недела, април 13, 2008

Пролетно прочистување на телото

Според Др. Питер Бенет од американската Хелиос Клиник, детоксификацијата е ефикасна затоа што дејствува на клеточно ниво, односно ја подобрува работата на клетките, како основни единици во градбата на човечкото тело.

Подолгото траење на денот, повеќе сончеви часови, поголема слобода на движење се благодетите на пролетта, кои се доволни да ве мотивираат да започнете со нови активности.
Додека во текот на зимата сте внесувале покалорична исхрана и сте биле помалку физички активни, сега е време да му се посветите на своето тело и да се ослободите од токсините акумулирани во зимскиот период.
Детоксификацијата со векови се практикувала во многу култури, а се однесува на одморање, прочистување и потхранување на телото одвнатре.
Преку отстранување на токсините и внесување на здрави хранливи состојки во телото, со детоксификацијата си овозможувате заштита од бројни болести. Овој процес ви овозможува полесно да го одржувате своето здравје.
Човековото тело поседува сопствен систем на заздравување и прочистување, а со помош на детоксификација се подобрува и поттикнува неговата ефикасност.



Прочистување на природен начин:

Почнувајќи од рана пролет, на зелените пазари постојано пристигнуваат нови плодови. Искористете ги зеленчукот и свежите овошја за да го прочистите своето тело. Детоксификацијата не значи изгладнување, туку намалување на внесот на токсини во телото.
Елиминирајте ги алкохолот, газираните пијалоци, цигарите, рафинираниот шеќер и заситените масти. Сите тие дејствуваат како пречки за процесите на прочистување и заздравување.
Одвојте 3 до 7 дена и во овој период јадете само овошје, зеленчук и житарки со цели зрна. Избегнувајте бел леб, месо, млеко и млечни производи, производи кои содржат конзерванси, шеќер и други засладувачи. Не заборавајте да пиете повеќе вода.



Физички активни:

Искористете ја пријатноста на пролетното сонце, излезете на подолги прошетки, возете велосипед, планинарете. На овој начин ќе се чувствувате подобро секој ден, што претставува дополнителна мотивација да продолжите со новиот здрав начин на исхрана и физичка активност.



Детоксификацијата е многу значајна доколку имате проблеми со целулитот и сакате побрзо да го отстраните. За решавање на овој проблем, во детоксификацијата ќе треба да вклучиме огромно количество на вода. Тоа е со цел да им помогнеме на клетките да се ослободат од токсичните материи кои ја задржуваат водата и мастите токму во тие слоеви под кожата, создавајќи го тој изглед на кора од портокал.
Со доктор Питер Бенет, јас не се согласувам кога вели дека не треба да се внесува месо и млечни производи. Можеби тоа е добро за првите 3 дена од детоксификацијата, но не и за понатаму.
Најважно е да го одбегнеме свинското месо. Месото од мисирка и риба, зготвени или испечени (со цел да се одбегне маслото), се многу хранливи, малку калорични и се едни од месата со најмалку холестерол. Ако не пиеме безмасно млеко, нема да имаме доволно витамини, минерали и калциум во организмот, а ако не пиеме безмастен јогурт, нема да имаме добра перисталтика на цревата. Доволно е само да ги одбегнуваме сирењето и кашкавалот како и павлаката, поради големата количина на маснотии. Овој доктор, во својата статија исто така не спомнал ништо за солта и за зачините, кои мораме да ги одбегнуваме кога си правиме детоксификација на организмот.

Кликнете на оваа слика или на текстов, за подобар поглед и за да може да прочитате што се се случува со органите за време на детоксификацијата!


Извор: Зегин - мали совети за здраво семејство

Нема коментари: