понеделник, мај 12, 2008

Уживајте во разновидната храна секој ден!

Ако сакате малку да го промените начинот на исхрана, бидејќи сметате дека не ви е соодветен, или пак сакате малку да симнете од вашето меше, не практикувајте веднаш инстант диети. Без разлика на што се однесува, се што е инстант брзо и се што гарантира зачудувачки брзи резултати, негативно се одразува и кратко трае. Ако ослабeте брзо и многу, исто така брзо ќе ги вратите тие килограми. Ефектот нема да биде траен. Тоа е едната лоша страна, на драстичните промени. Другата лоша страна е тоа што со такви радикални промени, вие буквално го разорувате и уништувате организмот!
Едноставно уживајте во храната, како што сте уживале и до сега, само ќе ги промените производите во коишто сте уживале.
Тоа е многу лесно.
За да не набројувам што треба, а што не треба да јадете за да бидете здрави и ако до сега се уште не научивте од пирамидата на исхрана што е поставена во сајдбарот, како и од досега објавените постови, ви препорачувам да ја погледнете сликата под постот. Самите видете што е здраво.
На неа е претставен затворениот круг на исхраната. Во округлата пита исечена на делови, претставени се разните видови на храна. Колку е поголем делот на кој е претставена храната, толку повеќе треба да се консумира и обратно. Не заборавајте да пиете многу вода, а како најважно, што повеќе да ги одбегнувате продуктите претставени во долниот десен агол. Токму тие се нездравите кои можат да ве здебелат.
Не заборавајте исто така дека во се треба да се биде умерен. Не практикувајте да се прејадувате. Секогаш се јаде до ситост, а не повеќе.

Enjoy!
Кликнете на сликата, за да ја видите во поголема димензија и за да може да прочитате што пишува.
Исто така кликнете на линкот подолу, па видете што пишуваат стучњаците на оваа тема.

Извор: Детското здравје

петок, мај 09, 2008

Витаминот Ц штити од болести на очите

Во последните 10 години, во многубројните студии истражувачите истакнале дека ризикот од очни болести значајно се намалува доколку нивото на антиоксиданси во крвта е зголемено. Развојот на катаракт и макалурните дегенерации речиси е поврзан со штетното дејствување на слободните радикали.
Студиите кои се занимавале со заштитното влијание на витаминот Ц во организмот, утврдиле дека се намалува ризикот од болест на очите за 26 до 70 проценти.


Значи луѓе јадете многу лимони ќе ви требаат витамини и за во лето, а и ќе им помогнете и на вашите очи. Една другарка ми даде еден податок дека пиперката содржела повеќе витамин Ц и од лимонот...па значи и повеќе пиперки на вашето мени.

Извор: весникот Вест

Лосион од јаболка

Еве еден добар лосион што сосема ќе ве опушти, а вашата кожа ќе се чувствува одлично. Ви кажувам дека го испробав и супер е. Пробајте!

Земете едно јаболко и убаво измијте го.Потоа ставете го во соковник и додадете млеко, приближно 250 мл. Добро измешајте ја течната смеса. Земете вата и нанесете го добиениот лосион на лице. Оставете да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода. Вашата кожа ќе изгледа свежо. Ова може да го правите два-три пати во неделата.


Извор: весникот „ Вест “

четврток, мај 08, 2008

Coca - cola light + Mentos = сигурна смрт!

Верувам дека оваа информација е од огромна важност како за оние кои спаѓаат во групата на луѓе, кои не внимаваат многу на својот режим на исхрана, како и за онаа група на луѓе кои значително внимаваат на исхраната.
Јас не можам со сила да ве натерам нешто да правите ако не сакате, но можам само да ве советувам за нешто, а ваше е дали ќе ме послушате или пак, не. Ваше е дали ќе го земете здраво за готово, тоа што овде го пишувам во секој пост на овој блог, бидејќи блогерството е слободно изразување. Сепак, за ова што неодамна го дознав и се уверив со мои очи и уши, не само што ве советувам да не го правите, туку и ви забранувам дури и да се обидувате!
Колку и да сакате да експериментирате во кујната, колку и да сакате да мешате додека јадете или пак, да јадете разнообразна храна...

...НИКОГАШ, АМА НИКОГАШ НЕ ЈАДЕТЕ MENTOS БОНБОНА И НЕ ПИЈТЕ COCA COLA LIGHT ИСТОВРЕМЕНО!!!

Значи, не ги мешајте овие две работи прикажани на оваа слика, а особено во вашиот стомак...

...ако не сакате во вашите црева да се случи ова:

Ова не е шега!

Истражував доста на оваа тема, но се уште немам доволно податоци која е хемиската реакција помеѓу овие два продукти.
Како и да е, слушнав дека Coca - cola light + Mentos бонбоните, покрај повреди, зад себе имаат оставено и жртви. Некое момче, откако ги помешало овие 2 намирници не знаејќи за последиците, умрело пред да стигне во болница. Оваа комбинација, му ги распарала цревата. Просто му експлодирал стомакот. Тажно и шокантно, но сепак вистинито.

А на оваа слика имате шема како да направите ракета од Coca - cola light + Mentos, чекор по чекор. Но, како што предупредив на самиот почеток, ви советувам да бидете многу внимателни и да се оддачлечите што е можно повеќе. Никако не дозволувајте им на деца да си играат на овој начин.

Ако немате време да се бавите со овие "глупости", може да го погледнете само овој клип:



Имам само една мала забелешка во однос на клипов, експериментот го изведуваат деца! Нека им е срам на родителите што ги учат своите деца на вакви работи!

Зошто бананата многу брзо поцрнува

Бананата, за разлика од другото овошје, многу брзо поцрнува. причината е во тоа што бананата, како и други тропски овошја, е навикната на други климатски услови. Затоа ладното не и одговара, и не и се допаѓа „ сместување “ во ладилник. Кората на бананата ги задржува распаднатите ќелии и се што од нив може да „испари“. Еден од ензимите што се наоѓа во нејзината кора стапува во реакција со танинот што се наоѓа во посебен дел во ќелијата. Со реакција на ензимот наречен полифенилоксид и танинот, се насобираат кафеави продукти, поради што бананата поцрнува. Идеалната температура за чување банани е 13, 3 Целзиусови степени.


Извор: Списанието „Теа шема“

Detox SPA System

Само во La Mer Коsmetik
телефони:
02/3246-599
075/666-355

Кликнете на сликите за да можете да прочитате во што се се состои овој Detox SPA System третман. Ефектите се очигледни. Уверете се и самите!


вторник, мај 06, 2008

Вакцинирање против пушење

Институтот "Каролинска" во Стокхолм развил вакцина која би требало да ги одвикнува луѓето од пушење. Со помош на средството наречено Niccin човековиот имунолошки систем би требало да развие антитела против никотинот и со тоа да го спречи неговото доаѓање во мозокот. Така би се оневозможило создавање чувство на пријатност во мозокот предизвикано од консумирањето никотин. Како следен чекор шведските научници планираат да ја тестираат вакцината на 400 луѓе, што би требало да потрае барем една година. Стокхолмскиот дневен весник сознал дека во светот се покренати најмалку 3 проекти за развој на вакцина против пушење. Дали некој од нив ќе биде успешен зависи од тоа дали средствата ќе бидат во состојба да го "натераат" човековиот организам да развие антитела за малите молекули на никотинот. Стручњаците размислуваат дека во случај на успех на натамошните истражувања, вакцината ќе се понуди како превентивна мерка и како помош во одвикнување од пушење.Верувам дека сите и тие што се пушачи, а особено тие што не се, би сакале овој шведски проект да испали. Децата уште во предучилишната возраст ќе имаат антитела против никотинот. Кога ќе ја запалат својата прва цигара во адолесцентниот период, ако воопшто и го сторат тоа, нема да чувствуваат никакво задоволство. Пушачите, а особено оние страсните, без голем проблем и без цврста воља, ќе можат да се одвикнат од оваа лоша навика.
Пред се од економски аспект гледано, ќе се заштеди огромна сума на пари. Ако курсот просечно би се движел 1 евро = 61,3 денари и доколку месецот процечно би имал 30 дена, а една кутија цигари би чинела точно 1 евро, тогаш според мојата математика, секој интензивен пушач кој купува по една кутија цигари дневно, доколку се одвикне од пушење, ќе биде во состојба да заштеди 1839 денари секој месец!
Тоа не се малку пари, бидејќи годишно тоа е заштеда од 22068 денари!
Сега вие размислете самите колку пари годишно трошите!
Дел од овие заштедени пари може да се вложат во козметички третмани, за подобрување на веќе уништената кожа особено на лицето, кај оние кои се одвикнале од овој порок.
Затоа размислете дали е убаво да се пуши? Која е користа од пушењето? Кои се позитивните и негативните страни од пушењето? Тргнувајќи од фактот дека корист од никотинит нема, а задоволството е толку кратко и недефинирано, не е ли редно време, ако се уште пушите цигари, да престанете со тоа? Само се упропастувате себе си, а не добивате ништо за возврат!
Не е ли поубаво задоволството тие заштедени 22068 денари доколку не би пушеле, да ги потрошите за да отидете некаде на одмор, на некое ексклузивно место??? Е тоа е веќе уживање!
You are the judge! ;)

Погледнете како никотинот кружи низ нашиот нервен систем.


Извор: неделникот "24 часа здравје".

сабота, мај 03, 2008

8 совети за здрав живот

Иако е добро да се трудите да воспоставите естетски изглед преку солидно вежбање и нутрицистички програм, сепак не треба да се заборави важноста на квалитетното вежбање и здравото јадење.

Со зголемениот број на срцеви заболувања доаѓа и потребата за зголемено внимание кон вашето тело.

Што порано започнете со грижа за самите себе толку повеќе ќе уживате во здравјето кога ќе бидете постари.

Како што навестува насловот, ќе ви дадеме 8 совети кои се потребни за да се одржи нормалната работа на срцето низ текот на животот:

1. Намалете го користењето на црвеното месо

Ако сте голем обожавател на црвено месо, тогаш повторно размислете. Иако некои меса се потребни во одредени диети и го снабдуваат организмот со железо и протеини, сепак јадењето на црвено месо треба да се ограничи до максимум 2-3 пати во неделата и тоа во помали количини.
Останатите денови можете да консумирате протеини преку јадење на риба, пилешко, грав, итн.

2. Јадете повеќе “темно“ овошје

Општо познато е дека диетите преку консумирање на огромни количини на овошје и зеленчук се најдобри за заштита од болести.

Но, кога правите селекција на овошјето, секогаш одбирајте ги оние кои имаат потемна боја бидејки тие се полни со антиоксиданти кои пак се потребни за превентива од канцерогено заболување.

3. Контролирајте ги нивоата на инсулин

Еден од најдобрите начини за да се одбегнуваат „пиковите” на инсулин (високи нивоа на инсулин проследени со големи падови) е да се изостават сите “бели“ зрнести типови на храна од диетата.
Подобро е да се фокусирате на продукти кои доаѓаат директно од земја и кои се најмалку преработувани.
Компири, овес или никулци се далеку подобар избор отколку бел леб, тестенини или суви, ладни житарици како што е корнфлексот.

4. Гответе сами

Наместо да преферирате вечери во ресторани или брза храна, почнете сами да си готвите. На овој начин самите ќе контролирате што ќе јадете, што ќе искористите како состојки, во која количина и со каков квалитет.
Понатаму, избегнувајте готови, купени преливи, особено за салати. Најчесто овие производи се полни со масти.
Затоа, по потреба, сами направете сос кој дефинитивно ќе биде повкусен и поквалитетен од купечките.

5. Зголемете ја количината на полесно растворлива храна

Како што беше спомнато во третиот чекор, треба да избегнувате потешка храна за варење. Вашиот желудник многу се напрега за еден оброк, а може со поедноставна работа да процесира 2-3 оброка.

Избегнувајте преработена храна, особено ако предходно сте биле на долга диета во која сте консумирале лесна храна.

Готовите, процесирани продукти не се најздрави за Вас.
Подобро користете храна која е свежа или пак директно запакувана.

6. Намалете ја количината на сирење

Намалувањето на внесот на сирење во Вашиот организам треба да се наоѓа на првите места од листата за подобро здравје.

За жал, ако досега не сте навикнати да јадете нискокалорично сирење, не веруваме дека овој чекор ќе успеете да го издејствувате во текот на животот.

Се поголемото користење на сирењето во скоро секое јадење, особено во ресторани, брза храна и во бели пецива, уште повеќе ја намалува шансата да престанете да го користите.

7. Пијте алкохол умерено

Иако не е неопходно алкохолот комплетно да го изоставите од вашата диета или воопшто од вашиот живот со цел да ја намалите шансата за срцева болест, сепак треба да се консумира со мали количини.

Тие што консумираат алкахол во мали количини имаат помала стапка за срцеви заболувања во однос на тие што воопшто не го консумираат.

Виното е сепак, најдобриот избор за здраво срце.

8. Вежбајте интензивно

Во врска со вежбањето, треба да знаете дека добрата кардиоваскуларна форма значи намалена шанса за срцеви заболување како и за поздраво тело воопшто. Најдобро е да правите интензивни но кратки серии на физички активности и тоа најчесто во форма на трчање спринт.
Сепак, тоа не значи дека предходно не треба да се загреете за физичката активност.

Боди билдингот иако е делумно добар, тој повеќе придонесува за изгледот на телото, а не за квалитетно здравје.

При трчањето, после брзиот спринт, подзапрете и видете како ви реагира срцето. Што повеќе време е потребно за срцето да се врати во нормална состојба на работење, толку поголема е шансата да добиете срцево заболување.

Со се поголемото трчање, вашето тело ќе се навикне и ќе го враќа срцето во првобитната положба за пократко време.
Гледајте да истрчате што можете побрзо во рок од 20-30 секунди и потоа направете пауза од 1-2 минути. Ваквиот циклус повторете го 8-12 пати и тоа најмалку 2 пати неделно.

Имајте ги на ум овие 8 фактори со цел да имате поквалитетен живот.

Да рамислувате паметно и да инвестирате во здравјето навремено, дефинитивно ќе ви донесе многу бенефити во поодминатите години.

Извор: www.idividi.com.mk

10 правила за паметно јадење

Јадењето е извор на здравјето. Затоа огромно внимание треба да се посвети на начинот на исхрната, правилно да се купуваат продуктите и внесуваат калориите. Еве неколку совети:

1. КУПУВАЈТЕ колку мислите да јадете, наполнете една третина од корпата со овошје и зеленчук. Зачинета и слатка храна треба да опфаќа многу мал дел од куповната корпа.

2. СПОРЕДУВАЈТЕ ги етикетите, за да ви помогнат во идентификација на здрави опции, одржувајќи чекор со водичот за дневно внесување на масти, соли и шеќер.

3. КОНТРОЛИРАЈТЕ ги внесените калории, за да одржувате здрава тежина. Жената треба да внесува околу 2.000 калории дневно, а мажот 2.500. Ако сте многу активни, ќе ви треба поголема количина калории, а ако воопшто не сте активни, ќе ви треба помала количина.

4. УЖИВАЈТЕ без чувство на вина. Ако постои вина поради диетата, многу потешко ќе можете да истраете во неа. Одрекување од омилената храна на долг период едноставно не е можно.

5. БАЗИРАЈТЕ го утринскиот оброкот на храна полна со скроб, леб, ориз, тестенини и компири, кои ќе создадат долготрајна енергија во телото. Тие нема да влијаат врз тежината ако се комбинираат со минимална количина на зејтин, путер и сосови.

6. ВНИМАВАЈТЕ на калориите што ги внесувате со алкохолот и пијалоците богати со шеќер.

7. ЈАДЕТЕ супи и зелена салата. Тие ќе помогнат во регулирање на тежината.

8. ДНЕВНИК за исхрана, за да се храните здраво. Јадете три порции дневно. Чаша млеко, јогурт, или мало парче сирење дневно - е препорачливо.

9. ЈАДEТЕ риба минимум еднаш неделно - богата е со омега 3 (значаен за мозокот и здравјето на срцето).

10. ПИЈТЕ секое утро сок богат со витамини и железо.

Извор: www.idividi.com.mk

Доматите ја штитат кожата

Колку повеќе сурфам на интернет се повеќе дознавам работи што досега не сум ни помислила дека може да се случуваат. Отсекогаш сум сакала да пробам свежо доматче, онака од мерак да изедам една добра салата онака со сиренце м м м....ама не сум знаела дека таа салата освен тоа што ќе ме најаде :-) и ќе ми дозволи да уживам, може да помогне да се заштитиме од штетните сончеви зраци. Нема да ви откривам се, ќе прочитате и самите.

Јадењата кои содржат домати би можеле да станат вистинско оружје во борбата против брчките и изгорениците кои се последица од претерана изложеност на сонце, веруваат британските научници.

Истражувачите од универзитетите во Манчестер и Њукасл утврдиле дека дополнителното консумирање на јадења кои содржат домати може значително да ја поправат заштитата на кожата од ултравиолетовите зраци.

Оштетувањата кои се предизвикани од овие зраци може да доведат до предвремено стареење, па дури и рак на кожа.

Научниците позитивното влијание на доматите го објаснуваат со присутноста на антиоксидансот ликопен, чие ниво дополнително се зголемува при варење.

Ликопенот во разни студии е поврзуван со намалување на ризикот од рак на простата.

Новите податоци покажуваат дека тримесечната исхрана со зголемен внес на домати може за третина да ја зголеми заштитата на кожата од изгореници предизвикани од претерано сончање, дејство кое го имаат кремите за сончање.

Исто така е утврдено дека зголемената консумација на домати доведува до зголемување на нивото на проколагенот, молекула која ја одржува структурата и цврстината на кожата.

Епа луѓе јадете што повеќе домати ќе ни требаат за лето :-)

Извор: www.idividi.com.mk