вторник, април 15, 2008

Животниот стил на жителите на Окинава

Постојано слушаме и читаме за важноста на животниот стил врз нашето здравје.
Тоа значи, дека за да сме здрави, не е доволно само да ја смениме нашата диета, или пак само да почнеме да вежбаме, или да престанеме со некоја лоша навика, а да продолжиме со останатите.
Колку сме здрави, ќе дознаеме од целата комбинација на сите тие елементи заедно. Значи нашиот начин наживот потполно се одразува на нашето здравје. Секоја негова промена, може да го влоши или подобри нашето здравје.


Островот Окинава


Оттука се наметнува прашањето:
КОЈ ЖИВОТЕН СТИЛ Е НАЈДОБАР?

Многу може да се научи од луѓето кои живеат на Окинава, остров од групата острови која се протега од Јапонија до Тајван. Овој остров го населуваат 1,3 милиони жители, кои го имаат најдолгиот животен век на планетава. Бројот на жители над 100 години е за 4 пати поголем од оној во западните земји.
Секако животниот стил на жителите на островот има голема улога во долговечноста.

Каков е нивниот начин на живот?


Овие луѓе го прават следново:

* Не пијат алкохол и не пушат цигари.

* Јадат месо во мали количини - речиси 3/4 од нивната исхрана е од растително потекло. (Не јадат свинско)

* Јадат малку масти и речиси воопшто не консумираат рафиниран шеќер.

* Практикуваат еден вид културолошка навика HARA HACHI BU, според која, на првиот знак на ситост, престануваат да јадат. Тоа значи дека јадат околу 20% помалку од жителите во западните земји, односно околу 400 - 500 калории помалку на ден.

* Најголемиот број од нив се физички активни - танцуваат, пешачат, се занимаваат со градинарство и вежбаат умерени боречки вештини.

* Не пијат антидепресиви - за да се справат со стресот или анксиозноста.

* Медитираат и се потпираат на силната подршка од семејството и околината.


Се надевам дека ве заинтересираа овие податоци и дека ќе преземете некои од навиките на стилот на живеење на овие здрави луѓе од островот Окинава.
Сметам дека помеѓу сите, најинтересна е навиката HARA HACHI BU, бидејќи покрај диетата која што ја применуваме, најважно е да не се прејадуваме! Се јаде до ситост! Ако не го правиме тоа, секогаш ќе имаме мачнина во стомакот, бидејќи храната споро ќе се вари во нашиот желудник. Со самото тоа го оптоваруваме и црниот дроб, што многу лошо се одразува врз нашиот организам. Бидејќи нашето тело добива одеднаш огромна количина на калории, не е во состојба сето тоа да го потроши и затоа тие хранливи материи се таложат како резерва во нашиот организам, во вид на сало.


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство

Нема коментари: