понеделник, март 31, 2008

26 чекори за посакуваниот ефект!

Истражувањата покажале дека успешното слабеење многу повеќе зависи од тоа дали се придржувате на диетата, отколку од тоа, каков тип на диета држите.
Кога сакате малку да симнете од својата телесна маса, воопшто и не е потребна некоја диета-шаблон, која ќе биде ригорозна и застрашувачка! Токму таквите диети, се најчесто прекршувани. Зошто едноставно, не ги избегнувате оние производи кои се штетни, кога сакате да ослабите, а не ги консумирате оние кои се полезни, за таа цел?
За да ви ја олесниме работата, го објавуваме законот за слабеење составен од 26 точки:

1.) Повеќе помали оброци.

2.) Одредете ја цврсто својата цел.

3.) Јаболкото го забрзува слабеењето.

4.) Наместо автомобил, одберете велосипед.

5.) Внимавајте на чувството на ситост.


6.) Во продавница одете со малку пари.


7.) Не земајте репете и гледајте секогаш да оставите нешто на чинијата.

8.) Јадете бавно и добро џвакајте ја храната.

9.) Меѓуоброк - кисела зелка.


10.) Пијте многу вода.


11.) Овошје против нервоза, наместо слатки.


12.) Сауна и масажа.

13.) Супата го намалува гладот.

14.) Џвакајте гума за џвакање.


15.) Загрејте се со чај.


16.) Суво овошје наместо кикиритки.


17.) Јајцата го намалуваат апетитот.


18.) Кисело млеко пред јадење.


19.) Не јадете пред телевизор.


20.) Не бидете престроги кон себе во диетата.


21.) По јадење - прошетка, а не фотелја.


22.) Јадете само до 18:00 часот.


23.) Имајте постојано место за јадење.

24.) Избегнувајте леб.

25.) Бележете ги калориите.

26.) Ако имате проблеми со контролата на апетитот, пред оброкот испијте 2 чаши вода.



Извор: списанието "24 часа здравје".

недела, март 30, 2008

Моќта на крушката

Што би направиле, кога би се нашле среде пустина, на многу топло време... и... пред вас одненадеж се појави лав што сака да ве изеде!...
треба да стигнете во Рим, а во раката имате само една крушка!?

Дали знаете како треба да постапите?


Одговор:
Ќе ја фрлите крушката. Како што сите знаеме, "Крушка под круша паѓа!" Брзо ќе се качите на крушата и од што ќе бидете толку среќни дека сте му избегале на лавот, "Ќе ви падне камен од срцето!" Каменот ќе го убие лавот, а вие потоа безбедно ќе се симнете од крушата и без проблем ќе стигнете во Рим, бидејќи "Сите патишта водат во Рим!
"

Можеби вие знаете некој друг начин?
Со оваа шега сакаме да ве насмееме малку. Да ве оттргнеме од тешкото секојдневие. Смејте се почесто, бидејќи нели, сите знаеме дека смеењето го зголемува хормонот на среќа и оние кои се многу смеат, живеат подолго! Едноставно кажано:

СМЕЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ!
LOL :D


За да дознаете интересни податоци за смеењето, ви препорачуваме да кликнете на линков што е смеење?
Консултирано со wikipedia.

петок, март 28, 2008

to my friend Ismail

Секојдневно сме окупирани со правила за здрав живот. Јадете овошје за доручек, не пијте вода по оброк најмалку два часа, јадете зеленчук исклучиво навечер, не ја држете кесичката за чај подолго од 5 минути, излегуваат токсичните материи од чајот, не јадете пред спиење најмалку 2 часа, не ги одмивајте гениталиите со сапун и слични хемиски течности ( а во исто време Oriflame се скрши од продавање и ширење на миризливи шампончиња)... Пред извесен период мајчиното млеко беше штетно, па жениве во тоа време ги хранеа децата со кашички од компанија XXX, затоа сега мајчиното млеко е најздраво. Ухххх...мачно...



Фотографија на Исмаил од Сирија

И за да ја разбистрам поентава на текстов, ќе чепнам од животот (ако може да се опише со зборови неговото богатство) на мојот пријател Исмаил, роден во Курдистан, од градот Батман. Живее номадски живот. Денот му започнува со поздравување на изгрејсонцето. Не користи паста за заби. Со себе си носи дрвце налик на четка за заби. Едниот крај од дрвцето дијаметрално го делка и го прави како четка. Со тоа ги струга забите. И верувам дека ви изгледа смешно, ама ги има најубавите и најздравите заби на светов. Не се оптоварува со шампони, сапуни, детергенти, прашоци, купки... и останати хемии. Најдобар другар му е кучето Бичо, суштеството од шумата и заедно го пропатуваа светот, пеш. Има пријатели насекаде низ светот и вели дека така прави ментална хигиена. Посреќен и поздрав човек од Исмаил, нема.

Погледнете го мирот и спокојството што го живее Исмаил ( првиот од лево)

p. s. кликнете на сликите за подобар поглед

четврток, март 27, 2008

Најчести заблуди за диетите

Доаѓа пролетта, а со тоа и желбата за вита линија без вишок килограми.
Медиумите се преполни со совети за тоа што е здраво, а што не, колку килограми треба да се внесуваат, кои диети се најдобри, како слабеат холивудските убавици и слично.
Сепак, во таа огромна понуда на информации, луѓето често влегуваат во заблуди, со што го постигнуваат сосема спротивниот ефект, отколку оној што го очекуваат, како и делумно или целосно си го нарушуваат здравјето.

Затоа треба да прочитаме малку повеќе, пред да примениме некој совет, којшто ќе го слушнеме и ќе ни изгледа волшебно.
Токму поради тоа, ние сме тука да ви помогнеме малку во врска со тие проблеми и да објасниме некои од широко распространетите дезинформации, поврзани со здравата исхрана и одржувањето на линијата.

1.) Едно од најраспространетите тврдења е дека ако сакате да го загубите вишокот на килограми со голема брзина, се што треба да направите е да не ги мешате јагленохидратите и протеините. На тој начин, навистина ќе ослабете, но само за кратко време. Штом ќе дојдете до соодветната килажа и ќе се вратите на старите прехранбени навики, ќе се вратат и килограмите, бидејќи системот за варење не бил навикнат на таков начин на исхрана и ќе сака да ја надокнади загубата.

2.) Мастите се дефинираат како најголем непријател на витата линија. Но, нутриционистите велат дека не е здраво од исхраната сосема да се исфрлат мастите. Имено, тие се составен дел од клетките и од клеточните органели, и со нивно целосно исфрлање од исхраната, можеме да си го загрозиме здравјето.

3.) Некои популарни диети тврдат дека за појадок е доволен само еден овошен плод. Но не се препорачува да се консумира овошје на празен стомак, наутро, бидејќи неговата киселост ќе ја наруши работата на желудникот. Кога појадуваме, не би требало да се ограничуваме, бидејќи сето она што ќе го изедеме наутро, со сигурност ќе го потрошиме до крајот на денот, додека пак, тоа не е така со другите оброци.

Извор:
дневниот весник "Време".

недела, март 23, 2008

Вашиот грб и како да се грижите за него

Во денешно време, претпоставуваме дека секој има проблеми со грбот...
Секоја физичка активност се одразува негативно на нашиот грб, без разлика дали сме седеле, стоеле, дали сме извршувале некаков напор. Многу луѓе имаат проблеми со држењето и правилната постава на телото, одат згрбавени и не го одмараат својот грб доволно, или воопшто.
Ако имате неподносливи болки во грбот, наша препорака е да отидете на ортопед, кој ќе види во што е проблемот и ќе ви даде соодветна терапија. Тоа најчесто е пливање.
Сепак, еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат да го заштитите грбот додека седите дома или сте на работното место.


Кликнете на долу дадениот линк за да ги прочитате советите:
Практични совети за луѓе кои сакаат да имаат прав р’бет.

петок, март 21, 2008

GREEN PEEL - третмански длабок пилинг од билки

Кликнете на сликите за да ви се отворат поголеми и за да можете поубаво да прочитате.

четврток, март 20, 2008

Со грашок против умор

Се смета дека зелениот грашок потекнува од централна Азија и Европа, а составен дел од менито на луѓето е веке илјадници години.

Всушност грашокот се споменува дури и во Библијата, а ставен е во египетската, античката и римската цивилизација.

Грашокот е намирница за која навистина треба да се фатите доколку страдате од хроничен умор.

Причината е богатството на нутритиенти кои ги содржи а произведуваат енергија. Грашокот е добар извор на витамин Б1, пантотенска киселина и витамин Б6, овој зеленчук е добар извор на рибофлавин и ниацин, нутритиенти кои се неопходни за метаболизмот на јаглехидрати, протеини и масти.

Пантотенската киселина игра важна улога во регулација на стресот. Зелениот грашок е посебно добар извор на железо и минерали чиј недостаток често резултира со анемија, умор и намалена функција на имунитетот.


Извор: идивиди

Премногу овошје – болки во стомакот

Претераното консумирање овошје може да предизвика гасови, стомачни грчеви и дијареја кај луѓето со чувствителен стомак, особено оние кои не поднесуваат фруктоза.

Здравата возрасна личност обично не толерира повеќе од 25 грама фруктоза дневно, оние што се алергични на фруктоза не смеат ни толку, бидејќи нивните црева лошо го транспортираат и го апсорбираат шеќерот предупредуваат научниците и алерголозите.

Многу родители веруваат дека е добро што на децата им даваат повеќе овошје, ама германските експерти препорачуваат внимание.

Нa пример, дете кое пие сок од јаболко може само во една чаша да ги добие потребните 25 грама фруктоза, доколку сокот е дополнително засладен (што е чест случај), советуваат нутриционистите.

Препорачаната доза за возрасни е 500 грама овошје дневно, а за децата 250 грама, не повеќе. При тоа овошјето не треба да се зема на празен стомак. Треба да се помеша со јогурт или со младо сирење.

Меѓу овошјето со голема содржина на фруктоза спаѓаат јаболката, крушките, сливите, урмите, смоквите, мангото и ананасот.


Извор: идивиди

Идеално освежување

Многумина потврдуваат дека нема поголемо задоволство од пиење ладно пиво во топол ден, меѓутоа само малкумина ја реализирале идејата да го замрзат пивото и да го лижат како сладолед.

Но затоа пак во еден ресторан во Вашингтон, главниот готвач почнал да произведува пиво на стапче.

Сакајќи за да го излади пивото што побрзо го ставил во замрзнувач, но на крај, наместо да го испие пивото, тој го лижел и останал задоволен!

Одсега клиентите на неговиот ресторан се задоволуваат лижејќи го неговиот замрзнат “десерт”.

Се надеваме дека и кај нас ќе може да му се јавиме на пријателот и да го поканиме на „еден сладолед“.

Извор: идивиди

среда, март 19, 2008

Јогуртот ја подобрува линијата

Неколку чаши јогурт во текот на денот ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми, а ќе ви овозможи да го освежите организмот со многу хранливи матери.

Голем број истражувања покажуваат дека исхраната со намалено внесување на калциум доведува до побрзо качување на телесната маса.
Причина за тоа е што на ваков начин се зголемуваат и здебелуваат масните ќелии и ги задржуваат течностите и отровите. Јогуртот е хранлив напиток кој помага во борбата со килограмите. Го забрзува слабеењето и го намалува обемот на стомакот.
Научниците докажале дека доколку дебелите луѓе во исхраната воведат три оброци со јогурт со помалку маснотии, губат 22 проценти од вишокот тежина. Зголеменото количество на калциум кое го внесуваат овие луѓе им помага во намалувањето на дебелиот стомак.

Диетите кои се врз база на јогурт се двапати поефикасни од останатите. Тоа се должи на делотворноста на калциумот, што овозможува да се изгубат непотребните килограми, а при тоа да се задржи мускулната маса.
Клиничките испитувања покажале дека со консумирањето на јогурт значително се намалува тежината. Оние луѓе што внесувале дневно повеќе од половина литар обезмастен јогурт за 12 недели изгубиле по пет килограми.
Јогуртот може да замени цела порција класичен оброк. Чаша јогурт ви обезбедува доволно количество на белковини, витамин Б12, калциум и цинк.
Ретко која храна овозможува волку хранливи материи. Содржи само 140 калории, ја одржува цревната флора и го отстранува лошиот здив.

Извор: kirilica.com.mk