среда, април 09, 2008
YOGA за почетници
Тара Стајлс ќе ви објасни многу убаво во што е суштината на јогата. Ќе ви објасни се за дишењето, ќе ви објасни дека всушност се се состои во дишењето. Ќе ви ги демонстрира најлесните движења и телесни позиции токму соодветни за почетниците, кои воопшто никогаш и немале контакт со јога. А исто така ќе ви каже и накусо кои се триковите за да ги правите вежбите правилно, како и тоа, која вежба за што служи.
Овие вежби верувам, како што верува и Тара, дека ќе ве заинтересираат и дека ќе ги правите секој ден во вашиот дом. Се надевам дека клипчево ќе ви биде од корист!
Овие вежби верувам, како што верува и Тара, дека ќе ве заинтересираат и дека ќе ги правите секој ден во вашиот дом. Се надевам дека клипчево ќе ви биде од корист!
вторник, април 08, 2008
Yoga против болките во вратот
Ако имате болки во вратот, или пак, ако имате укочен врат, еве ви решение како самите на себе да си помогнете со помош на јога и други вежби за истегнување на вратните мускули..
Сепак, едно предупредување до некои од вас: ако имате некакви посериозни проблеми со вратот или со грбот, треба да одите на лекар. Ако имате проблеми од посериозен тип, со оваа телесна зона, тогаш со овие и слични вежби можете само да си наштетите!
Овие вежби се повеќе за оние кои имаат благо укочен врат или мали болки во тој предел.
Погледнете ја оваа девојка, која се разбира во занаетот :)
Еве ви решение за утринското укочување на вратот. Нови вежби кои ќе ги додадете во вашиот утрински блок на вежби.

недела, април 06, 2008
Млеко - природна козметика
Имате слободно време и сакате малку да се погрижите за себе, а во моментот немате соодветна козметика? Можеби немате доволно пари за да си купите некоја крема, балзам, маска или емулзија?
Немојте да кревате паника! Во својот ладилник, секако дека секогаш имате свежо млеко.
Немојте да се чудите! Со помош на овој Божествен напиток, ќе направите извонредни козметички мешавини, кои ќе имаат неспоредливо подобар ефект од било која хемикалија. Млекото е природно.
Со помош на млекото, можете да ја негувате вашата коса, кожата на телото, кожата на дланките како и кожата на лицето.
Природните козметички мешавини со млеко, кои ќе ги направите самите, ќе допринесат косата да ви биде сјајна, кожата на телото да ви биде мазна, помагаат во избелувањето на дланките, како и за свиленкаста кожа на лицето.
Невообичаеното дејство на млекото, како дел од природната козметика, го пронашла уште убавата Клеопатра. Клеопатра со задоволство се капела во магарешко млеко. Не треба да и се чудиме.
Млекото и млечните производи, содржат скоро се што е потребно во добрата козметика.
Витамините и другите хранливи и корисни состојки коишто се содржани во млекото, се следниве:
А - ја освежува кожата
Е - ја негува и зајакнува кожата
Б - дејствува против брчките
БЕЛКОВИНИТЕ - заштитуваат од сушење на кожата
МАСТИТЕ - на кожата и даваат еластичност
Бидејќи е течно, идеално ја хидратира кожата.
Козметичките производи на база на млеко, можеме да ги подготвиме сами во нашиот дом.
Сепак, треба да знаеме дека сите намирници кои ќе ги употребиме во подготовката, треба да се свежи. Готовата смеса можеме да ја чуваме во ладилник, најмногу една недела. Маските и емулсиите, по употребата, секогаш треба детално да ги отстраниме со топла вода.
Извор: полското списание "Dobre Rady"- Добри совети.

сабота, април 05, 2008
До сјајна коса со помош на млеко
Претпоставувам дека сите имаат проблеми со косата. Пред се тоа е цветањето, губењето на сјајот на косата. Косата понекогаш знае да ви стане сува и изгорена... и што уште не! УЖАС!
Едноставно ви иде да земете машинка за шишање и да се бапнете на кец!
Овие аномалии имаат различни причинители. Пред се тоа е шампонот и регенераторот кои ги користите, а потполно не одговараат на вашиот тип на коса. Потоа, нашава македонска премногу хлорирана вода, потоа водата во базените, која ја суши косата. Сонцето, кое наскоро ќе биде главен уништувач на косата, од кој мораме да се заштитиме со капа. Сонцето ја гори косата до темел и дури ја избледува и природната боја на косата! Потоа нередовното потшишување, како и фарбањето. Фенирањето на косата, користењето на пегла за коса или фигаро, како и разните хемикалии за styling, како гелови, пени, лакови за коса, а исто така и виткањето на косата со помош на разни хемиски средства, како на пример "ладна".
На косата и треба одмор од сето тоа, но како да дојдеме до одмор на нашата коса во ова брзо и динамично време? Ние немаме време да се одмориме и да се наспиеме самите, а камоли па нашата коса?
Сепак можеме, ако сакаме, да одвоиме некои 20-тина минути во неделата за да се погрижиме за нашата коса, ако сакаме убаво да изгледа. Тоа нема да не чини скоро воопшто, бидејќи сите потребни намирници, за да си направиме убава маска за коса, ги имаме во нашиот дом, на непосреден дофат на раката.
Нема да ви бидат потребни разните маски, балзами, средства против цветање, кои ги произведуваат скоро сите фирми за козметика, а се изгор-скапи! Не го негирам нивното користење, бидејќи и ти се потребни, имаат ефект. Но и тоа се хемикалии, и ќе треба косата тотално да си ја уништиме барајќи го вистинскиот препарат, кој потоа едноставно само ќе ни го краси купатилото, бидејќи нема да имаме на што да го нанесеме! :D
Својата коса и тело, ги негувале уште античките народи. Клеопатра просто се капела во млеко и мед, за да има убава коса и кожа!
Затоа, еве што треба да направиме и ние:
Еднаш неделно потребно е на косата да се стави маска, на која ќе и додадеме млеко. Тоа ја негува косата, го враќа сјајот, а исто така го спречува цветањето на косата. Едноставно косата ќе ви биде во подобра форма!
Маска за коса од павлака -
за уништена коса. Да се измешаат 2 лажици павлака со 1 лажичка сок од цеден лимон и 1/2 лажичка пченкарно масло. Мешавината ја нанесуваме на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.
Маска за коса од невен и млеко-
за сува коса. 1/2 филџан млеко да се измеша со 1 жолчка и 1/2 чај од невен. Да се нанесе на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.
На првата слика е покажано едно човечко влакно од уништена коса, зголемено со микроскоп. Видете колку е одвратно!
Извор: полското списание "Dobre rady".
Едноставно ви иде да земете машинка за шишање и да се бапнете на кец!Овие аномалии имаат различни причинители. Пред се тоа е шампонот и регенераторот кои ги користите, а потполно не одговараат на вашиот тип на коса. Потоа, нашава македонска премногу хлорирана вода, потоа водата во базените, која ја суши косата. Сонцето, кое наскоро ќе биде главен уништувач на косата, од кој мораме да се заштитиме со капа. Сонцето ја гори косата до темел и дури ја избледува и природната боја на косата! Потоа нередовното потшишување, како и фарбањето. Фенирањето на косата, користењето на пегла за коса или фигаро, како и разните хемикалии за styling, како гелови, пени, лакови за коса, а исто така и виткањето на косата со помош на разни хемиски средства, како на пример "ладна".
На косата и треба одмор од сето тоа, но како да дојдеме до одмор на нашата коса во ова брзо и динамично време? Ние немаме време да се одмориме и да се наспиеме самите, а камоли па нашата коса?

Сепак можеме, ако сакаме, да одвоиме некои 20-тина минути во неделата за да се погрижиме за нашата коса, ако сакаме убаво да изгледа. Тоа нема да не чини скоро воопшто, бидејќи сите потребни намирници, за да си направиме убава маска за коса, ги имаме во нашиот дом, на непосреден дофат на раката.
Нема да ви бидат потребни разните маски, балзами, средства против цветање, кои ги произведуваат скоро сите фирми за козметика, а се изгор-скапи! Не го негирам нивното користење, бидејќи и ти се потребни, имаат ефект. Но и тоа се хемикалии, и ќе треба косата тотално да си ја уништиме барајќи го вистинскиот препарат, кој потоа едноставно само ќе ни го краси купатилото, бидејќи нема да имаме на што да го нанесеме! :D
Својата коса и тело, ги негувале уште античките народи. Клеопатра просто се капела во млеко и мед, за да има убава коса и кожа!
Затоа, еве што треба да направиме и ние:
Еднаш неделно потребно е на косата да се стави маска, на која ќе и додадеме млеко. Тоа ја негува косата, го враќа сјајот, а исто така го спречува цветањето на косата. Едноставно косата ќе ви биде во подобра форма!
Маска за коса од павлака -
за уништена коса. Да се измешаат 2 лажици павлака со 1 лажичка сок од цеден лимон и 1/2 лажичка пченкарно масло. Мешавината ја нанесуваме на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.
Маска за коса од невен и млеко-
за сува коса. 1/2 филџан млеко да се измеша со 1 жолчка и 1/2 чај од невен. Да се нанесе на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.
На првата слика е покажано едно човечко влакно од уништена коса, зголемено со микроскоп. Видете колку е одвратно!
Извор: полското списание "Dobre rady".
петок, април 04, 2008
Exercise Ball Compilation
Оваа топка е наменета за вежбање. Мислам дека се користи во некои смирувачки дисциплини, слични на јогата. Ја користат трудниците во своите тренинзи.Јас искрено не сум била во можност да имам личен контакт со оваа справа за вежбање и не можам да ви кажам како се користи. Но, сепак едно знам, а тоа е да не ја користите во никој случај како сите овие луѓе на клипот подолу, таканаречени идиоти!
DO NOT TRY THIS AT HOME!
Уживајте!
Пушењето го зголемува ризикот од втор инфаркт
Лицата кои продолжуваат да пушат и по преживеаниот срцев удар имаат три пати поголеми изгледи за нови здравствени проблеми со срцето, покажуваат новите научни истражувања. Истражувањето спроведено на лица помлади од 36 години покажало дека испитаниците кои продолжуваат со пушењето по првиот доживеан инфаркт имаат далеку поголем ризик од нов срцев напад, тешки хируршки зафати на срцето, како и смрт како последица на кардиоваскуларни проблеми.
Во студијата, која траела 10 години учествувале 150 испитаници. Претходно прибраните податоци покажале дека 95 отсто од лицата кои пушат имале инфаркт пред 36-та година од животот.
Болестите врзани со срцето се најчеста причина за смртта во развиените земји, а пушењето е една од главните причини за болестите со срцето.
Во статијава која што имате можност да ја прочитате погоре, можете да забележите дека е обработена фазата по срцевиот удар, односно дека втор срцев удар може да се добие полесно доколку продолжите да пушите повторно цигари. Не е обрнато внимание на тоа дека личноста веќе внесувала никотин во себе и го доживеала веќе споменатиот срцев удар. Никотинот ги запушува каналите за доток на крв во срцето при што доаѓа до нерамномерно прочистување на крвта и срцето пумпа на празно, прекинува работата на срцето и се случува неизбежното.
Се лажете дека цигарите не се штетни, размислете само дали сакате да почувствувате како срцето прекинува во вашето тело, на вас ништо не ви е јасно, градите ве стегаат страшно лошо, повраќате, телото ви станува модро, чувствувате дека сте веќе мртов, а семејството, можеби вашата ќеркичка ве гледа како се струполувате пред неа, интересно нели трауми до крајот на животот на детето, и за сето тоа вие сте виновни. Да не збориме дека може и нема да се извлечете па семејството уште рано ќе остане без еден родител.
Друга интересна работа е што секој од младите почнува со оваа одвратна навика, затоа што мисли дека тоа е кул, или затоа што сите од друштвото се веќе страсни пушачи. ГОЛЕМА ГРЕШКА, НАЈДЕТЕ САМО ЕДНА ДОБРА ОСОБИНА НА ЦИГАРИТЕ АКО УСПЕЕТЕ ТОГАШ ВИ ЧЕСТИТАМ.
Лошите особини можам да ги набројувам, да ги набројувам..........само неверувам дека ќе сакате да прочитате каква штета си нанесувате на сопственото тело. Размислете нареден пат кога ќе посакате да запалите цигара, сетете се на моите зборови, ако не верувате во нив ќе ви кажам дека јас тоа го доживеав, јас бев ќеркичката која што гледаше како нејзиниот татко се струполува пред неа.
Извор: idividi.com
Масажа на дојка
Сите знаеме дека масажата е нешто навистина важно за нашето здравје и пред се за нашата убавина. Постојат разни типови на масажа. Некоја е спортска, после интензивните тренинзи, за да ни ги олабави мускулите. Некоја само за подобрување на циркулацијата, некоја за загревање, а некоја само за опуштање, а постојат и медицински масажи
Сепак, кога ја видов оваа масажа, малку и се подзамислив. Малку сум скептична кон овој тип на масажа. Можеби има и некаков медицински ефект, на пример против рак на дојка или пак е само за релаксирање?
Навистина не знам кој е ефектот од неа, дали ужива масираната личност или пак личноста што масира? Претпоставувам дека ова ќе им се допадне пред се на момците! Еве како да се погрижите за вашите девојки :)

четврток, април 03, 2008
Нова форма на аеробик
Сепак, рака и пружам, бидејќи барем се труди и не се срами од себе си. Клипот го објавила на You Tube и секако дека може да ги охрабри сите оние кои се во иста или слична положба, да започнат да работат со себе си и да престанат да се срамат од своето тело!
