петок, јули 09, 2010

Брокула, јајца и боровинки за добар вид


Освен редовните прегледи кај очниот лекар и грижата за очилата и леќите, врз здравјето на нашите очи и квалитетот на видот делува и храната.

Нутриентите како што се витаминот Ц и омега 3 масните киселини имаат клучна улога за здравјето на нашите очи, тврди професорот Јан Грирсон, еден од водечките научници на одделот за офталмологија на универзитетот во Ливерпул.

Професорот вели дека главните здравствени проблеми врзани со очите, а кои водат кон ослепување, честопати се последица на лошата исхрана. Од овие причини Грирсон направи листа на намирници кои треба да ги вклучиме во исхраната кои можат да ни помогнат за видот и за здравјето на очите.

Брокулата, спанаќот и блитвата се извор на два особено важни пигменти – лутеин и зеаксантин. Токму овие пигменти ги користи мрежницата на окото за јасниот вид.

Над 115 клинички испитувања покажаа дека овие растителни материи се особено важни за здравјето на окото и за квалитетот на видот. Последната таква студија, која траеше шест години, откри дека лутеинот и зеаксантинот имаат клучна улога при спречување на слепилото

Околу 100 грама брокула, спанаќ или блитва треба да се јаде секој ден, со цел во организмот да се внесе доволна количина од овие растителни материи.

Откако научниците од универзитетот „Surrey“ докажаа дека јајцата не го зголемуваат нивото на холестерол во крвта, тие се вратени на листата на здрави намирници. Јајцата се особено важни како намирници кои благотворно делуваат врз здравјето на очите.


Жолчката од јајцето исто така е богат извор на лутеин и зеаксантин. Доколку ги вклучите и јајцата во своето утринско мени, тогаш сте направиле нешто добро за својот вид, тврдат научниците.

Научниците успеаја да ја докажат цврстата поврзаност меѓу консумирањето боровинки и подобрувањето на ноќниот вид. Дури и пилотите за време на Втората светска војна консумирале боровинки за навечер да можат подобро да гледаат. Лабораториските испитувања покажаа дека овие бобинки содржат антоцијанин, кој ја спречува појавата на слепило при одредени болести.

Други испитувања открија дека боровинките и сите други темни бобинки ги јакнат капиларите кои го снабдуваат окото со крв. Бобинките освен свежи, делотворни се и кога се земаат како суво овошје, на пример заедно со житарките.

Омега 3 масните киселини, кои најмногу ги има во рибите, го намалуваат ризикот од глаукома и други очни болести. Омега 3 киселините го спречуваат настанувањето на „синдромот суво око“, кој се појавува како една од компликациите после ласерските операции на око.




Освен што делуваат позитивно врз здравјето на очите, омега 3 киселините се поврзуваат и со воспоставување на хормонската рамнотежа, доброто функционирање на мозокот и здравата кожа. Научниците препорачуваат два до три рибни оброка неделно.

Јаткастето овошје е богато со витамин Е, кој го намалува ризикот од слепило и ги штити клетките на окото од оштетување кое го предизвикуваат УВ зраците. Нив можете да ги консумирате наутро, заедно со житарки.

Свежото овошје е одличен извор на витамин Ц, а токму овој витамин е еден од водечките кои го чуваат здравјето на окото. Освен овошјето, со витамин Ц изобилува брокулата и пиперката.
Заштитете ги соите очи на време, велат подобро е да се спречи наместо потоа да се лечи :)
Денешниот живот кој го водиме и сите технологии кои ги користиме,се она што е наше секојдневие како компјутерите , телевизорите итн. особено ги оштетуваат нашите очи, па повелете некој совет за да се заштитите .

Body Mass Index

(Photo by Monique)

сабота, јуни 19, 2010

Совети за планинарење

За да можете максимално да уживате во природните убавини на планината неопходно е пред се да бидете безбедни и да се чувствувате удобно за време на престојот во неа. Затоа, препорачливо е да се придржувате кон следните совети кои се однесуваат на тоа како да се облечете и што да понесете со себе од облека, храна и дополнителна опрема.


ОБЛЕКА И ОБУВКИ

• Обувки: Препорачливи се високи, лесни обувки кои не пропуштаат вода. Одењето по планина е често по нерамен терен, а високите обувки го штитат зглобот на стапалото од странично превиткување. Често се оди по пат по кој има поточиња, низ влажна трева и сл. па добро е нозете при тоа да останат суви. Добро е обувките да се предвидени за движење по планина во летни услови и да се половина до еден број поголеми од вашите вообичаени обувки.

• Чорапи: Носете повеќе чорапи. Не зафаќаат многу место, лесни се, а се наоѓаат за менување во случај оние кои ги носите да се навлажнат или испотат. Препорака: најмалку 6 пара чорапи за 2 дена, од кои 3 пара волнени или специјални чорапи за планинарење.

• СОВЕТ: Најдобар начин да се избегнат плускавци на стапалата е да се носат 2 пара чорапи на нозете и кондурите да се доволно цврсто врзани до горе (но не и престегнати, бидејќи со престегање се намалува циркулацијата во стапалата). Со цврсто врзување, посебно на горниот дел се спречува прстите на надолнина да притискаат силно напред и да дојде до нагмечување на прстите и ноктите.

• Облека: Препорачлива е облека со долги ногавици и ракави која лесно се суши. Носете доволно резервни маици за преоблекување. Препорачливо е да имате топла облека (џемпер, капа, ракавици), посебно за навечер.

• Заштита од сонце: Покривањето на нозете и рацете на планина е важно заради зголемениот интензитет на UV зрачење. Препорака е да се користат очила за сонце со висок степен на UV заштита и средства за сончање за откриените делови од телото, со повисок фактор. Добро е главата да се покрие со капа или марама.

• Заштита од дожд: Доколку временската прогноза предвидува можност за дожд, добро е да носите шушкава јакна за дожд и/или дождовна кабаница.


ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

• Вода: Препорачливо е да носите најмалку еден литар вода или не многу засладен чај за пиење. Добро (но не и неопходно) е во водата да се додадат изотонични средства кои ќе ја збогатат со минерали. Газираните пијалоци само привидно ја гаснат жедта.

• Храна: Пред одењето е препорачлива лесна храна, богата со јаглени хидрати. За време на пешачењето се препорачува високоенергетска храна: бонжита, чоколади, суво овошје, јаткасти овошја и сл. Вкупната храна потребна за време време на престојот во планина полесно ќе ја пресметате доколку ја пресметувате во број на потребни оброци. Носете секогаш одредена резерва лесна храна, за случај престојот во планина да се продолжи од било која причина.


ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА И ЛЕКОВИ

• Планинарска книшка (доколку имате) и средства за лична идентификација
• Батериска ламба, најдобро-челна
• Џебно ноже
• Влажни марамчиња за хигиена
• Лабело
• Стапови за одење - штеки
• Кеса за собирање на сопственото ѓубре!
• Прирачна аптека: аспирин, парацетамол, ханзапласт, завој, еластичен завои, фластер, средство против дијареа и сл. (обично тоа се истите лекови кои вообичаено се носат кога се оди на одмор).
• РАНЕЦ: Добро е ранецот удобно да ви лежи на грбот и да има сопствена покривка за дожд. Доколку постојат шанси за дожд, препорачливо е работите кои ќе ги пакувате во ранецот претходно добро да ги замотате во најлон кесички. Добра препорака е тешките работи да ги ставите најдолу во ранецот. Ранецот не смее да биде претежок! Препорака е ранецот да не е потежок од 20% од тежината за возрасен човек кој треба ранецот да го носи со часови и не повеќе од 10% за деца до 14 години.


