среда, октомври 13, 2010

Хејева диета, поточно нов начин на исхрана

Ќе ви презентирам проверена диета за слабеење, која ми ја препорача една моја многу драга пријателка. Како што знаеме, диета не значи гладување, туку одреден начин на исхрана. Исто е и со оваа диета.

Најважната работа која многу ми се допадна откако ја ѕирнав, е тоа што во неа нема одредени количини и однапред утврдени оброци, како што е случај со многу други диети, кои е навистина тешко да се држат бидејќи ако изедеш уште едно залче повеќе од дозволеното, се чувствуваш виновно и губиш надеж дека ќе успееш...

Со оваа диета е сосема поинаку, бидејќи е само збир на правила, односно дозволени комбинации на храна која е пожелно да (не) ја конзумираме во одредени периоди од денот. Нема ни потреба постојано со нас да носиме ливче, бидејќи доволно е само еднаш да ја прочитаме и веднаш ќе знаеме што со што се комбинира, а што со што не. Се што треба да знаеме е што се тоа протеини, а што јаглехидрати?

Доволни се 3-4 месеци за да се симнат 15тина килограми. Можеби овој период звучи демотивирачки, но од друга страна истиот е потврда за трајниот успех. За разлика од кратките и брзи диети (гладувања) кои секогаш имаат јо-јо ефект, оваа диета со самото тоа што прераснува во навика, организмот се навикнува на овој начин на исхрана, па и ако продолжиме со неа или ако престанеме откако сме го постигнале посакуваниот ефект, нема да се вратиме во првобитната положба.

Исто така, оваа диета не е од оние кои едвај чекаме да ги издржиме за потоа да си јадеме како порано, бидејќи со Хејевата диета учиме како треба правилно да јадеме без да си наштетиме!

Оваа диета позната како Хејева диета, се базира врз правилно комбинирање
на храната. Главно правило е дека во ист оброк не смеат да се мешаат јаглехидрати
и протеини (белковини).

ПОЈАДОК – секогаш само овошје (освен банана), какво сакаш и колку сакаш, најдоцна до 13 часот.

РУЧЕК и ВЕЧЕРА

Секогаш храната богата со протеини се комбинира со зеленчук и храната која содржи јаглехидрати исто така со зеленчук. На пример, месо се јаде со салата, со варен или печен зеленчук (но не со компир). Компирот, на кој и да било начин да е подготвен (варен, пржен, печен) исто така се јаде во комбинација со зеленчук.

Храна богата со протеини: месо, риба, морски плодови, јајца, печурки, сирење, млеко и сите други млечни производи.

Храна богата со јаглехидрати: житарки (пченка, пченица), ориз, леќа, грав, компир, банана
и сите производи од брашно.

Значи, не смее во ист оброк да се внесуваат продукти од двете групи. Ако за ручек
се јадат протеини, во комбинација со зеленчук, може за вечера да се јадат јаглехидрати, но меѓу едниот и другиот оброк мора да поминат најмалку 4 часа. Исто така во еден оброк дозволено е да се јаде само по еден продукт од групата во комбинација
со зеленчук, на пример – месо со салата или сирење со салата.

Пример за ручек:

- Месо или риба (печено, варено, пржено) со салата (домат, краставица, кромид, зелка, цвекло, марула..) подготвена со масло и сите зачини. Може наместо свеж зеленчук, варен или печен;
- Компир (печен, варен, пржен) со салата;
- Тава ориз со зеленчук;
- Полнети пиперки со ориз;
- Шопска салата;
- Јајца пржени или варени со зеленчук или свежа салата;
- Тестенини само со кечап и зачини;
- Турли-тава;
- Зелка со месо.......и разни други комбинации кои сам ке си ги смислиш, внимавајќи да не комбинираш погрешни производи;

За ВЕЧЕРА предлагам првиот месец да јадеш најмногу салата и тоа пред сè, салата
од зелка, во големи количества, затоа што заситува, а нема калории. Можеш и јогурт, сирење, млеко, но НИКАКО ОВОШЈЕ.

Преку цел ден треба да се пие вода, чај и кафе без шеќер (ако ептен не оди може засладувач, ама во минимално количество).

Леб може да се јаде само со салата, но не е проблем ако на две недели еднаш „се пушти срце“, па се касне и нешто забрането на пример: бурек, парче пица и слично.

ЗАБРАНЕТО – благи работи и алкохол (и за алкохолот важи дека на десетина
дена или на две недели може да се пивне нешто). За благото нема отстапки. Забранети
се и „грицки“ од секаков вид.


Со внесување и придржување кон здрави навики во исхраната, докажувате дека сте психички цврска и издржлива личност.

петок, октомври 08, 2010

Причина за да се размрдате

Кога времето надвор е тмурно, тажно, темно, депресивно... Не одете веднаш кон плакарот во кој чувате слатки нешта! Иако ве мрзи да станете од каучот, најдобар мотив за малку да се размрдате е да си пуштите некоја весела музика со добар ритам, на пример од последниот цртан филм кој сте го гледале.

Мој предлог е „Will I Am“ од „Блек Ајд Пис“ со саундтракот од анимираниот филм „Мадагаскар“. Кралот Џулијан нема да дозволи да седите : )

сабота, јули 10, 2010

Болести на крвта - хематопатија

Како што тврдат полските интернет страници за медицина, поради фактот што „хематопатија“ е само заеднички (генерички) термин, кој ги обединува сите болести на крвта и крвоносниот систем, не станува збор за една болест.
Овие болести се многу важен дел од медицинските науки, бидејќи со нив се сретнуваме секојдневно - почнувајќи од сосема незначителната анемија (слабокрвност), која е последица на малиот внес на железо во организмот, па завршувајќи со многу опасната леукемија (канцерогено заболување на крвта), која за жал во повеќето случаи е смртоносна.

Затоа, за да дознаете повеќе за хематопатијата, Ве советувам да се задлабочите во теоријата на болестите на крвта и крвоносниот систем, кои ги има навистина многу. Тоа можете да го сторите користејќи некоја компетентна и стручна литература, а не интернет страници, кои можат да ве доведат во тотална небулоза.

Повеќе за болестите на крвта, ќе може да прочитате во некој следен пост, а тоа што јас Ве советувам да го направите доколку имате здрава крв е да ја поделите со оние на кои им е навистина потребна - Дарувајте крв - Спасувајте живот!

петок, јули 09, 2010

Брокула, јајца и боровинки за добар вид


Освен редовните прегледи кај очниот лекар и грижата за очилата и леќите, врз здравјето на нашите очи и квалитетот на видот делува и храната.

Нутриентите како што се витаминот Ц и омега 3 масните киселини имаат клучна улога за здравјето на нашите очи, тврди професорот Јан Грирсон, еден од водечките научници на одделот за офталмологија на универзитетот во Ливерпул.

Професорот вели дека главните здравствени проблеми врзани со очите, а кои водат кон ослепување, честопати се последица на лошата исхрана. Од овие причини Грирсон направи листа на намирници кои треба да ги вклучиме во исхраната кои можат да ни помогнат за видот и за здравјето на очите.

Брокулата, спанаќот и блитвата се извор на два особено важни пигменти – лутеин и зеаксантин. Токму овие пигменти ги користи мрежницата на окото за јасниот вид.

Над 115 клинички испитувања покажаа дека овие растителни материи се особено важни за здравјето на окото и за квалитетот на видот. Последната таква студија, која траеше шест години, откри дека лутеинот и зеаксантинот имаат клучна улога при спречување на слепилото

Околу 100 грама брокула, спанаќ или блитва треба да се јаде секој ден, со цел во организмот да се внесе доволна количина од овие растителни материи.

Откако научниците од универзитетот „Surrey“ докажаа дека јајцата не го зголемуваат нивото на холестерол во крвта, тие се вратени на листата на здрави намирници. Јајцата се особено важни како намирници кои благотворно делуваат врз здравјето на очите.


Жолчката од јајцето исто така е богат извор на лутеин и зеаксантин. Доколку ги вклучите и јајцата во своето утринско мени, тогаш сте направиле нешто добро за својот вид, тврдат научниците.

Научниците успеаја да ја докажат цврстата поврзаност меѓу консумирањето боровинки и подобрувањето на ноќниот вид. Дури и пилотите за време на Втората светска војна консумирале боровинки за навечер да можат подобро да гледаат. Лабораториските испитувања покажаа дека овие бобинки содржат антоцијанин, кој ја спречува појавата на слепило при одредени болести.

Други испитувања открија дека боровинките и сите други темни бобинки ги јакнат капиларите кои го снабдуваат окото со крв. Бобинките освен свежи, делотворни се и кога се земаат како суво овошје, на пример заедно со житарките.

Омега 3 масните киселини, кои најмногу ги има во рибите, го намалуваат ризикот од глаукома и други очни болести. Омега 3 киселините го спречуваат настанувањето на „синдромот суво око“, кој се појавува како една од компликациите после ласерските операции на око.




Освен што делуваат позитивно врз здравјето на очите, омега 3 киселините се поврзуваат и со воспоставување на хормонската рамнотежа, доброто функционирање на мозокот и здравата кожа. Научниците препорачуваат два до три рибни оброка неделно.

Јаткастето овошје е богато со витамин Е, кој го намалува ризикот од слепило и ги штити клетките на окото од оштетување кое го предизвикуваат УВ зраците. Нив можете да ги консумирате наутро, заедно со житарки.

Свежото овошје е одличен извор на витамин Ц, а токму овој витамин е еден од водечките кои го чуваат здравјето на окото. Освен овошјето, со витамин Ц изобилува брокулата и пиперката.
Заштитете ги соите очи на време, велат подобро е да се спречи наместо потоа да се лечи :)
Денешниот живот кој го водиме и сите технологии кои ги користиме,се она што е наше секојдневие како компјутерите , телевизорите итн. особено ги оштетуваат нашите очи, па повелете некој совет за да се заштитите .

Body Mass Index

(Photo by Monique)

сабота, јуни 19, 2010

Совети за планинарење

За да можете максимално да уживате во природните убавини на планината неопходно е пред се да бидете безбедни и да се чувствувате удобно за време на престојот во неа. Затоа, препорачливо е да се придржувате кон следните совети кои се однесуваат на тоа како да се облечете и што да понесете со себе од облека, храна и дополнителна опрема.


ОБЛЕКА И ОБУВКИ

• Обувки: Препорачливи се високи, лесни обувки кои не пропуштаат вода. Одењето по планина е често по нерамен терен, а високите обувки го штитат зглобот на стапалото од странично превиткување. Често се оди по пат по кој има поточиња, низ влажна трева и сл. па добро е нозете при тоа да останат суви. Добро е обувките да се предвидени за движење по планина во летни услови и да се половина до еден број поголеми од вашите вообичаени обувки.

• Чорапи: Носете повеќе чорапи. Не зафаќаат многу место, лесни се, а се наоѓаат за менување во случај оние кои ги носите да се навлажнат или испотат. Препорака: најмалку 6 пара чорапи за 2 дена, од кои 3 пара волнени или специјални чорапи за планинарење.

• СОВЕТ: Најдобар начин да се избегнат плускавци на стапалата е да се носат 2 пара чорапи на нозете и кондурите да се доволно цврсто врзани до горе (но не и престегнати, бидејќи со престегање се намалува циркулацијата во стапалата). Со цврсто врзување, посебно на горниот дел се спречува прстите на надолнина да притискаат силно напред и да дојде до нагмечување на прстите и ноктите.

• Облека: Препорачлива е облека со долги ногавици и ракави која лесно се суши. Носете доволно резервни маици за преоблекување. Препорачливо е да имате топла облека (џемпер, капа, ракавици), посебно за навечер.

• Заштита од сонце: Покривањето на нозете и рацете на планина е важно заради зголемениот интензитет на UV зрачење. Препорака е да се користат очила за сонце со висок степен на UV заштита и средства за сончање за откриените делови од телото, со повисок фактор. Добро е главата да се покрие со капа или марама.

• Заштита од дожд: Доколку временската прогноза предвидува можност за дожд, добро е да носите шушкава јакна за дожд и/или дождовна кабаница.


ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

• Вода: Препорачливо е да носите најмалку еден литар вода или не многу засладен чај за пиење. Добро (но не и неопходно) е во водата да се додадат изотонични средства кои ќе ја збогатат со минерали. Газираните пијалоци само привидно ја гаснат жедта.

• Храна: Пред одењето е препорачлива лесна храна, богата со јаглени хидрати. За време на пешачењето се препорачува високоенергетска храна: бонжита, чоколади, суво овошје, јаткасти овошја и сл. Вкупната храна потребна за време време на престојот во планина полесно ќе ја пресметате доколку ја пресметувате во број на потребни оброци. Носете секогаш одредена резерва лесна храна, за случај престојот во планина да се продолжи од било која причина.


ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА И ЛЕКОВИ

• Планинарска книшка (доколку имате) и средства за лична идентификација
• Батериска ламба, најдобро-челна
• Џебно ноже
• Влажни марамчиња за хигиена
• Лабело
• Стапови за одење - штеки
• Кеса за собирање на сопственото ѓубре!
• Прирачна аптека: аспирин, парацетамол, ханзапласт, завој, еластичен завои, фластер, средство против дијареа и сл. (обично тоа се истите лекови кои вообичаено се носат кога се оди на одмор).
• РАНЕЦ: Добро е ранецот удобно да ви лежи на грбот и да има сопствена покривка за дожд. Доколку постојат шанси за дожд, препорачливо е работите кои ќе ги пакувате во ранецот претходно добро да ги замотате во најлон кесички. Добра препорака е тешките работи да ги ставите најдолу во ранецот. Ранецот не смее да биде претежок! Препорака е ранецот да не е потежок од 20% од тежината за возрасен човек кој треба ранецот да го носи со часови и не повеќе од 10% за деца до 14 години.


ПРЕПОРАКИ ЗА ВРЕМЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НИЗ ПЛАНИНА

• При движењето на колоната, ќе има видно означени водачи на чело на колоната, на крајот од колоната и низ самата колона.
• Почитувајте ги препораките на водачите и консултирајте се со нив доколку имате проблеми за време на движењето низ планината!
• Не употребувајте премногу алкохол за време на престојот во планина бидејќи алкохолот во голема мерка ја намалува психофизичката кондиција и вашата безбедност во планината!
• Неопходно е да ја сочуваме планината незагадена, за да биде убава и чиста и кога следниот пат ќе дојдеме. Затоа, сопственото ѓубре за време на движењето собирајте го во кеса!
• За да не го загрозите сопствениот и животите на останатите учесници, посебно обрнете внимание при употребата на оган во планина!!!


Преземено од „Клуб за Планинарски Спортови - МАКЕДОН“

четврток, јуни 18, 2009

Научете да ги броите калориите :)

Тоа најлесно може да се прави со помош на овој Веб Сајт.
Се што треба да се направи е да се напише (на англиски) храната или пијалокот за кој сакаме да дознаеме колку калории содржи!
Многу е лесно и интересно ;)

четврток, мај 28, 2009

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ СО БЛАГО




















Колку пати ви се случило да се разбудите и да почувствувате дека вашиот организам ви бара нешто благо? Тоа е знак дека имате недостаток на серотинин, хормон на среќа, кој мора да го надоместите.


Јадењето слатки наутро, доколку е во умерени количини може да биде полезно, објаснува виенскиот професор Хадемар Банкхофер. Нашето утринско расположение е одредено од нивото на серотинин кој го имаме во резерва. Недостатокот на серотинин предизвикува лошо расположение. Причината за недостатокот се наоѓа во ноќното трошење на хормонот.Наутро мозокот сака брзо да произведе нова количина на серотинин, поради што му е потребна гликоза од намирници како што се џем, мед или какао.


сабота, мај 23, 2009

Напад на бес кај малите деца

Што кога вашето дете ќе добие НАПАД НА БЕС?

Можеби ќе ви звучи чудно, но повремените напади на бес кај малите деца придружени со врискање и одбивање на послушност се всушност нормална појава и не значи ништо лошо. Бурните реакции и своеглавоста се важни и неизоставни чекори во процесот на осамостојување на детето. Малото дете има потреба да ги изрази своите потреби и негодувања, меѓутоа заради недоволно развиените говорни способности, тоа сеуште неможе да го направи со зборови.
На двегодишна возраст децата не умеат да ги контролираат своите чувства, па често можат
да ги ослободат поинтензивно. Овие чувства во конбинација со незадоволството кое го предизвикало, резултираат токму со напад на бес. На оваа возраст децата сеуште не се способни да рамислуваат рационално, па ако ги прекинете во некоја активност ( на пример ако цртаат и вие ги викнете за да ручаат) може лесно да се налутат. иако цртањето можеби не ви се чини толку важно, за детето тоа во моментот е најважната работа во која ужива, а вие сте го прекинале. Секогаш имајте на ум дека се работи за нормална фаза од менталниот развој на детето, која наскоро ќе ја надмине. Испадите на бес сo плачење, удирање, фрлање на под и врескање обично се јавуваат околу 18 месец од живото и можат да траат се до претшколска возраст имаат и различни причини за лутење. Без разлика на возраста и интензитетот на детската реакција, најважно се вашата смирености методите со кои ги третирате различните однесувања.


петок, април 03, 2009

Зошто имам вишок на килограми и слабо здравје? хмм...

Одговорот на ова прашање е многу едноставен.




Дебелината и склоноста кон одредени болести, не лежи само во тоа колку калории внесуваме и трошиме во текот на денот, односно каква храна консумираме, иако тоа е најважната работа која одредува дали сме слаби или не, односно дали сме здрави или не.
Едноставно на некои луѓе слабеењето им оди полесно, отколку на други. Тоа е така поради начинот на исхраната кој сме го практикувале во детството и кој во најголема мера не зависел од нас.

Прекумерните чоколади, бонбони, сладоледи, хамбургери... изедени во текот на детството, според ново истражување, кое го изненади научниот свет, ја утврди директната врска на склоноста на возрасните лица кон прекумерна тежина, со видот и количината на исхраната изедена во детството.
Исхраната влијае врз гените, кои контролираат како телото ги складира и користи нутриентите.


Храната што сте ја консумирале во детството, влијае врз телесната маса и здравјето во возрасната доба.




Затоа, мајки и татковци, доста се гледате во огледало и се преопседнувате со сопственото тело. Погледнете ги малку и своите деца, како и тоа што им ставате во уста. Сигурно не сакате вашите деца еден ден Вас да ве обвинуваат дека не можат да се облечат како што сакаат. Не бидете себични и учете се на сопствените грешките и наместо да им давате на децата пари, за да си купуваат хамбургери за време на големите одмори на училиште, наутро дајте им по некоја банана или јаболко.

Немојте да мислите: „дете е... расте... му треба енергија...“ Ова е неточно!

Извор: 24 часа здравје

недела, март 29, 2009

Крводарување

Оваа ќесичка, ќе биде полна со дел од мојата крв!


Крводарување во Охрид - 17 март 2007


Иглата е огромна, но кога знаеш дека помагаш, болката се претвора во убаво чувство!



Крвни клетки


Крвта (латински: Sanguis) е течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материи, екскрети, кислород и јаглерод диоксид - од и до клетките. Зошто да не споделиме дел од овие хранливи материи, кои сите ги поседуваме и самите ги произведуваме? Меѓутоа, за разлика од останатите сврзни ткива, во крвта нема нишковидни творби, односно фибрили - колаген или еластични влакна.

Крвта се состои од формативни елементи (крвни клетки) и крвна плазма. Од целокупниот волумен на крвта, 45% отпаѓа на крвните клетки, додека 55% на крвната плазма. Волуменскиот однос на крвните клетки со крвната плазма е наречен хематокрит. По прекумерно потење, количеството на плазма може да се намали до 50%, додека со консумирањето на течности да се зголеми до 60%.

Трансфузија = ништо страшно!

Секој човек претставува подвижна фабрика за спасување животи! Дарувањето крв, нема да те чини многу време, а со тој гест можеш да спасиш нечиј живот! Крвта постојано се обновува и секој полнолетен човек може да дарува крв (обично мажите на 4, а жените на 3 месеци). Јас потекнувам од хумано семејство.

Брат ми, кој има 26 години, има дарувано крв веќе 27 пати!

Мајка ми, која има 52 години, има дарувано крв веќе 13 пати!

Татко ми, кој има 54 години, има дарувано крв веќе 9 пати!

Јас имам 20 години, а крв имам дарувано веќе 6 пати и со нетрпение го очекувам 7миот пат!

Моите најблиски за мене претставуваат најголем мотив, да ја продолжам и зајакнам нивната хуманост. Прв пат дарував крв, веднаш по 18тиот роденден, во една крводарителска акција во моето средно училиште „Јосип Броз Тито“. Последен пат (6ти пат), крв дарував во Воената Болница пред точно 2 недели. Со нетрпение го очекувам наредниот пат, кој ќе ми биде овозможен дури во јуни.

Сепак, сметам дека нашава држава Република Македонија, треба да обезбеди поголеми бенефиции за нас, крводарителите. Во Република Полска, на пример, крводарителите имаат бесплатен градски превоз! А кај нас? хм...

Кога дарувам крв, навистина ја дарувам од срце и од душа и не сакам ништо за возврат, бидејќи да сакав, ќе ја продавав за пари. Но, тоа што ме боли е фактот дека Македонија воопшто не ги цени хуманите луѓе, како мене... како моето семејство... Насвистина е жално... Дури и оброкот, кој следува по дарувањето крв, едноставно кажано, е беден.

Да се надеваме дека нешто ќе се промени во тој поглед. Кој знае колку животи сум спасила јас со мојата крв, а за мојот живот, кој се грижи? Да се надеваме и дека лекувањето после 10тото дарување крв, навистина ќе биде бесплатно.

Јас никогаш нема да престанам со дарувањето крв и со сите хумани активности кои ќе ми се пружат на располагање, а кои ќе бидам во состојба да ги исполнам!


Линкови:

* Wikipedia

* Црвен Крст на РМ

вторник, март 24, 2009

Бакнежот е здрав!

Бакнеж е допирање на одреден предмет или личност со помош на усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу луѓето. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати.


Бакнежот обично се смета за основен интимен акт, при кој партнерите се допираат со усните. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона (200 пати повеќе нервни завршетоци, отколку на врвовите на прстите). Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите.

Кога партнерите се бакнуваат страсно, најчесто се допираат и со јазиците при што се разменува плунка. Тоа е така наречениот ФРАНЦУСКИ БАКНЕЖ (грубо народски кажано - лапање :D).

Голем период од животот, луѓето поминуваат во бакнување. Тоа не е лошо, ако се знае дека бакнувањето согорува калории и го продолжува животот. Токму францускиот бакнеж согорува 26 ckal и произведува ендорфин - хормон, кој е 200 пати посилен од морфиумот!

Кога се бакнуваме, во функција се 29 мускули од лицето. Тоа, всушност е ефикасна вежба, која го затегнува лицето и го спречува појавувањето на „обесени“ образи.
Со бакнување разменуваме плунка, која содржи протеини и антигени. Таа може да го поттикне развојот на антителата и да го зајакне имунитетот.
Страсното бакнување од 90 минути =D го зголемува крвиот притисок и го забрзува пулсот исто како да сте трчале кратко. По бакнувањето доаѓа до намалување на крвниот притисок, по што следува опуштање.

Сепак, имам слушнато дека преку француски бакнеж, доколку двајцата партнери имаат голема рана во устата и настане размена на крв, има можност да се заразат со Хив, доколку едниот е Хив позитивен.

Денеска, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност. Исто така, ретко може да се најде личност која не сака бакнежи. Романтични, нежни или страсни - сите во нив уживаат.

A kiss is a lovely trick designed by nature to stop speech when words become superfluous.



Извори:
24 часа здравје (16 март 2009)
Wikipedia

понеделник, август 18, 2008

Смоквата – храна и лек




Како хранливо и лековито овошје смоквата била позната дури пред 4000 години во Месопотамија, во Грција била основа на традиционалната исхрана, а во стариот Рим се сметала за свето овошје.
Смоквата е многу здрава, но и калорична. Сувиот плод содржи 50-70 отсто шеќерот, поради тоа не е препорачлива за дијабетичари. Во ова медитеранско овошје може да се најдат важните витамини од групата Б, витаминот Ц и бетакаротинот. Од минералите содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и бакар. Во сувите смокви има три пати повеќе магнезиум, отколку во свежите, минерал кој е неопходен за мускулите, крвните садови и нервите.

За лековитоста на смоквата постојат стари записи. Во светот е раширена употребата на смоквата како превентивно сретство против ракот. Смоквата со својот млечен сок има силно антисептичко и дезинфециско дејство, помага при појава на глисти и други цревни напасти.

Ова овошје лечи габични инфекции, плускавци, ги омекнува курјите очи. Смоквата е позната како благо сретство за чистење, притоа не создава грчеви и дијареа.

Помага при симнување на крвниот притисок, бидеќи е добар извор на калиум, минерал кој го контролира крвниот притисок, а може да биде од голема помош ако сакате да ослабите.

понеделник, јуни 30, 2008

Лимон за стеснување на порите.

Летниот период е проследен со проширени пори на лицето. Кога порите се отворени, тие многу лесно се полнат со нечистотија, со што се создаваат акните и митесерите. Токму затоа се препорачуваат третмани за стеснување на порите. Сокот од лимон е одличен тоник за стеснување на порите.
Од вас зависи дали самите ќе исцедите лимон или ќе купите готов сок од лимон. Сепак, овој пилинг не треба да го користите пречесто и не треба да ви стои на лицето подолго од 5 минути, бидејќи може да се јави непријатно чувство на затегнатост и непријатност на лицето. Преку порите кожата дише, затоа не смеете, а и не можете потполно да ги затворите. По 5 минутно дејствување на сокот од лимон, измијте го лицето со топла вода.
Течната пудра е одличен регулатор на нечистотијата во порите. Таа во текот на денот не дозволува навлегување на прашина, сепак, во текот на ноќта порите треба да дишат, затоа навечер, пудрата треба да ја отстраните.

Извор: 24 часа здравје.

Мед против митесери

Сигурно сите ги знаете малите црни досади на носот...
За жал, во поголема или помала мера, ги имаат речиси сите и тешко е за секогаш да се ослободите од нив. Сепак, тоа што можете да го направите е да го намалите нивниот број, со што ќе бидат помалку видливи. Врелиот мед е народен лек против овие мали црни проиблеми, наречени митесери. Нанесете го на критичните места (носот, брадата, челото) и оставете го да дејствува 10 минути. Потоа измијте го со топла вода.

Извор: 24 часа здравје.

четврток, јуни 26, 2008

Дали лубеницата е подобра од водата?

Лубеницата освежува бидејќи содржи јаболкова и лимонска киселина.
Таа содржи 95% вода.
Додека консумираме лубеница, организмот мора прво да го свари влакнестиот дел составен од целулоза, па на тој начин телото постепено се снабдува со течност. Овој начин на снабдување со течности е многу покорисен за телото, отколку пиење чаша вода или која и да било друга течност за хидратација на организмот. Ова е позитивната страна на лубеницата. Токму затоа се препорачува консумирање лубеница во летниот период.
Меѓутоа, нејзината негативна страна се состои во тоа што лубеницата содржи големо количество на шеќери. Токму затоа таа е еден од доста калоричните овошни плодови, според мене не соодветни во диетите за слабеење.
Хидратација на организмот или снабдување со шеќери?... Изборот е ваш! :)

Извор: Теа шема

вторник, јуни 24, 2008

ДИЈАБЕТСКИ ПРОИЗВОДИ


СОЈА ПУДИНГ

Ако чувствувате желба да се заблажите, изберете нешто здраво, хранливо и нискокалорично. Одберете Соја пудинг според сопствениот вкус: јагода, ванила или чоколадо.

Пудингот од соја на ВИТАЛИА е 100% растителен производ. Засладен е со фруктоза - овошен шеќер кој не го покачува шеќерот во крвта и има скоро два пати поголема засладувачка моќ од белиот шеќер. Поради тоа може да го консумираат и дијабетичари и сите оние кои сакаат протеински десерт со ограничен внес на шеќери.

Зошто е посебен пудингот од соја? Не содржи масти, холестерол и лактоза, а збогатен е со соин протеин поради што е лесно сварлив во организмот. Се препорачува како сладок оброк за лица кои имаат проблем со лактозна интолеранција и покачен холестерол, за вегетаријанци кои не консумираат производи од животинско потекло, за лица кои практикуваат нискокалорични диети, но и за оние кои постат. Всушност, соја пудингот е прав избор за сите оние кои се грижат за своето здравје. Соја пудингот на ВИТАЛИА е економичен, брз и едноставен за подготовка зошто во себе ги содржи сите неопходни компоненти и тоа Соино млеко во прав и овошен шеќер. Така за да подготвите сладок десерт ви преостанува само да додадете вода и да уживате. Консумирајќи го соја пудингот не мора да ги броите калориите. Тој е вистински избор посебно за време на постите. Може да го користите самостојно или како крем во различни слатки рецепти, колачи, торти или овошни салати. Ќе Ве изненади неговиот пријатен вкус и арома. Не заборавајте дека со консумирање на 25 грама соин протеин дневно се намалува ризикот од срцеви заболувања и канцер. Начин на приготвување: потребно Ви е една кесичка Соја пудинг на ВИТАЛИА и 225 мл. вода. Од ладната вода одземете 8 лажици и помешајте ги со содржината на кесичката. Остатокот од водата зовријте ја, тргнете ја од оган и додадете го растворениот пудинг. Варете со мешање една минута, врелиот пудинг истурете го во влажни садови и оставете да се олади.

Добар апетит и добро здравје!


ДИЕТ ЏЕМ СО АЛОЕ ВЕРА

Во денешно време, кога многу болести се актуелни, човекот станува се повеќе свесен за зачувување на своето здравје..


Дозволете си во својата исхрана да внесете овошје бидејќи содржи драгоцени флавоноиди и антиоксиданси кои се борат против многу болести и ја чуваат младоста. Овошјето е одлична природна и здрава храна која го регенерира организмот и го чисти од наталожените отровни материи.

ВИТАЛИА од својата богата палета Ви ги препорачува да ги пробате новите ДИЕТ џемови збогатени со алое вера. Подготвени се според традиционалниот рецепт од специјално одбрани свежи плодови на овошје од домашното поднебје. Засладени се со фруктоза - овошен шеќер кој е природно присутен во овошјето и поради тоа е лесно сварлив за нашиот организам. Диет џемот на ВИТАЛИА содржи 55% овошје. Изберете според сопствениот вкус: диет џем со вкус на кајсија, слива, праска или јагода. Диет џемот ги содржи сите хранливи состојки присутни во плодот и тоа:

Кајсијата содржи 482 мг. Калиум доволни да се намали ризикот од шлог за 40%. Содржи фосфор, магнезиум и провитамин А од каде потекнува бојата. Помага кај децата во раст, го подобрува видот и отпорноста спрема болестите. Добро е да се користи ако сте анемични и депресивни.

Сливата делува антибактериски и антивирусно. Ефикасна е и како лаксатив. Обилува со витамини, минерали, ензими и антоцијанини кои благотворно делуваат подобрувајќи ја острината на видот.

Праската е богата со бор кој ја зголемува мозочната активност и нивото на естроген во крвта кој пак спречува губиток на калциум и деминерализација на коските, а со тоа спречува остеопороза.

Јагодата е многу барана поради своите сочни, ароматични и освежува~ки плодови. Е лесно сварлива, а од витамини застапени се Ц, А, Б и Е како и минерали (K, P i Fe ), пектини, танини. Материите присутни во плодот се значајни за намалување на холестеролот во крвта, помагаат во релаксација на заморените мускули и влијаат на заздравување на рани. Диет џемовите на ВИТАЛИА покрај богатството на свежиот плод од овошјето се збогатени со алое вера кактус кој е исклучително лековито растение. Алоето во својот состав содржи доволно витамини ( А, Б, Ц, Е и фолна киселина), мукополисахариди, аминокиселини неопходни за синтеза на протеини, ензими (протеаза, амилаза, липаза). Алое верата има повеќекратно корисно дејство: го зајакнува имунитетот, помага во варење на храната, делува антибактериски и антивирусно и врши детоксификација на организмот. Токму затоа започнете го денот со оброк од житарици засладен со диет џем и почуствувајте го вкусот на природата. Ви го препорачуваме и како десерт во кој уживаат децата, спортистите, дијабетичарите и сите оние кои се грижат за сопственото здравје. Најдобро е да консумирате џемови произведени исклучително од свежо овошје. Само така ќе го почуствувате вистинскиот вкус и арома на овошјето и ќе бидете сигурни дека внесувате богатство од хранливи состојки.

NUTRITION FACTS

Serving size 15g

*Daily Value %

Calories

27кcal


Calories from Fat

0кcal


Total Fat

0g

0%

Saturated Fats

0g


Trans Fats

0g


Cholesterol

0g


Sodium

0,18mg

0%

Total Carbohydrate

0,7g

2,2%

Dietary Fiber

0,2g

0,8%

Sugars

6,4g


Protein

0,055g


Vitamin А

0,06mcg


Vitamin C

0mg


Calcium

0,2mg


Iron

0,3mg


*Дневните потреби се базираат на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.





ДИЕТАЛЕН ЧОКОЛАДЕН КРЕМ
Со фруктоза

Вкусен, сладок десерт направен со фруктоза. Погодeн за дијабетичари. Диеталниот чоколаден крем е одличен фил за палачинки и прелив за торти и колачи. Состав: овошен шеќер (фруктоза), растителни масти, млеко во прав, какао во прав, лецитин, ванилa.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 30g

*Дневни потреби %

Енергетска Вpeдност

164kcal


Енергетска Вредност од масти

97,2kcal


Масти

10,8g

16,6%

Холестерол

0g


Натриум

5mg

0,2%

Вкупни јаглехидрати

14g

4,6%

Диетални влакна

0g


Шеќери

8,4g


Протеини

2,7g


Витамин А

0mcg


Витамин C

0mg


Калциум

24,6mg


Железо

46mg


*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.




ДИЕТ КАКАО КРЕМ ТАБЛА
Со фруктоза

Вкусен и сладок продукт за секој кој дава предност на нискокалоричноста.

Погодно за дијабетичари. Состав: фруктоза, растителни масти, млеко во прав, какао во прав, лецитин, ванила.


НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 100гр

*Дневни потреби %

Енергетска Вpeдност

561kcal


Енергетска Вредност од масти

272kcal


Масти

36g

40%

Заситени масти

14g

71%

Натриум

5mg

0,2%

Вкупни јаглехидрати

50g

11%

Диетални влакна

3g

14%

Шеќери

30g


Протеини

8g


Витамин А


3%

Витамин C


0%

Калциум


14%

Железо


6%

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.




ДИЕТАЛНА ТААН АЛВA
според најдобриот традиционален рецепт

Сусамовата таан алва е уште еден деликатес од Далечниот исток. Претставува сладок, посен десерт кој содржи фруктоза - овошен шеќер поради што може да ја консумираат и дијабетичари. Така имате можност да го одбегнете шеќерот, а сепак да уживате во вкусот на алвата.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 50g

*Дневни потреби %

Енергетска Вpeдност

242kcal


Енергетска Вредност од масти

100kcal


Масти

12g

13,5%

Заситени масти

1,75g

13,5%

"Tpaнc" масти

0 g

0%

Холестерол

0g


Натриум

10mg

0,2%

Вкупни јаглехидрати

31,5g

7%

Диетални влакна

4,25g

17%

Шеќери

25g


Протеини

4,25g


Витамин А


0,2%

Витамин C


0%

Калциум


3,5%

Железо


11%

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.



FRUITIN
Овошен шеќер

Фруктозата е природен, високо растворлив шеќер кој има најјака засладувачка способност од сите видови на шеќери, така во однос на белиот шеќер има два пати поголема засладувачка моќ.

Со консумирање на фруктозата пред оброк се намалува чувството на глад, што е корисно во случај да сакате да ја регулирате телесната тежина. Нејзините корисни својства се изразени и при спортување, гојазност како и при диета, кај диабетес без инсулинска зависност.

Фруктозата може да се користи самостојно или во комбинација со други засладувачи. Таа е одличен засладувач на спортски пијалоци (помага при рехидратација, бидејќи брзо се дигестира) и особено им се препорачува на атлетите.

Фруктозата може да се употребува и во подготување туршија, џемови, компоти или слатки. Го подобрува вкусот и квалитетот на чоколадите, желето, карамелите. Со нејзино додавање во колачите се подобрува нивната влажност, а може да се користи и како засладувач на Вашиот појадок од интегрални житарици.

Супериорниот вкус и високиот квалитет на фруктозата е погоден за фамилии со членови кои спроведуваат специјални диети, како што се диети за слабеење или диети за диабетес, бидејќи на таков начин се избегнува приготвувањето на посебни оброци.

Препорачана дневна доза е 40-60гр. рамномерно распоредени во текот на денот. Има поголема моќ на засладување: 60гр. фруитин заменува 100гр. обичен шеќер.

Токму затоа размислете каков шеќер користите. Направете здрав и квалитетен избор.


НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 100гр

Енергетска Вpeдност

400kcal

Вкупни јаглехидрати

99,5g

Шеќери

99,5g

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.




ОРИЗОВИ ГАЛЕТИ

Виталиа со својата програма на лесна, нискокалорична храна од експандирани житарки ќе Ви помогне да го подобрите својот изглед, да се чувствувате поубаво, поздраво и секако повесело.

Одберете Оризови галети од палетата на Виталиа - здрава и лесна храна која ќе ги задоволи Вашите потреби за ситост со мал број калории, а при тоа нема да чувствувате тешкотии и малаксаност.

Зошто се посебни?

-Претставуваат идеален избор да го започнете денот
-Диететски производ од експандиран ориз и соја лецитин
-Богат со диетални влакна
-Дава ситост, а има мала калориска вредност
-На природен начин ја регулира дигестијата
-Ги апсорбира отровите
-Може да се комбинира и со млеко и со јогурт
-Не содржи шеќер
-Го намалува холестеролот
-Погоден за секоја возраст и за млади и за стари
-Лесно, хранливо и диетално
-Целокупен оброк или меѓуоброк богат со минерали

Неутрален вкус кој остава простор да се консумира со џем и соја паштета од палетата на Виталиа или солен премаз, а како предлог Ви го предлагаме следниот премаз :

Премаз од сусам
1/2шоља сусам, малку кромид и целер, една рака никулци, малку био-зачин, 1 шоља вода, 1 лимон. Сусамовото семе се меле, потоа се миксира во блендер со малку вода додека не се добие густа смеса. Се додаваат исецкани листови од целер, кромидот, никулците и био-зачинот. Се цеди сокот од лимон и добро се изедначува смесата.


Нутритивни вредности

Пресметките се однесуваат на 22,5g (2 cakes)

*Дневни потреби%

Калории

89,5cal


Енергетска вредност од масти

3cal


Масти

0,3g

0%

Заситени масти

0g

0%

транс масти

0 g

0%

Холестерол

0g


Содиум

0mg


Карбохидрати

31g

4,5%

Диетални влакна

0,1g

1%

Фруктоза

0g


Протеини

1,5g


Витамин А

0%


Витамин C

0%


Калциум

0,25%


Железо

1%


*Дневните потреби се базираат на 2000 калории на денt. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.




