среда, јуни 11, 2008

Како слушаме?


Ушите
се органи за слушање и рамнотежа. Се наоѓаат на обете страни на главата. Само дел од увото е видлив а остатокот е заштитен со коските на черепот. Тие ја вршат функцијата во пар - ги собираат звучните вибрации и ги претвараат во вибрации кои се претвораат во сигнали кои се пренесуваат во мозокот, овозможувајќи ни да слушаме.

Градба на увото
Увото се состои од три основни дела: надворешно, средно и внатрешно уво. надворешното се состои од ушна школка и канал. Средното уво е составено од тапанче и три минијатурни коски. Во внатрешноста на черепот е сместено внатрешното уво составено од полжав и лавиринт- 3 полукружни цевчиња исполнети со течност.


Функции
Ушната школка ги насочува звуците во слушниот канал. Звучните бранови се одбиваат од цврстото тапанче терајќи го да вибрира. Трите ковчиња на средното уво ги засилуваат вибрациите и ги насочуваат кон ушното тапанче. Додека ушното тапанче вибрира, течноста поминува преку влакненцата во полжавот кој тие вибрации ги претвара во нервни сигнали. Тие со слушниот нерв патуваат до мозокот.

Секојпат кога телото ќе се придвижи, течноста наречена перилимфа патува низ трите полукружни канали. Малечките влакненца ги чувствуваат тие движења и праќаат сигнали во мозокот јавувајќи му за положбата на телото. Со тоа му помагаат на телото да ја одржува својата рамнотежа.

Жлездите сместени во кората која го прекрива ушниот канал ја создаваат ушната маст, која го штити ушното тапанче од прав и валканици, а нејзиниот непријатен мирис ги одвртува инсектите од влегувања во уво.

Јачината на звукот се мери со децибели. Звуците чијашто јачина поминува 90 децибели предизвикуваат тешкотии и болки во човечкото уво. Звуците чија што јачина преминува 130 децибели можат да го оштетат увото и да предизвикат глувост.

Занимливости
* Стременот е најмала коска во човечкото тело која е долга само 3 mm.

* Чувството дека ушите ни се „одзатнале“ е предизвикано од отварањето на Евстахиевата труба за да се изедначи притисокот на средното уво.

* Ушниот канал е долг 2.5 cm.

* Ушите можат да го откријата правецот од кој допира звукот со распон на грешка до три степени.

* Децата вообичаено имаат почувствителен слух од возрасните.

* Ушите можат да разликуват 1500 различни тонови и 350 нивоа на јачина на звукот.

Извор: Википедиjа

понеделник, јуни 09, 2008

Вежбањето е навика која се учи

Ова е период на испитни сесии на факултетите, како и на матурски испити во средните школи. Затоа одлучив овој јубилеен 100ти пост да го посветам на јунското запоставување на нашиот организам.Сите учат, сите се под огромен стрес и тензија. Буквално, психо-физичко измачување. Постојано сме со книга, малку спиеме. Јадеме многу малку и не соодветна храна, или пак често пати губиме контрола врз чувството на глад и се прејадуваме. Јадеме и многу благо,особено чолколади и мрсни грицки, со надеж дека ќе имаме повеќе концентрација и енергија, пиеме многу кафиња и енергетски напитоци, верувајќи дека ќе имаме повеќе сила за да останеме будни во ноќта и да можеме да учиме. Некои користат исто така и специјални апчиња за концентрација. Дури и негата на сопственото тело, останува некаде во позадина, кога пред нас се појавуваат купови од огромни книги. Со еден збор, забораваме да се погледнеме во огледало.
Некои, и покрај тоа што имале навика редовно да вежбаат барем по 10 минути во денот, престануваат, бидејќи ја губат вербата во себе. Зарем тешко е да се одвојат 10 минути во денот? Навидум не, но кога си под таков огромен (испитен) стрес, навистина е тешко. Ако со трчањето се казнувате дека сте изеле пица за вечера, тешко дека сериозно ќе почнете да вежбате. За да почнете сериозно да вежбате, треба да имате мотивација, а не да го правите тоа како суспензивна мерка. Мотивација нека ви биде љубовта кон себе! Да не дозволиме во овој период да се запуштиме во буквална смисла на зборот. Книгите се важни, но сепак, најважни сме самите ние и нашето здравје и убав изглед.

Еве неколку чекори, како да не престанете да вежбате, кога сте под стрес или да започнете, ако се уште ја немате оваа важна навика:

1.) Најдете си мотив, нешто што ќе ве поттикнува постојано (љубовта кон себе).

2.) Без одложување - Тоа што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре!

3.) Препознајте кој тип на вежби е соодветен за вас.

4.) Немојте постојано да се мерите - тоа повеќе води во депресија (треба да се мерите најмалку 1 неделно).

5.) Комбинирајте разни начини на вежбање - ќе ви биде поинтересно и повеќе ќе ви се вежба.

6.) Правило од 10 минути - постевете си го за цел, а потоа ќе можете да вежбате уште 30 наредни минути, бидејќи ќе се загреете.

7.) Соодветна облека за вежбање.

8.) Дајте си време за новите навики - дури и неколку недели за да се самоприфатите, како човек кој редовно вежба.

9.) Визуелизирајте го успехот - постојано мислете на себе како вежбате, а не како се истегнувате пред телевизорот.

10.) Верувајте во добрата одлука - вежбањето ја зголемува самодовербата!


Извор: "24 часа здравје"

четврток, мај 29, 2008

Што се случува ако не заспиеме три ноќи по ред?

Потребата за спиење е генетски детерминирана, таа е дел од нас како и бојата на косата и очите. Додека растеме може да варира од три до 11 часа дневно, иако на повеќето луѓе им се потребни 7 или 8 часа сон за нормално функционирање. За жал, модерниот живот носи и многу стрес, главна причина за несоницата.

Стручњаците човековата популација ја поделиле на три основни категории: "нормални спијачи" (98% од популацијата) потребно им е помеѓу 6 и 8 часа сон дневно, на "кратките" помалку, а на "долгите" повеќе. Кога спиеме нашиот мозок ги процесира информациите од изминатиот ден, особено вештините и податоците неопходни за психокоординација. Исто така сонот помага во справувањето со емоционалните проблеми, па така тие наутро изгледаат помали отколку навечер.

Иако за функционирањето на организмот, кој долготрајно е лишен од сон не се знае доволно, резултатите од постоечките истражувања ги опишуваат ефектите од неколку непроспиени ноќи по ред:

Една: времето на реакција на дразбите се удвојува, краткотрајната меморија ќе биде непотполна, но сепак ќе можете нормално да функционирате;

Две: вештината за конверзација и краткотрајната меморија ќе ви бидат речиси бескорисни. Тешко ќе можете да сложите реченица, ќе заборавате и ќе испуштате зборови. Порастот на нивото на хормонот кортизол ќе предизвика стрес кој ќе се одрази на расположението и имунолошкиот состав, па веројатноста од заболувања се зголемува;

Три: Доаѓа до пад на телесната температура, губење на мускулна сила, мешање на соништата и стварноста во вид на халуцинации. Ќе почувствувате неверојатна потреба за храна богата со јаглехидрати;

Четири: Халуцинациите стануваат се почести и полоши, доаѓа до тешкотии во движењето, губење на чувство на време... Се јавува несигурност и параноја, а во друштвото ќе се однесувате несоодветно и агресивно;

Пет: Телото има потреба за сон, халуцинациите се многу чести и речиси е невозможно да се одделат од стварноста. Се појавува чувство на студ, а кожата помодрува;

Шест и повеќе: Оние кои успеале да останат од шест до осум ноќи по ред будни немале во тој период некои посериозни медицински проблеми, но штета претрпеле нивните невролошки и биолошки функции. Во однос на способноста за социјална интеракција, тука може да дојде и до трајни оштетувања.

Што да се кажe освен, не пробувајте го ова на себе....
Извор: Вечер

Навистина живееме во динамичен свет, но без сон не можеме да фукнционираме, правилно. Колку и да немаме време за да ги завршиме обврските, сепак мора да се оделат барем 5-6 часа за правилен сон .



Моменатално ние студентите сме преоптоварени со испитите кои што следуваат, по цел ден на книга, и без сон тоа е нешто што организмот неможе да го издржи . Иако не чувствуваме сега, последиците ќе дојдат подоцна.....




Учете , уживајте, но најдете време и за спиење, погоре веќе можевте да прочитате што се се случува без сонот.....и запомнете наспани секогаш функционирате многу подобро :)

понеделник, мај 26, 2008

Пуканките се здрава храна

Пред да ви ја кажам информацијата за пуканките ќе ви кажам еден виц поврзан со пуканките, бидејќи како што велат смеењето е здравje, а и да ги расположиме малку студентите пред испитните сесии :)

Оди претставник од Министерството за здравство во контрола на дом за лица со посебни потреби. Ги разгледува просториите и се распрашува дали има некои проблеми. Во домот било, за чудо, многу тивко. Кога се доближил до една соба, се изненадил што се случувало таму. Сите штитеници се собрале и скокале од кревет на кревет, само еден седел во ќошот и целиот се собрал. Кога го прашале зошто и тој не скока како и другите, тој рекол: со другарчињата си играм пуканки, ама јас не пукнав и се залепив за тенџерето.


Научниците апелираат дека пуканките треба да ги заменат другите грицки што содржат многу маснотии и се сиромашни со хранливи материи


Пуканките се здрава храна, велат научниците. Новите студии направени во САД покажуваат дека 39 грама пуканки содржат прехрамбени влакна, магнезиум, помалку протеини. Според истражувањата оваа грамажа е добро да се внесува секој дневно.


Извор: Кирилица

недела, мај 25, 2008

Уживајте во викендите!

Измина уште еден викенд.
Сигурна сум дека уживавте максимално во секој поглед, а се разбира и во храната. Не се плашете ако малку сте претерале со некои оброци, што сметате дека не сте требале да ги изедете. Немојте во никој случај да имате кон себе чувство на вина! Дури и оние кои држат диета за намалување на телесната тежина, за викендите можат малку да се одморат :)
Во никој случај немојте да мислите дека ако сте се прејале за викенд, дека одма ќе се здебелите. Тоа се должи на нешто друго...
Чувството на презаситеност и покачена телесна тежина, по обилен оброк, особено за викендите, е честа појава која се должи пред се на задржувањето на водата во телото. Зголемената тежина веднаш по оброкот не е трајна, се јавува затоа што најверојатно сте внесувале позачинета и пресолена храна. Токму натриумот од готварската сол предизвикува задржување на вода во телото.
Затоа препорачливо е избегнување на често внесување обилни оброци, многу зачини и многу СОЛ!

Консултирано со: Мали совети за здраво семејство - Зегин

Не го скокајте појадокот!

Одамна е познато дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот!
Ова не е за џабе кажано.
Најсоодветен термин за појадување е до 9 часот наутро, затоа што во овој период метаболизмот е најбрз и најефикасен во согорувањето на внесените калории.
Кај луѓето кои не појадуваат во рок од 90 минути по будењето, се зголемува ризикот од прекумерна телесна тежина за околу 147%.
Токму затоа, внимавајте колку време спиете. На возрасен човек просечно му се потребни 8 часа за да го одмори своето тело. Многу е важно, исто така, кога си легнувате и кога станувате. Најубаво е да се станува околу 7 часот наутро и по кусото освестување, да се седне на маса да се појадува.
Сонот е храм за здравјето и убавината.
Станувајте рано наутро. Утрата се прекрасни!

Консултирано со: Мали совети за здраво семејство - Зегин

петок, мај 23, 2008

Внимателно во кујната!

Кога ќе решите да живеете здраво, најпрво, рестрикции треба да направите во кујната. Значи, треба да почнете да готвите здраво. Тоа понекогаш бара доста голема посветеност. Запознавање со нови кулинарни техники, промена на старите навики, а можеби за некого тоа ќе бидат и првите чекори во тој дел од куќата! Токму затоа, готвењето знае да биде и опасно.



Видете што ќе и се случи на кутрата девојка.
Никогаш не бидете пресигурни во себе и не зборувајте лоши работи на празно!

ОСИГУРАЈТЕ ГО СВОЈОТ ЖИВОТ! Само така ќе бидете побезгрижни.

Мала незгода на трамполина

Треба да се вежба за да се биде здрав и убав, но... не на ваков начин!
Ова не е смешно!
Дури е очајно и грозно. Но, овие работи секојдневно се случуваат.
Бидете внимателни, бидејќи целиот живот може да ви се промени за само еден дел од секундата, поради ваше невнимание, поради ваша глупост. Сакате да се исфурате, да се истакнете, но... пред кого? Инвалид се станува многу лесно, а враќање назад, нема скоро никогаш.
Сепак, вие решете дали ќе се смеете или ќе плачете.



Жртви на вакви доживувања, најчесто се момците. Се разбира зошто. Девојките се воспитувани построго и затоа знаат кои ситуации да ги одбегнуваат. Ете уште еден доказ дека женските се попаметни :)
Сочувство кон малиов што си ја скрши ногата и едно браво за другарчињата кои му се згазија од смеење.
АПЛАУЗ МОМЦИ! Само напред!

четврток, мај 22, 2008

Некои вистини за пушењето

Оваа слика ја презедов од еден блог кој говори за лошото дејство на цигарите. Блогот е наречен Дневник на тие што сакаат да престанат да пушат. Има доста интересни приказни на луѓе кои раскажуваат, интересни податоци во врска со штетното дејство на никотинот и сл.
Со цигарите се врзува и едно прашање на навика, лоша навика.
Што е прво: Пушењето или депресијата? Ова е исто какко да прашате, што било прво: Јајцето или кокошката?
Кога ќе си го навлечете овој порок, многу тешко е да го оставите. Тоа е така, бидејќи никотинот се врзува повеќе за човекот како психичка потреба, отколку физиолошка потреба. Кога сте под стрес, нормално ... земате цигара! Луѓето кои не пушат, земаат нешто благо, обично чоколадо. И тоа е правилен избор, бидејќи кога сте под стрес на организмот му се потребни шеќери.
Но, да не навлегувам подлабоко во ова.
Погледнете ја сликата, на која многу убаво е прикажано штетното дејство на цигарите. Пепелникот е графикон - пита и е поделен на сите заболувања кои цигарите можат да ги предизвикаат кај пушачот, искажани во проценти.

Значи, кога некој човек пуши има сколоност кон заболување, односно рак, на следниве органи:

78% бели дробови
5% дишник
4% панкреас
3% уста
3% мочен меур
2% стомак
2% бубрег
2% грло
1% леукемија
1% грлото на матката

Испитано на 159 600 индивидуални случаеви. Сите броеви се заокружени.


Извор: Callin' it quits

среда, мај 21, 2008

Некои вистини и заблуди за исхраната

НЕТОЧНО:
Диетите без масти се добри за здравјето.

ТОЧНО:
Една третина од калориите кои секојдневно се внесуваат, треба да потекнуваат од мастите, дури и кога се обидувате да се ослободите од вишокот килограми.


Мастите се потребни за:
* Енергија
* Обновување на ткивата
* Транспорт на витамините низ телото.



Во просек, на жените им се потребни околу 70 грама масти дневно, а на мажите 95 грама. Доколку сакате да го намалите внесот на масти, минималната дневна количина не треба да биде пониска од 30 грама. Наместо целосно да ги отстраните мастите од исхраната, трудете се заситените масни киселини, да ги замените со незаситени.
Во храна богата со незаситени масти спаѓаат некои видови риба, како лососот и сардините, зелениот лиснат зеленчук, оревите и другите видови на семки, маслиновото масло и др.
Разумно уживајте во храната.

Ако сметате дека во исхраната внесувате помалку масти од колку што дневно е потребно, тогаш препорачливо е да се консумираат таблетки со Омега 3 рибино масло, а ако примате дополнителни витамини, најубаво е да се земаат за време на оброците, бидејќи за време на оброкот коснумирате масти, а на витамините токму мастите им се потребни за да се разложат.

Извор: "Мали совети за здраво семејство - ЗЕГИН"