ПРЕПОРАКИ ЗА ВРЕМЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НИЗ ПЛАНИНА

• При движењето на колоната, ќе има видно означени водачи на чело на колоната, на крајот од колоната и низ самата колона.
• Почитувајте ги препораките на водачите и консултирајте се со нив доколку имате проблеми за време на движењето низ планината!
• Не употребувајте премногу алкохол за време на престојот во планина бидејќи алкохолот во голема мерка ја намалува психофизичката кондиција и вашата безбедност во планината!
• Неопходно е да ја сочуваме планината незагадена, за да биде убава и чиста и кога следниот пат ќе дојдеме. Затоа, сопственото ѓубре за време на движењето собирајте го во кеса!
• За да не го загрозите сопствениот и животите на останатите учесници, посебно обрнете внимание при употребата на оган во планина!!!


Преземено од „Клуб за Планинарски Спортови - МАКЕДОН“

четврток, јуни 18, 2009

Научете да ги броите калориите :)

Тоа најлесно може да се прави со помош на овој Веб Сајт.
Се што треба да се направи е да се напише (на англиски) храната или пијалокот за кој сакаме да дознаеме колку калории содржи!
Многу е лесно и интересно ;)

четврток, мај 28, 2009

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ СО БЛАГО




















Колку пати ви се случило да се разбудите и да почувствувате дека вашиот организам ви бара нешто благо? Тоа е знак дека имате недостаток на серотинин, хормон на среќа, кој мора да го надоместите.


Јадењето слатки наутро, доколку е во умерени количини може да биде полезно, објаснува виенскиот професор Хадемар Банкхофер. Нашето утринско расположение е одредено од нивото на серотинин кој го имаме во резерва. Недостатокот на серотинин предизвикува лошо расположение. Причината за недостатокот се наоѓа во ноќното трошење на хормонот.Наутро мозокот сака брзо да произведе нова количина на серотинин, поради што му е потребна гликоза од намирници како што се џем, мед или какао.


сабота, мај 23, 2009

Напад на бес кај малите деца

Што кога вашето дете ќе добие НАПАД НА БЕС?

Можеби ќе ви звучи чудно, но повремените напади на бес кај малите деца придружени со врискање и одбивање на послушност се всушност нормална појава и не значи ништо лошо. Бурните реакции и своеглавоста се важни и неизоставни чекори во процесот на осамостојување на детето. Малото дете има потреба да ги изрази своите потреби и негодувања, меѓутоа заради недоволно развиените говорни способности, тоа сеуште неможе да го направи со зборови.
На двегодишна возраст децата не умеат да ги контролираат своите чувства, па често можат
да ги ослободат поинтензивно. Овие чувства во конбинација со незадоволството кое го предизвикало, резултираат токму со напад на бес. На оваа возраст децата сеуште не се способни да рамислуваат рационално, па ако ги прекинете во некоја активност ( на пример ако цртаат и вие ги викнете за да ручаат) може лесно да се налутат. иако цртањето можеби не ви се чини толку важно, за детето тоа во моментот е најважната работа во која ужива, а вие сте го прекинале. Секогаш имајте на ум дека се работи за нормална фаза од менталниот развој на детето, која наскоро ќе ја надмине. Испадите на бес сo плачење, удирање, фрлање на под и врескање обично се јавуваат околу 18 месец од живото и можат да траат се до претшколска возраст имаат и различни причини за лутење. Без разлика на возраста и интензитетот на детската реакција, најважно се вашата смирености методите со кои ги третирате различните однесувања.


петок, април 03, 2009

Зошто имам вишок на килограми и слабо здравје? хмм...

Одговорот на ова прашање е многу едноставен.




Дебелината и склоноста кон одредени болести, не лежи само во тоа колку калории внесуваме и трошиме во текот на денот, односно каква храна консумираме, иако тоа е најважната работа која одредува дали сме слаби или не, односно дали сме здрави или не.
Едноставно на некои луѓе слабеењето им оди полесно, отколку на други. Тоа е така поради начинот на исхраната кој сме го практикувале во детството и кој во најголема мера не зависел од нас.

