сабота, април 05, 2008

До сјајна коса со помош на млеко

Претпоставувам дека сите имаат проблеми со косата. Пред се тоа е цветањето, губењето на сјајот на косата. Косата понекогаш знае да ви стане сува и изгорена... и што уште не! УЖАС! Едноставно ви иде да земете машинка за шишање и да се бапнете на кец!
Овие аномалии имаат различни причинители. Пред се тоа е шампонот и регенераторот кои ги користите, а потполно не одговараат на вашиот тип на коса. Потоа, нашава македонска премногу хлорирана вода, потоа водата во базените, која ја суши косата. Сонцето, кое наскоро ќе биде главен уништувач на косата, од кој мораме да се заштитиме со капа. Сонцето ја гори косата до темел и дури ја избледува и природната боја на косата! Потоа нередовното потшишување, како и фарбањето. Фенирањето на косата, користењето на пегла за коса или фигаро, како и разните хемикалии за styling, како гелови, пени, лакови за коса, а исто така и виткањето на косата со помош на разни хемиски средства, како на пример "ладна".
На косата и треба одмор од сето тоа, но како да дојдеме до одмор на нашата коса во ова брзо и динамично време? Ние немаме време да се одмориме и да се наспиеме самите, а камоли па нашата коса?
Сепак можеме, ако сакаме, да одвоиме некои 20-тина минути во неделата за да се погрижиме за нашата коса, ако сакаме убаво да изгледа. Тоа нема да не чини скоро воопшто, бидејќи сите потребни намирници, за да си направиме убава маска за коса, ги имаме во нашиот дом, на непосреден дофат на раката.
Нема да ви бидат потребни разните маски, балзами, средства против цветање, кои ги произведуваат скоро сите фирми за козметика, а се изгор-скапи! Не го негирам нивното користење, бидејќи и ти се потребни, имаат ефект. Но и тоа се хемикалии, и ќе треба косата тотално да си ја уништиме барајќи го вистинскиот препарат, кој потоа едноставно само ќе ни го краси купатилото, бидејќи нема да имаме на што да го нанесеме! :D
Својата коса и тело, ги негувале уште античките народи. Клеопатра просто се капела во млеко и мед, за да има убава коса и кожа!
Затоа, еве што треба да направиме и ние:
Еднаш неделно потребно е на косата да се стави маска, на која ќе и додадеме млеко. Тоа ја негува косата, го враќа сјајот, а исто така го спречува цветањето на косата. Едноставно косата ќе ви биде во подобра форма!


Маска за коса од павлака -
за уништена коса. Да се измешаат 2 лажици павлака со 1 лажичка сок од цеден лимон и 1/2 лажичка пченкарно масло. Мешавината ја нанесуваме на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.

Маска за коса од невен и млеко-
за сува коса. 1/2 филџан млеко да се измеша со 1 жолчка и 1/2 чај од невен. Да се нанесе на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.


На првата слика е покажано едно човечко влакно од уништена коса, зголемено со микроскоп. Видете колку е одвратно!

Извор: полското списание "Dobre rady".

1 коментар:

Анајлиб рече...

stvarno cudno izgleda kosana pod mikroskop, akko slama:(:(:(