вторник, април 22, 2008

Домашно изработени маски за лице

Помина зимата. Сега е пролет.
Покрај тоа што ви сугериравме и што ве советувавме што поскоро да започнете со детоксификацијата на вашето тело одвнатре, време е и да започнете со надворешното средување.

Секако дека детоксификацијата е многу важна за спречување на разни заболувања, но и за убава кожа, намалување на целулитните наслаги, за поубави нокти, коса... Значи, не можеме да бараме убава кожа на лицето, се докека не го исчистиме нашето тело одвнатре.

Сега, откако нашиот организам е исчистен од секакви отровни материи, треба да се погрижиме и некако за нашето лице, пред да започне жешкото и мачно лето.

Тоа е најубаво да го сториме на козметичар. Но ако немате доволно пари, или ако едноставно не практикувате да одите на козметичар, тоа може да го направите и самите дома. Се што е домашно и природно е најубаво.

Се разбира дека постојат маски за лице и за коса, најчесто во пакувања за 2 употреби, во сите поголеми маркети во нашава држава како и во парфимериите и аптеките. Овие маски ги има буквално со разни вкусови и од многу производители. Ценовно, исто така не се многу скапи (некаде околу 100тина денари - горе-долу), зависно од марката. Вреди да се проба, но хемија си е хемија, а тоа што го имаме во нашиот ладилник, во градината, во шкафчињата со зачинии и билки и каде уште не... сето тоа е природно, а нашиот буџет, воопшто нема да се намали ако ги употребиме.

Правењето на сопствени домашно изработени маски за лице, не е воопшто тешко, особено со овие рецепти за маски за лице, кои ви ги посочувам. Не ви е потребно ни многу време (15 - 20 минути). Секако дека ќе ги одвоите овие минути од вашето драгоцено време, да се погрижите за вашата убавина.
Вашата кожа ќе свети и ќе се чувствува прекрасно.
Потребни се само 2 или 3 намирници, мешате, нанесувате налицето, и по неколку минути, зависно до маската што сте ја подготвиле, плакнете со млака вода.
Лесно како 1,2,3!

На пример, ако имате проблем со затнати пори, ви препорачувам да ја пробате маската за лице од портокал и јогурт.
Ако пак, имате мрсна кожа, најсоодветна е маската за лице од цитрон.
Ако сакате да имате нежна и мека кожа на допир, тогаш пробајте ја маската за лице од авокадо.
Дејството на маската за лице од банана, мед и јогурт, е идентично со нејзиниот вкус. Затоа најубаво е едната половина од овој рецепт да ја употребите како маска за лице, а другата половина да ја изедете :)

На сајтот кој ви го посочувам, имате повеќе видови на маски за лице. Кога ќе си ја најдете соодветната, само кликнете на насловот за да ги видите потребните намирници, начинот на приготвување и упатството за употреба.



Рецепт за природен пилинг на лицето:

Две раце трици попарете ги со врела вода (или чај од жалфија, рузмарин или камилица). Потоа додадете една белка. Смесата добро се меша за да стане густа каша. Потоа смесата ја ставате на лице и чекајте да се исуши. Пред сосема да се исуши, масирате ја кожата на лицето со кружни движења и истовремено отстранувате ја маската. На крајот измијте го лицето со чај од камилица.
На ист начин можете да направите пилинг на лицето и со други материјали:

* Мелени бадеми и мед
* Овесно брашно и мед
* Квасец и млеко
* Пченкарно брашно и чај


Извори:
Рецепти за маски за лице
Моја медицина

Нема коментари: