Што е всушност млекото?
Сите знаеме дека млекото е еликсир на младоста и убавината, бидејќи ги содржи скоро сите хранливи состојки кои му се потребни на нашиот организам! Неговото дејство го откриле уште древните народи пред да се развијат хемијата, медицината и другите науки.
Кога ќе го слушнеме зборот МЛЕКО, тој најпрво не асоцира на кравјото млеко. Сепак, овој збор, опфаќа многу повеќе поими. Консултирајќи ја нашата македонска Википедија, дознавме што навистина значи млекото:
Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, суво млеко и други продукти.
Истиот термин може да се користи и за:
- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.
- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.
За секој продукт, во денешно време имаме голем избор, како во квалитетот, така и во видот, потеклото, начинот на изработката, фирмата и слично. Кога треба да консумираме млеко или млечни производи, исто така имаме на располагање голем дијапазон на производи. Почнувајќи од свежото млеко, јогуртот, кашкавалот и неговите подвидови, потоа сирењето, павлаката, млечната маст-путерот и што уште не. Потоа, изборот го имаме и во земјата на потекло, фирмата која што го произведува производот, количеството на млечна маст во продуктот, потоа, дали продуктите се дополнително збогатени со калциум и други витамини и минерали... завршувајќи на тоа од кои пасишта и предели во светот, е собирано млекото. Но, што пасело на тие пасишта? Се разбира, ако зборуваме за млеко и млечни производи кои се наменети за луѓето, тоа мора да се крави, кози или овци, а во краен случај магариња. За да го разбиеме овој шаблон, јас пронајдов еден многу интересен податок од полската википедија, во кој се опишани хранливите состојки на млекото од повеќе видови животни. Па сега, погледнете ја слободно табелата и самите видете кое млеко е најздраво за пиење! :)
Ако сакаме млечна маст би требало да измолзиме една фока, а доколку ни требаат повеќе белковини, слододно придружете им се во цицањето на малите мачиња од нивната мајка - мачка!
Среден состав на млеко кај разни видови на животни (g/100 ml):
Од Википедија, слободна енциклопедија
Табелата е преземена од Полската Википедија
Нема коментари:
Објави коментар