Христос Навистина Воскресна!
Им посакуваме се најубаво на сите оние кои денес го слават овој голем настан.

Здравјето е најважно, убавината доаѓа сама по себе. Кој ќе се грижи за нас, ако не самите ние? Ние сме тука во обид да ви помогнеме токму во тоа и се надеваме дека нашиов блог ќе претставува енциклопедија за здравјето и убавината од која секој ќе црпи нешто за себе!


опстипацијата- отежнатото празнење на цревата (запек), а најважно од се донесува оптимистичко расположение. Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува врзивното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум. Како препорака секогаш цвеклото јадете го во свежа состојба - сирово. Сите оние кои неможат да го комзумираат цвеклото во свежа форма, можат да пијат сок од природно цедено цвекло, во комбинација со разноврсно овошје и зеленчук. Наш совет за сите оние кои не го поднесуваат мирисот на цвеклото е да го купуваат што помало затоа што тоа цвекло нема да ја поприми миризбата на земја.
Збор два за брокулата...
Едноставниот "алат" за чешлање може да ви изгледа невин во споредба со фенирањето, пресите за коса и сличните направи. Но ако се чешлате со погрешниот "алат"' во погрешно време, косата може...Цврста и кадрава коса
Користете чешел со ретки запци и густа четка која ќе досегне до проблематичните точки.
Нежна рамна коса
Го бара токму спротивното. Чешел со густи запци и ретка четка. Четките за виткање од влакна од вепар по правило се наменети за фината и нормална коса.
* Четки од најлон се добри за многу густата коса.
* Четки од мешан материјал за нормална и густа кратка коса.
Сепак, најважно е како косата ќе реагира на чешлањето. Ако по чешлањето почувствувате статички електрицитет или било каква непријатност, задолжително сменете ја четката.
Избегнувајте метални и дрвени чешли - без оглед на типот на косата.
Мекиот, речиси гумен чешел, ќе нанесе најмалку штета на тенката коса.
Времето на чешлање е исто така важно:
Никако не чешлајте ја косата додека е мокра. Освен ако немате коса како Африканците - е тогаш чешлајте ја само кога е мокра.
Дијамантски сјај за коса
Ако е точно дека ништо не може да го растрепери женското срце како што можат дијамантите, и ако е точна девизата на Мерилин Монро дека " дијамантите се најдобар пријател на девојките", не е чудо што овој толку чист и блескав скапоцен камен е симболот на новата колекција за нега на коса на " класикот NIVEA, насловена " Diamond gloss" или " Дијамантски сјај"
Во оваа колекција има шампон, регенератор, спреј ја потхранување на косата што не треба да се измива, лак за коса, восок и пена за коса, кои ќе направат секоја жена да блесне.
И оваа колекција содржи полимери и пантенол што даваат посебна влажност на косата, како и специјални микродијамантски честички што го дополнуваат сјајот на здравата и негувана коса.
Новата технологија, која применува силикони и пигменти од бисер и овозможува на косата заслепувачки дијамантски блесок, еластичност и волумен кои траат во текот на целиот ден.
Извор: веб страната: ДОЗНАЈ
Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и го успорува меѓудругото и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје.
Помина зимата. Сега е пролет.
Рецепт за природен пилинг на лицето: Две раце трици попарете ги со врела вода (или чај од жалфија, рузмарин или камилица). Потоа додадете една белка. Смесата добро се меша за да стане густа каша. Потоа смесата ја ставате на лице и чекајте да се исуши. Пред сосема да се исуши, масирате ја кожата на лицето со кружни движења и истовремено отстранувате ја маската. На крајот измијте го лицето со чај од камилица.
На ист начин можете да направите пилинг на лицето и со други материјали:
Кутрите луѓе... Сакаат а... не можат

Како да ослабнете?

Како да го избегнете падот на менталната способност по јадење?
Хемиските состојки присутни во чоколадата, чајот, грозјето и боровинките можат да го подобрат помнењето, утврдиле американските научници од Салк институтот.
Резултатите објавени во „Journal of Neuroscience“ сугерираат дека епикатехинот го подобрува протокот на крв во мозокот, посебно во комбинација со физичка активност.
Островот Окинава

