Едноставниот "алат" за чешлање може да ви изгледа невин во споредба со фенирањето, пресите за коса и сличните направи. Но ако се чешлате со погрешниот "алат"' во погрешно време, косата може......да ја оштетите и без употреба на електричните уреди.
Цврста и кадрава коса          
Користете чешел со ретки запци и густа четка која ќе досегне до проблематичните          точки.
Нежна рамна коса
Го бара токму спротивното. Чешел со густи запци и ретка четка. Четките          за виткање од влакна од вепар по правило се наменети за фината и нормална          коса.
* Четки од најлон се добри за          многу густата коса.
* Четки од мешан материјал за нормална и густа кратка коса.
Сепак, најважно е како косата ќе реагира на чешлањето. Ако по чешлањето почувствувате статички електрицитет или било каква непријатност, задолжително сменете ја четката.
Избегнувајте метални          и дрвени чешли - без оглед на типот на косата. 
Мекиот, речиси гумен чешел, ќе нанесе најмалку штета на тенката коса.          
Времето на чешлање          е исто така важно: 
Никако не чешлајте ја косата додека е мокра. Освен ако немате коса како          Африканците - е тогаш чешлајте ја само кога е мокра.
Дијамантски сјај за коса 
Ако е точно дека ништо не може да го растрепери женското срце како што          можат дијамантите, и ако е точна девизата на Мерилин Монро дека " дијамантите          се најдобар пријател на девојките", не е чудо што овој толку чист и блескав          скапоцен камен е симболот на новата колекција за нега на коса на " класикот NIVEA, насловена " Diamond gloss" или " Дијамантски сјај"
 
Во оваа колекција има шампон, регенератор, спреј ја потхранување на косата што не треба да се измива, лак за коса, восок и пена за коса, кои ќе направат секоја жена да блесне.
И оваа колекција содржи полимери и пантенол што даваат посебна влажност на косата, како и специјални микродијамантски честички што го дополнуваат сјајот на здравата и негувана коса.
Новата технологија, која применува силикони и пигменти од бисер и овозможува на косата заслепувачки дијамантски блесок, еластичност и волумен кои траат во текот на целиот ден.
Извор: веб страната: ДОЗНАЈ


2 коментари:
Monika staj drugo nesto od nivea
na praimer denes nesto sto lepevme nekoj proizvod i da ne zaboravis toa sto zborevme za koka kola lajt i menta da stavis na blogot
pozdrav i koga ke se slusnes so ivan da go pozdravis
e monika kako si sobra li e staj nesto drugo od nivea i da ne zaboravis da stavis za koka kola lajt i za menta i koga ke se slusnes so ivan da go pozdravis
pzodrav
Објави коментар