Танцувајте, скокајте со јаже или боксувајте во воздух. Секогаш кога сте слободни активирајте го телото и ќе ја подобрите вашата фигура и кондиција.
На многумина веќе им е здосадено од вежбање во теретана или трчање покрај кеј. Сепак физичката активност е многу важен дел од секојдневното живеење и не смее да се изостави. Ако спаѓате во онаа група на луѓе кои се мрзливи и само понекогаш сакате да се размрдате, тогаш овие вежби се одлични за вас.
Боксување во воздух. Звучи необично, но не и невозможно. Пет минути на ден силно удирање во воздух ќе ви овозможи да ги зацврстите мускулите на рацете. Вежбата е лесна, а шансите да се повредите се минимални. Додека замавнувате обидете се брзо да се движите во место.
Скокање со јаже. Ова на прв поглед изгледа како вежба за девојчиња. Сепак ова е многу добра физичка активност со која се активираат сите мускули. Неколкукратно вежбање во текот на денот ја подобрува циркулацијата, ги топи маснотиите и ги согорува калориите.
Танцување. Кога сте расположени пуштете неколку брзи песни. Мрдајте со колковите, активирајте ги рацете и нозете. Освен што ќе се забавувате ќе ја подобрите и телесната кондиција.
Заедничко за сите овие вежби е тоа што може да ги правите секогаш кога сте слободни. Не бараат дополнителен ангажман или финансиски трошоци. Подобрување на фигурата ќе забележите после неколкунеделно редовно вежбање.
Извор: Кирилица
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар