Како да ослабнете?
Како да се ослободите масните наслаги?
Како да го загубите она сало наталожено околу стомакот?
Отстранувањето на вишокот масни наслаги, во принцип е едноставен процес, но бара истрајност и упорност. За да успеете, потребно е секојдневно да работите со себе. Тајната е во правилната исхрана и редовната умерена физичка активност.
Интензивните диети, кои ветуваат брзо губење на килограмите, се ефикасни само додека ги практикувате. Иако звучи иронично, брзото губење на килограмите доведува и до нивно брзо враќање. Луѓето кои практикуваат строги диети и нередовни интензивни тренинзи, откако ќе се вратат на старите навики за јадење, поточно кога ќе се вратат на стариот стил на живеење, вообичаено за кратко време повторно се соочуваат со зголемена телесна тежина.
Една од најчестите и најголеми грешки е верувањето дека со изгладнување ќе се ослободите од масните наслаги!
Со неадекватна исхрана, метаболизмот станува побавен, со цел да го надокнади недостатокот на хранливи материи. Ако јадете недоволно, а сте физички активни, ќе се доведете во состојба на истоштеност, постојано чуство на глад и нервоза.
За да ги спречите несаканите ефекти и ризици од изгладнувањето, треба да јадете почесто, 4-5 пати во денот, но мали и здрави оброци. Ако внесувате околу 1500 калории дневно, доволни се 30 минути вежбање (стомачни вежби), за да се спречи наталожувањето на масни наслаги околу стомакот.
Бидете истрајни кога започнувате со вежбање или нов режим на исхрана. Со пропуштање на "само" 1 ден, ризикувате да пропуштите уште еден и набрзо да се вратите на почеток. Дури и откако ќе се ослободите од вишокот масти, не ја прекинувајте рутината некој период, а никако наеднаш! Најубаво е да си останете во тој нов здрав режим на живеење. Здравата храна и физичката активност треба да бидат ваше секојдневие!
Консултирано со: Зегин - мали совети за здраво семејство
петок, април 18, 2008
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар