четврток, јуни 18, 2009
Научете да ги броите калориите :)
Се што треба да се направи е да се напише (на англиски) храната или пијалокот за кој сакаме да дознаеме колку калории содржи!
Многу е лесно и интересно ;)
четврток, мај 28, 2009
ЗАПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ СО БЛАГО
сабота, мај 23, 2009
Напад на бес кај малите деца
петок, април 03, 2009
Зошто имам вишок на килограми и слабо здравје? хмм...
Дебелината и склоноста кон одредени болести, не лежи само во тоа колку калории внесуваме и трошиме во текот на денот, односно каква храна консумираме, иако тоа е најважната работа која одредува дали сме слаби или не, односно дали сме здрави или не.
Едноставно на некои луѓе слабеењето им оди полесно, отколку на други. Тоа е така поради начинот на исхраната кој сме го практикувале во детството и кој во најголема мера не зависел од нас.
Прекумерните чоколади, бонбони, сладоледи, хамбургери... изедени во текот на детството, според ново истражување, кое го изненади научниот свет, ја утврди директната врска на склоноста на возрасните лица кон прекумерна тежина, со видот и количината на исхраната изедена во детството.
Исхраната влијае врз гените, кои контролираат како телото ги складира и користи нутриентите.
Храната што сте ја консумирале во детството, влијае врз телесната маса и здравјето во возрасната доба.
Затоа, мајки и татковци, доста се гледате во огледало и се преопседнувате со сопственото тело. Погледнете ги малку и своите деца, како и тоа што им ставате во уста. Сигурно не сакате вашите деца еден ден Вас да ве обвинуваат дека не можат да се облечат како што сакаат. Не бидете себични и учете се на сопствените грешките и наместо да им давате на децата пари, за да си купуваат хамбургери за време на големите одмори на училиште, наутро дајте им по некоја банана или јаболко.
Немојте да мислите: „дете е... расте... му треба енергија...“ Ова е неточно!
Извор: 24 часа здравје
недела, март 29, 2009
Крводарување
Крвта (латински: Sanguis) е течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материи, екскрети, кислород и јаглерод диоксид - од и до клетките. Зошто да не споделиме дел од овие хранливи материи, кои сите ги поседуваме и самите ги произведуваме? Меѓутоа, за разлика од останатите сврзни ткива, во крвта нема нишковидни творби, односно фибрили - колаген или еластични влакна.
Крвта се состои од формативни елементи (крвни клетки) и крвна плазма. Од целокупниот волумен на крвта, 45% отпаѓа на крвните клетки, додека 55% на крвната плазма. Волуменскиот однос на крвните клетки со крвната плазма е наречен хематокрит. По прекумерно потење, количеството на плазма може да се намали до 50%, додека со консумирањето на течности да се зголеми до 60%.
Секој човек претставува подвижна фабрика за спасување животи! Дарувањето крв, нема да те чини многу време, а со тој гест можеш да спасиш нечиј живот! Крвта постојано се обновува и секој полнолетен човек може да дарува крв (обично мажите на 4, а жените на 3 месеци). Јас потекнувам од хумано семејство.
Брат ми, кој има 26 години, има дарувано крв веќе 27 пати!
Мајка ми, која има 52 години, има дарувано крв веќе 13 пати!
Татко ми, кој има 54 години, има дарувано крв веќе 9 пати!
Јас имам 20 години, а крв имам дарувано веќе 6 пати и со нетрпение го очекувам 7миот пат!
Моите најблиски за мене претставуваат најголем мотив, да ја продолжам и зајакнам нивната хуманост. Прв пат дарував крв, веднаш по 18тиот роденден, во една крводарителска акција во моето средно училиште „Јосип Броз Тито“. Последен пат (6ти пат), крв дарував во Воената Болница пред точно 2 недели. Со нетрпение го очекувам наредниот пат, кој ќе ми биде овозможен дури во јуни.
Сепак, сметам дека нашава држава Република Македонија, треба да обезбеди поголеми бенефиции за нас, крводарителите. Во Република Полска, на пример, крводарителите имаат бесплатен градски превоз! А кај нас? хм...
Кога дарувам крв, навистина ја дарувам од срце и од душа и не сакам ништо за возврат, бидејќи да сакав, ќе ја продавав за пари. Но, тоа што ме боли е фактот дека Македонија воопшто не ги цени хуманите луѓе, како мене... како моето семејство... Насвистина е жално... Дури и оброкот, кој следува по дарувањето крв, едноставно кажано, е беден.
Да се надеваме дека нешто ќе се промени во тој поглед. Кој знае колку животи сум спасила јас со мојата крв, а за мојот живот, кој се грижи? Да се надеваме и дека лекувањето после 10тото дарување крв, навистина ќе биде бесплатно.
Јас никогаш нема да престанам со дарувањето крв и со сите хумани активности кои ќе ми се пружат на располагање, а кои ќе бидам во состојба да ги исполнам!
Линкови:
вторник, март 24, 2009
Бакнежот е здрав!
Бакнежот обично се смета за основен интимен акт, при кој партнерите се допираат со усните. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона (200 пати повеќе нервни завршетоци, отколку на врвовите на прстите). Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите.
Кога партнерите се бакнуваат страсно, најчесто се допираат и со јазиците при што се разменува плунка. Тоа е така наречениот ФРАНЦУСКИ БАКНЕЖ (грубо народски кажано - лапање :D).
Голем период од животот, луѓето поминуваат во бакнување. Тоа не е лошо, ако се знае дека бакнувањето согорува калории и го продолжува животот. Токму францускиот бакнеж согорува 26 ckal и произведува ендорфин - хормон, кој е 200 пати посилен од морфиумот!
Кога се бакнуваме, во функција се 29 мускули од лицето. Тоа, всушност е ефикасна вежба, која го затегнува лицето и го спречува појавувањето на „обесени“ образи.
Со бакнување разменуваме плунка, која содржи протеини и антигени. Таа може да го поттикне развојот на антителата и да го зајакне имунитетот.
Страсното бакнување од 90 минути =D го зголемува крвиот притисок и го забрзува пулсот исто како да сте трчале кратко. По бакнувањето доаѓа до намалување на крвниот притисок, по што следува опуштање.
Сепак, имам слушнато дека преку француски бакнеж, доколку двајцата партнери имаат голема рана во устата и настане размена на крв, има можност да се заразат со Хив, доколку едниот е Хив позитивен.
Денеска, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност. Исто така, ретко може да се најде личност која не сака бакнежи. Романтични, нежни или страсни - сите во нив уживаат.