Според Др. Питер Бенет од американската Хелиос Клиник, детоксификацијата е ефикасна затоа што дејствува на клеточно ниво, односно ја подобрува работата на клетките, како основни единици во градбата на човечкото тело.
Кликнете на оваа слика или на текстов, за подобар поглед и за да може да прочитате што се се случува со органите за време на детоксификацијата!Што е всушност млекото?
Сите знаеме дека млекото е еликсир на младоста и убавината, бидејќи ги содржи скоро сите хранливи состојки кои му се потребни на нашиот организам! Неговото дејство го откриле уште древните народи пред да се развијат хемијата, медицината и другите науки.
Кога ќе го слушнеме зборот МЛЕКО, тој најпрво не асоцира на кравјото млеко. Сепак, овој збор, опфаќа многу повеќе поими. Консултирајќи ја нашата македонска Википедија, дознавме што навистина значи млекото:
Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, суво млеко и други продукти.
Истиот термин може да се користи и за:
- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.
- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.
За секој продукт, во денешно време имаме голем избор, како во квалитетот, така и во видот, потеклото, начинот на изработката, фирмата и слично. Кога треба да консумираме млеко или млечни производи, исто така имаме на располагање голем дијапазон на производи. Почнувајќи од свежото млеко, јогуртот, кашкавалот и неговите подвидови, потоа сирењето, павлаката, млечната маст-путерот и што уште не. Потоа, изборот го имаме и во земјата на потекло, фирмата која што го произведува производот, количеството на млечна маст во продуктот, потоа, дали продуктите се дополнително збогатени со калциум и други витамини и минерали... завршувајќи на тоа од кои пасишта и предели во светот, е собирано млекото. Но, што пасело на тие пасишта? Се разбира, ако зборуваме за млеко и млечни производи кои се наменети за луѓето, тоа мора да се крави, кози или овци, а во краен случај магариња. За да го разбиеме овој шаблон, јас пронајдов еден многу интересен податок од полската википедија, во кој се опишани хранливите состојки на млекото од повеќе видови животни. Па сега, погледнете ја слободно табелата и самите видете кое млеко е најздраво за пиење! :)
Ако сакаме млечна маст би требало да измолзиме една фока, а доколку ни требаат повеќе белковини, слододно придружете им се во цицањето на малите мачиња од нивната мајка - мачка!
Среден состав на млеко кај разни видови на животни (g/100 ml):
Извори:
Салвестрол Q40 во многу поголема мера е присутен во кората, отколку во самото овошје, а спаѓа во групата на фитоалексини, хемиски соединенија кои растенијата ги произведуваат како одбранбен механизам од напаѓачи како што се инсектите или габите.
Лабораториските испитувања покажале дека оваа материја кога ќе се најде внатре во клетките на ракот станува токсична, притоа предизвикувајќи уништување на овие клетки.
Оваа трансформација е последица на ензимот P450 CYP1B1 чие ниво е зголемено во клетките на ракот. Салевестролот Q40 за нив е 20 пати потоксичен отколку за здравите клетки.
Наодите укажуваат на можноста дека современите трендови за отфрлање на кората на ова овошје, можно е да придонело за зголемената појава на одредени облици на карцином.
Научниците веруваат дека на база на нивната студија ќе може да се развијат нови, природни третмани на рак.
Салвестролот е присутен и кај други видови на овошје и зеленчук, како на пример брокулата.
Неговото ниво е поголемо доколку насадите биле изложени на некои инфекции, така што користењето на пестициди и фунгициди придонесува за помала присутност на салвестролот.

Едноставно ви иде да земете машинка за шишање и да се бапнете на кец!
Оваа топка е наменета за вежбање. Мислам дека се користи во некои смирувачки дисциплини, слични на јогата. Ја користат трудниците во своите тренинзи.
Лицата кои продолжуваат да пушат и по преживеаниот срцев удар имаат три пати поголеми изгледи за нови здравствени проблеми со срцето, покажуваат новите научни истражувања. Истражувањето спроведено на лица помлади од 36 години покажало дека испитаниците кои продолжуваат со пушењето по првиот доживеан инфаркт имаат далеку поголем ризик од нов срцев напад, тешки хируршки зафати на срцето, како и смрт како последица на кардиоваскуларни проблеми.
Во студијата, која траела 10 години учествувале 150 испитаници. Претходно прибраните податоци покажале дека 95 отсто од лицата кои пушат имале инфаркт пред 36-та година од животот.
Болестите врзани со срцето се најчеста причина за смртта во развиените земји, а пушењето е една од главните причини за болестите со срцето.
Една нова студија покажува дека исхраната која изобилува со масти и со фруктоза со потекло од скробен сируп, може да предизвика сериозни оштетувања на црниот дроб кај луѓе кои поголем дел од денот го поминуваат во седење. Научниците на глувчиња им давале храна со 40% масти и со висок удел на фруктоза од скробен сируп во период од 16 недели. Глувците смееле да изедат храна колку што сакаат, но не смееле да вежбаат. Веќе по 4 недели им се зголемило нивото на ензими во црниот дроб и се јавила нетолеранција на гликоза, што е почеток на дијабетес од типот 2. Количеството фруктоза во истражувањето е еднакво на весување на осум лименки газиран сок дневно.
1.) Аткинсова диета
3.) Диета со свежа храна