Прекумерните чоколади, бонбони, сладоледи, хамбургери... изедени во текот на детството, според ново истражување, кое го изненади научниот свет, ја утврди директната врска на склоноста на возрасните лица кон прекумерна тежина, со видот и количината на исхраната изедена во детството.
Исхраната влијае врз гените, кои контролираат како телото ги складира и користи нутриентите.


Храната што сте ја консумирале во детството, влијае врз телесната маса и здравјето во возрасната доба.




Затоа, мајки и татковци, доста се гледате во огледало и се преопседнувате со сопственото тело. Погледнете ги малку и своите деца, како и тоа што им ставате во уста. Сигурно не сакате вашите деца еден ден Вас да ве обвинуваат дека не можат да се облечат како што сакаат. Не бидете себични и учете се на сопствените грешките и наместо да им давате на децата пари, за да си купуваат хамбургери за време на големите одмори на училиште, наутро дајте им по некоја банана или јаболко.

Немојте да мислите: „дете е... расте... му треба енергија...“ Ова е неточно!

Извор: 24 часа здравје

недела, март 29, 2009

Крводарување

Оваа ќесичка, ќе биде полна со дел од мојата крв!


Крводарување во Охрид - 17 март 2007


Иглата е огромна, но кога знаеш дека помагаш, болката се претвора во убаво чувство!



Крвни клетки


Крвта (латински: Sanguis) е течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материи, екскрети, кислород и јаглерод диоксид - од и до клетките. Зошто да не споделиме дел од овие хранливи материи, кои сите ги поседуваме и самите ги произведуваме? Меѓутоа, за разлика од останатите сврзни ткива, во крвта нема нишковидни творби, односно фибрили - колаген или еластични влакна.

Крвта се состои од формативни елементи (крвни клетки) и крвна плазма. Од целокупниот волумен на крвта, 45% отпаѓа на крвните клетки, додека 55% на крвната плазма. Волуменскиот однос на крвните клетки со крвната плазма е наречен хематокрит. По прекумерно потење, количеството на плазма може да се намали до 50%, додека со консумирањето на течности да се зголеми до 60%.

Трансфузија = ништо страшно!

Секој човек претставува подвижна фабрика за спасување животи! Дарувањето крв, нема да те чини многу време, а со тој гест можеш да спасиш нечиј живот! Крвта постојано се обновува и секој полнолетен човек може да дарува крв (обично мажите на 4, а жените на 3 месеци). Јас потекнувам од хумано семејство.

Брат ми, кој има 26 години, има дарувано крв веќе 27 пати!

Мајка ми, која има 52 години, има дарувано крв веќе 13 пати!

Татко ми, кој има 54 години, има дарувано крв веќе 9 пати!

Јас имам 20 години, а крв имам дарувано веќе 6 пати и со нетрпение го очекувам 7миот пат!

Моите најблиски за мене претставуваат најголем мотив, да ја продолжам и зајакнам нивната хуманост. Прв пат дарував крв, веднаш по 18тиот роденден, во една крводарителска акција во моето средно училиште „Јосип Броз Тито“. Последен пат (6ти пат), крв дарував во Воената Болница пред точно 2 недели. Со нетрпение го очекувам наредниот пат, кој ќе ми биде овозможен дури во јуни.

Сепак, сметам дека нашава држава Република Македонија, треба да обезбеди поголеми бенефиции за нас, крводарителите. Во Република Полска, на пример, крводарителите имаат бесплатен градски превоз! А кај нас? хм...

Кога дарувам крв, навистина ја дарувам од срце и од душа и не сакам ништо за возврат, бидејќи да сакав, ќе ја продавав за пари. Но, тоа што ме боли е фактот дека Македонија воопшто не ги цени хуманите луѓе, како мене... како моето семејство... Насвистина е жално... Дури и оброкот, кој следува по дарувањето крв, едноставно кажано, е беден.

Да се надеваме дека нешто ќе се промени во тој поглед. Кој знае колку животи сум спасила јас со мојата крв, а за мојот живот, кој се грижи? Да се надеваме и дека лекувањето после 10тото дарување крв, навистина ќе биде бесплатно.

Јас никогаш нема да престанам со дарувањето крв и со сите хумани активности кои ќе ми се пружат на располагање, а кои ќе бидам во состојба да ги исполнам!


Линкови:

* Wikipedia

* Црвен Крст на РМ

вторник, март 24, 2009

Бакнежот е здрав!

Бакнеж е допирање на одреден предмет или личност со помош на усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу луѓето. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати.


Бакнежот обично се смета за основен интимен акт, при кој партнерите се допираат со усните. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона (200 пати повеќе нервни завршетоци, отколку на врвовите на прстите). Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите.

Кога партнерите се бакнуваат страсно, најчесто се допираат и со јазиците при што се разменува плунка. Тоа е така наречениот ФРАНЦУСКИ БАКНЕЖ (грубо народски кажано - лапање :D).

Голем период од животот, луѓето поминуваат во бакнување. Тоа не е лошо, ако се знае дека бакнувањето согорува калории и го продолжува животот. Токму францускиот бакнеж согорува 26 ckal и произведува ендорфин - хормон, кој е 200 пати посилен од морфиумот!

Кога се бакнуваме, во функција се 29 мускули од лицето. Тоа, всушност е ефикасна вежба, која го затегнува лицето и го спречува појавувањето на „обесени“ образи.
Со бакнување разменуваме плунка, која содржи протеини и антигени. Таа може да го поттикне развојот на антителата и да го зајакне имунитетот.
Страсното бакнување од 90 минути =D го зголемува крвиот притисок и го забрзува пулсот исто како да сте трчале кратко. По бакнувањето доаѓа до намалување на крвниот притисок, по што следува опуштање.

Сепак, имам слушнато дека преку француски бакнеж, доколку двајцата партнери имаат голема рана во устата и настане размена на крв, има можност да се заразат со Хив, доколку едниот е Хив позитивен.

Денеска, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност. Исто така, ретко може да се најде личност која не сака бакнежи. Романтични, нежни или страсни - сите во нив уживаат.

A kiss is a lovely trick designed by nature to stop speech when words become superfluous.



Извори:
24 часа здравје (16 март 2009)
Wikipedia

понеделник, август 18, 2008

Смоквата – храна и лек




Како хранливо и лековито овошје смоквата била позната дури пред 4000 години во Месопотамија, во Грција била основа на традиционалната исхрана, а во стариот Рим се сметала за свето овошје.
Смоквата е многу здрава, но и калорична. Сувиот плод содржи 50-70 отсто шеќерот, поради тоа не е препорачлива за дијабетичари. Во ова медитеранско овошје може да се најдат важните витамини од групата Б, витаминот Ц и бетакаротинот. Од минералите содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и бакар. Во сувите смокви има три пати повеќе магнезиум, отколку во свежите, минерал кој е неопходен за мускулите, крвните садови и нервите.

За лековитоста на смоквата постојат стари записи. Во светот е раширена употребата на смоквата како превентивно сретство против ракот. Смоквата со својот млечен сок има силно антисептичко и дезинфециско дејство, помага при појава на глисти и други цревни напасти.

Ова овошје лечи габични инфекции, плускавци, ги омекнува курјите очи. Смоквата е позната како благо сретство за чистење, притоа не создава грчеви и дијареа.

Помага при симнување на крвниот притисок, бидеќи е добар извор на калиум, минерал кој го контролира крвниот притисок, а може да биде од голема помош ако сакате да ослабите.