вторник, април 22, 2008

МАКЕДОНСКИ РЕЦЕПТИ ЗА ВИТА СТАВА


Македонската кујна изобилува со богата и разновидна трпеза. Во зимскиот период на нашата трпеза често е застапена сармата, гибаниците, пастрамајлиите, свинското и јагнешкото печење... И да сакаме да внимаваме на исхраната за да не ги накачиме килограмите всушност станува скоро невозможно, особено ако сме големи гурмани. Со одредени рецепти кои ќе Ви ги предложиме ќе успееме да Ви направиме правилна комбинација на храната и сепак да уживате во јадењето, а да не ги зголемите Вашите килограми.

Ако за Вашата трпеза сакате да приготвите
сарма, таа нека биде направена или само од ориз или само од месо, но никако во комбинација од месо и ориз. Комбинацијата на јаглехидратот и протеинот на еден оброк дефинитивно го оптоварува метаболизмот и организмот. Во сармата со ориз наместо месо можете да додадете соја, која е соодветна замена за месо, а сепак е во правилна комбинација со оризот.

Задолжително на трпезата да биде застапена свежата салата која ќе биде составена од микс на свежи разновидни зеленчуци. На пример: комбинацијата од зелката , цвеклото, морковот, белата трупка, ротквицата...

Зашто токму цвеклото?
Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца, ја подобрува косата, ноктите, ја решава опстипацијата- отежнатото празнење на цревата (запек), а најважно од се донесува оптимистичко расположение. Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува врзивното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум. Како препорака секогаш цвеклото јадете го во свежа состојба - сирово. Сите оние кои неможат да го комзумираат цвеклото во свежа форма, можат да пијат сок од природно цедено цвекло, во комбинација со разноврсно овошје и зеленчук. Наш совет за сите оние кои не го поднесуваат мирисот на цвеклото е да го купуваат што помало затоа што тоа цвекло нема да ја поприми миризбата на земја.

Ако сте љубители на
месо и ако треба да изберете меѓу свинско и телешко месо изберете го телешкото или јагнешкото. Пригответе преубава турли тава со месо и разноврсни зеленчуци во кои нема да има компир, боранија и грашок. Нека изобилува брокулата, карфиолот, морковот, доматот, пиперката, зелката...

Збор два за брокулата...
Овој зелен зеленчук е многу ретко застапен во нашата македонска кујна, а преставува бомба од хранливи продукти.
Брокулата е најдобар антистресен зеленчук и се препорачува кај сите што се под стрес, кај спортистите, кај децата во развој. Одлична е и за заштита на слузницата ако се јаде барем 3 пати во неделата, особено за заштита на цревната слузница. Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и го заштитува срцето. Ќе Ви овозможи да го елиминирате вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ќе ги елиминира токсините од организмот.
Пијте големо количество на
природно цедени сокови од овошје и зеленчук секогаш разблажено со вода. Или пак секое добро јадење залијте го со една чаша добро црвено вино.

На здравје!

Извор: Вита диет спа клубот.

Нема коментари: