Крвта (латински: Sanguis) е течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материи, екскрети, кислород и јаглерод диоксид - од и до клетките. Зошто да не споделиме дел од овие хранливи материи, кои сите ги поседуваме и самите ги произведуваме? Меѓутоа, за разлика од останатите сврзни ткива, во крвта нема нишковидни творби, односно фибрили - колаген или еластични влакна.
Крвта се состои од формативни елементи (крвни клетки) и крвна плазма. Од целокупниот волумен на крвта, 45% отпаѓа на крвните клетки, додека 55% на крвната плазма. Волуменскиот однос на крвните клетки со крвната плазма е наречен хематокрит. По прекумерно потење, количеството на плазма може да се намали до 50%, додека со консумирањето на течности да се зголеми до 60%.
Секој човек претставува подвижна фабрика за спасување животи! Дарувањето крв, нема да те чини многу време, а со тој гест можеш да спасиш нечиј живот! Крвта постојано се обновува и секој полнолетен човек може да дарува крв (обично мажите на 4, а жените на 3 месеци). Јас потекнувам од хумано семејство.
Брат ми, кој има 26 години, има дарувано крв веќе 27 пати!
Мајка ми, која има 52 години, има дарувано крв веќе 13 пати!
Татко ми, кој има 54 години, има дарувано крв веќе 9 пати!
Јас имам 20 години, а крв имам дарувано веќе 6 пати и со нетрпение го очекувам 7миот пат!
Моите најблиски за мене претставуваат најголем мотив, да ја продолжам и зајакнам нивната хуманост. Прв пат дарував крв, веднаш по 18тиот роденден, во една крводарителска акција во моето средно училиште „Јосип Броз Тито“. Последен пат (6ти пат), крв дарував во Воената Болница пред точно 2 недели. Со нетрпение го очекувам наредниот пат, кој ќе ми биде овозможен дури во јуни.
Сепак, сметам дека нашава држава Република Македонија, треба да обезбеди поголеми бенефиции за нас, крводарителите. Во Република Полска, на пример, крводарителите имаат бесплатен градски превоз! А кај нас? хм...
Кога дарувам крв, навистина ја дарувам од срце и од душа и не сакам ништо за возврат, бидејќи да сакав, ќе ја продавав за пари. Но, тоа што ме боли е фактот дека Македонија воопшто не ги цени хуманите луѓе, како мене... како моето семејство... Насвистина е жално... Дури и оброкот, кој следува по дарувањето крв, едноставно кажано, е беден.
Да се надеваме дека нешто ќе се промени во тој поглед. Кој знае колку животи сум спасила јас со мојата крв, а за мојот живот, кој се грижи? Да се надеваме и дека лекувањето после 10тото дарување крв, навистина ќе биде бесплатно.
Јас никогаш нема да престанам со дарувањето крв и со сите хумани активности кои ќе ми се пружат на располагање, а кои ќе бидам во состојба да ги исполнам!
Линкови:
Нема коментари:
Објави коментар