
Хемиските состојки присутни во чоколадата, чајот, грозјето и боровинките можат да го подобрат помнењето, утврдиле американските научници од Салк институтот.Истражувањето е спроведено врз глувци, а се планираат тестови со кои ќе се провери влијанието на епикатехинот и кај луѓето.
Резултатите објавени во „Journal of Neuroscience“ сугерираат дека епикатехинот го подобрува протокот на крв во мозокот, посебно во комбинација со физичка активност.Нутриционистите предупредуваат дека чоколадата изобилува со масти и шеќери кои би можеле да го поништат позитивното влијание на епикатехинот.
Постарите истражувања за соединенијата од групата на фаланол, во која спаѓа и епикатехинот може да придонесат за подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Ни претстојат денови во кои треба да ги спремаме нашите завршни испити , затоа сметам дека ова е корисна информација за сите нас.
Значи штом осетите дека губите концентрација земете чоколадо, чај, боровинки или грозје, навистина многу добро делуваат:)
Извор: ИДИВИДИ


Нема коментари:
Објави коментар