ДИЕТАЛНИ ЏЕМОВИ
Со фруктоза

Вкусни и квалитетни диетални џемови подготвени според традиционалниот рецепт од специјално одбрано овошје. Засладени се со фруктоза - овошен шеќер кој е природно присутен во овошјето и поради тоа е лесно сварлив за нашиот организам.

Традиционалниот начин на подготовка овозможува во џемот да се задржат сите хранливи состојки присутни во плодот.

ДИЕТ џемовите на Виталиа имаат исклучителна арома и вкус: капина, кајсија, јагода, модра слива, малина, праска, вишна. Употреба: ДИЕТ џемовите на Виталиа претставуваат здрав и вкусен десерт во кој уживаат децата, спортистите, но и диеталците, дијабетичарите и сите оние кои се грижат за сопственото здравје. Токму затоа започнете го денот со оброк од житарки засладен со еден од диет џемовите на Виталиа и почувствувајте го вкусот на природата.

Кајсијата содржи 482 мг. калиум доволни да се намали ризикот од шлог за 40%. Содржи фосфор, магнезиум и провитамин А од каде потекнува бојата. Помага кај децата во раст, го подобрува видот и отпорноста према болестите. Добро е да се користи ако сте анемични и депресивни.

Сливата делува антибактериски и антивирусно. Ефикасна е и како лаксатив. Обилува со витамини, минерали, ензими и антоцијанини кои благотворно делуваат подобрувајќи ја острината на видот.

Праската е богата со бор кој ја зголемува мозочната активност и нивото на естроген во крвта кој пак спречува губиток на калциум и деминерализација на коските, а со тоа спречува остеопороза.

Јагодата е многу барана поради своите сочни, ароматични и освежувачки плодови. Е лесно сварлива, а од витамини застапени се Ц, А, Б и Е како и минерали (K, P i Fe ), пектини, танини. Материите присутни во плодот се значајни за намалување на холестеролот во крвта, помагаат во релаксација на заморените мускули и влијаат на заздравувањето на рани.

Капината - е овошје богато со пектин, калиум и витамин Ц. Содржи малку шеќери и има благотворно дејство при воспаление на усната слузница и при настинки. Капината е богата со состојки кои ја зајакнуваат крвта. Но внимавајте. Не е сеедно дали Диет џемот е произведен од овошна каша или екстракт. Најдобро е да консумирате џемови произведени од свежо овошје. Само така ќе го почувствувате вкусот и аромата на овошјето и ќе бидете сигурни дека внесувате богатство од хранливи состојки.

Нутритивна вредност за секој од џемовите имате на оригиналната страна на Виталиа



ДИЕТАЛНИ КОМПОТИ
Со фруктоза

Доколку сакате на крајот од оброкот да се засладите со овошен десерт, без да се чувствувате виновни дека не внимавате на калориите, едноставно определете се за ДИЕТ компотите на Виталиа.
Ексклузивно спакуваните диетални компоти на Виталиа се големо задоволство и за најпребирливите потрошувачи. Тајната на нашите производи лежи во квалитетот и природниот вкус кој лесно може да се почувствува: капина, праска, малина, јагода, вишна и модра слива.
Најдобро е да консумирате компоти од свежо овошје. Само така ќе го почувствувате вистинскиот вкус и арома на овошјето и ќе бидете сигурни дека внесувате богатство од хранливи состојки.
Капината - е овошје богато со пектин, калиум и витамин Ц. Содржи малку шеќери и има благотворно дејство при воспаление на усната слузница и при настинки. Капината е богата со состојки кои ја зајакнуваат крвта. Диет компотот од капина е подготвен од свежо овошје без додаток на адитиви и конзерванси. Со тоа во компотот се зачувани сите хранливи состојки присутни во плодот. Засладен е со фруктоза - овошен шеќер кој ја надополнува природната слаткост и ја зачувува природната арома и вкус. Е лесно сварлив диететско-диабетски производ погоден за консумирање за сите генерации и во сите пригоди.
Кајсијата содржи 482 мг. калиум доволни да се намали ризикот од шлог за 40%. Содржи фосфор, магнезиум и провитамин А од каде потекнува бојата. Помага кај децата во раст, го подобрува видот и отпорноста према болестите. Добро е да се користи ако сте анемични и депресивни.
Сливата делува антибактериски и антивирусно. Ефикасна е и како лаксатив. Обилува со витамини, минерали, ензими и антоцијанини кои благотворно делуваат подобрувајќи ја острината на видот.
Праската е богата со бор кој ја зголемува мозочната активност и нивото на естроген во крвта кој пак спречува губиток на калциум и деминерализација на коските а со тоа спречува остеопороза.
Јагодата е многу барана поради своите сочни, ароматични и освежувачки плодови. Е лесно сварлива, а од витамини застапени се Ц, А, Б и Е како и минерали (K, P i Fe ), пектини, танини. Материите присутни во плодот се значајни за намалување на холестеролот во крвта, помагаат во релаксација на заморените мускули и влијаат на заздравување на рани.
Диет компотите на Виталиа се подготвен од свежо овошје без додаток на адитиви и конзерванси. Со тоа во компотот се зачувани сите хранливи состојки присутни во плодот. Засладени се со фруктоза - овошен шеќер кој ја надополнува природната слаткост и ја зачувува природната арома и вкус. Претставуваат лесно сварлив диететско-диабетски производ погоден за консумирање за сите генерации и во сите пригоди.

Вкусни и квалитетни диетални компоти подготвени според традиционален рецепт од специјално одбрано овошје. Претставуваат лесно сварлив оброк кој ќе Ве освежи.


Нутритивна вредност за секој од џемовите имате на оригиналната страна на
Виталиа


Извор: Виталиа