Како да употребите кондом на возраст над 47 години???
Кутрите луѓе... Сакаат а... не можат
Видете како јас би ја решила погоре зададената проблематика и слободно коментирајте. Ако имате посоодветно решение, кажете го! :D
Импотенција (еректилна дисфункција) е состојба при која не доаѓа до соодветно укрутување на пенисот при сексуална стимулација, а како последица на тоа, доаѓа и до неможност за пенетрација при сексуален однос.
Повеќе од 50% од мажие по 40-тата година од животот имаат повремено ваков проблем. Некои имаат проблем со почетната ерекција, додека други можат да имаат почетна ерекција, но имаат проблеми со одржување на ерекцијата во текот на односот.
Проблемот всушност е во недоволниот проток на крв во пенисот, а може да биде привремен или постојан. Ако проблемот е привремен, обично се работи за психолошка причина која се јавува заради премореност, стрес, брз начин на живеење, алкохол и сл. Проблемот е постојан кај луѓе кои имаат некоја органска болест, a во оваа група спаѓаат околу 70% од сите заболени. Тоа се најчесто срцеви болести, покачен крвен притисок, покачен холестерол, шеќерна болест или проблеми со простата.
Депресијата исто така може да доведе до еректилна дисфункција, но и повреда на рбетниот мозок, одредена група на лекови, пушење и прекумерна употреба на алкохол. Најчеста причина за заболувањето е задебелување на ѕидовите на крвните садови поради покачен холестерол (крвни садови тогаш се стеснуваат), или пак оштетување на нервите кои ги следат крвните садови при шеќерна болест, хируршки интервенции на простата и тн.
Еректилната дисфункција може да доведе до сериозни проблеми во семејството, кои неретко завршуваат со развод. До пред 10-тина години лечењето на оваа состојба било многу ограничено. Но, денес постојат многу подобри изгледи проблемот да се реши, или со психотерапија или со друг начин на лекување при органска болест.
Извор: Од првиот македонски портал за медицина МОЈА МЕДИЦИНА
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар