понеделник, август 18, 2008

Смоквата – храна и лек




Како хранливо и лековито овошје смоквата била позната дури пред 4000 години во Месопотамија, во Грција била основа на традиционалната исхрана, а во стариот Рим се сметала за свето овошје.
Смоквата е многу здрава, но и калорична. Сувиот плод содржи 50-70 отсто шеќерот, поради тоа не е препорачлива за дијабетичари. Во ова медитеранско овошје може да се најдат важните витамини од групата Б, витаминот Ц и бетакаротинот. Од минералите содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и бакар. Во сувите смокви има три пати повеќе магнезиум, отколку во свежите, минерал кој е неопходен за мускулите, крвните садови и нервите.

За лековитоста на смоквата постојат стари записи. Во светот е раширена употребата на смоквата како превентивно сретство против ракот. Смоквата со својот млечен сок има силно антисептичко и дезинфециско дејство, помага при појава на глисти и други цревни напасти.

Ова овошје лечи габични инфекции, плускавци, ги омекнува курјите очи. Смоквата е позната како благо сретство за чистење, притоа не создава грчеви и дијареа.

Помага при симнување на крвниот притисок, бидеќи е добар извор на калиум, минерал кој го контролира крвниот притисок, а може да биде од голема помош ако сакате да ослабите.

Нема коментари: