Освен редовните прегледи кај очниот лекар и грижата за очилата и леќите, врз здравјето на нашите очи и квалитетот на видот делува и храната.
Нутриентите како што се витаминот Ц и омега 3 масните киселини имаат клучна улога за здравјето на нашите очи, тврди професорот Јан Грирсон, еден од водечките научници на одделот за офталмологија на универзитетот во Ливерпул.
Професорот вели дека главните здравствени проблеми врзани со очите, а кои водат кон ослепување, честопати се последица на лошата исхрана. Од овие причини Грирсон направи листа на намирници кои треба да ги вклучиме во исхраната кои можат да ни помогнат за видот и за здравјето на очите.
Брокулата, спанаќот и блитвата се извор на два особено важни пигменти – лутеин и зеаксантин. Токму овие пигменти ги користи мрежницата на окото за јасниот вид.
Над 115 клинички испитувања покажаа дека овие растителни материи се особено важни за здравјето на окото и за квалитетот на видот. Последната таква студија, која траеше шест години, откри дека лутеинот и зеаксантинот имаат клучна улога при спречување на слепилото
Околу 100 грама брокула, спанаќ или блитва треба да се јаде секој ден, со цел во организмот да се внесе доволна количина од овие растителни материи.
Откако научниците од универзитетот „Surrey“ докажаа дека јајцата не го зголемуваат нивото на холестерол во крвта, тие се вратени на листата на здрави намирници. Јајцата се особено важни како намирници кои благотворно делуваат врз здравјето на очите.
Жолчката од јајцето исто така е богат извор на лутеин и зеаксантин. Доколку ги вклучите и јајцата во своето утринско мени, тогаш сте направиле нешто добро за својот вид, тврдат научниците.
Научниците успеаја да ја докажат цврстата поврзаност меѓу консумирањето боровинки и подобрувањето на ноќниот вид. Дури и пилотите за време на Втората светска војна консумирале боровинки за навечер да можат подобро да гледаат. Лабораториските испитувања покажаа дека овие бобинки содржат антоцијанин, кој ја спречува појавата на слепило при одредени болести.
Омега 3 масните киселини, кои најмногу ги има во рибите, го намалуваат ризикот од глаукома и други очни болести. Омега 3 киселините го спречуваат настанувањето на „синдромот суво око“, кој се појавува како една од компликациите после ласерските операции на око.
Освен што делуваат позитивно врз здравјето на очите, омега 3 киселините се поврзуваат и со воспоставување на хормонската рамнотежа, доброто функционирање на мозокот и здравата кожа. Научниците препорачуваат два до три рибни оброка неделно.
Јаткастето овошје е богато со витамин Е, кој го намалува ризикот од слепило и ги штити клетките на окото од оштетување кое го предизвикуваат УВ зраците. Нив можете да ги консумирате наутро, заедно со житарки.
Свежото овошје е одличен извор на витамин Ц, а токму овој витамин е еден од водечките кои го чуваат здравјето на окото. Освен овошјето, со витамин Ц изобилува брокулата и пиперката.
Заштитете ги соите очи на време, велат подобро е да се спречи наместо потоа да се лечи :)
Денешниот живот кој го водиме и сите технологии кои ги користиме,се она што е наше секојдневие како компјутерите , телевизорите итн. особено ги оштетуваат нашите очи, па повелете некој совет за да се заштитите .
1 коментар:
Извор:
http://www.www.informator.ws/zdravje/ishrana/2581-2009-04-07-20-59-51.html
Објави коментар