присутноста на антиоксидансот ликопен, чие ниво дополнително се зголемува при варење.

Ликопенот во разни студии е поврзуван со намалување на ризикот од рак на простата.

Новите податоци покажуваат дека тримесечната исхрана со зголемен внес на домати може за третина да ја зголеми заштитата на кожата од изгореници предизвикани од претерано сончање, дејство кое го имаат кремите за сончање.

Исто така е утврдено дека зголемената консумација на домати доведува до зголемување на нивото на проколагенот, молекула која ја одржува структурата и цврстината на кожата.

Епа луѓе јадете што повеќе домати ќе ни требаат за лето :-)

Извор: www.idividi.com.mk

1 коментар:

Irshad рече...

this really very precise info in this post and it is likable,valuable and relaible post