Мастите и фруктозата го оштетуваат црниот дроб
Една нова студија покажува дека исхраната која изобилува со масти и со фруктоза со потекло од скробен сируп, може да предизвика сериозни оштетувања на црниот дроб кај луѓе кои поголем дел од денот го поминуваат во седење. Научниците на глувчиња им давале храна со 40% масти и со висок удел на фруктоза од скробен сируп во период од 16 недели. Глувците смееле да изедат храна колку што сакаат, но не смееле да вежбаат. Веќе по 4 недели им се зголемило нивото на ензими во црниот дроб и се јавила нетолеранција на гликоза, што е почеток на дијабетес од типот 2. Количеството фруктоза во истражувањето е еднакво на весување на осум лименки газиран сок дневно.Затоа, мој совет е ако не сте од оние луѓе кои внимаваат на линијата или сакаат да ослабнат и ако консумирате храна од овој тип, која содржи многу масти и фруктоза од потекло од скробен сируп, станете од пред вашиот телевизор и прошетајте се со вашето куче. Ако јадете многу ваква храна во вашата секојдневна диета, ќе го разорите вашиот црн дроб и имате склоност да заболите од дијабетес!
Вие одлучете што ќе правите понатаму...
Извор: списанието "24 часа здравје".
вторник, април 01, 2008
Четири најдобри диети на славните
Ќе ви претставам некои проверени , но и некои иновативни начини на исхрана, кон кои се придржуваат славните за да останат во форма.
На почетокот сакав да ви пишувам за нешто што според некои е вистинска диета и како да се придржуваме кон неа, но листајќи некои списанија најдов нешто интересно што мислам дека ќе ги интересира посебно девојките.
Многу девојчиња, мои пријателки, со кои сум разговарала знаеле да речат „од утре сум на диета“ , а од наредниот ден ....се е по старо. Според мене доколку сакаме да постигнеме некакви резултати, треба да се придржуваме до диетата, да си јадеме нормално по неколку пати на ден но како што налага самата диета, а не да гладуваме, мислејќи сме на диета.
Пронајдов 4 диети кон кои се придржуваат славните девојки:
1.) Аткинсова диета
Многу славни личности се придржуваат на Аткинсоновата диета, која се заснова на обемно внесување на протеини и многу малку јаглени хидрати. Теоретски, доколку се намалат јаглените хидрати, телото почнува да користи масни наслаги како главен извор на енергија. Конзумирањето на леб и тестенини не е дозволено. Аткинсоновата диета има 4 фази: индукција, почеток на губење на килограми, предодржување и одржување на килажата. (диетата ја користи Дениз Ричардсон)

2.) Beverly Hils диета
Поп ѕвездата Мадона ја објаснува основата на оваа диета: првите 10 дена се јаде само овошје после што постепено почнувате да внесувате јаглени хидрати и протеини. Треба да водите сметка јаглените хидрати да се во вид на производи од интегрални житарици, додека протеини да бараме во немасното месо и безмаслено млеко. Златно правило е овошјето секогаш да се јаде само, како и тоа јаглените хидрати и протеините никогаш да не се внесуваат заедно.
3.) Диета со свежа храна
Актерката Деми мур се придржува на диетата чија основа е свежата храна. Во теоријата неподготвената храна содржи живи ензими кои произведуваат енерија. Тие ензими со готвењето се уништуваат. Се потврдува исто така дека со конзумирањето на свеж зеленчук се троши многу повеќе калории, отколку кога е готвен. Во суштина, таквиот начин на исхрана се смета за вегетарјански, затоа што свежото месо и млечни производи се штетни по здравјето.

4.) Еден оброк дневно
Актерката Лиз Харли тврди дека современите диети со три и неколку мали оброци дневно имаат yo-yo ефект.Таа неодамна во едно списание изјавила дека јадела само еднаш дневно за да ги намали килограмите. Воглавно дневниот оброк треба да биде составен од зеленчук, немасно месо и леб, а овошјето не е дозволено.
Извор : Списанието „Скандал“.
На почетокот сакав да ви пишувам за нешто што според некои е вистинска диета и како да се придржуваме кон неа, но листајќи некои списанија најдов нешто интересно што мислам дека ќе ги интересира посебно девојките.
Многу девојчиња, мои пријателки, со кои сум разговарала знаеле да речат „од утре сум на диета“ , а од наредниот ден ....се е по старо. Според мене доколку сакаме да постигнеме некакви резултати, треба да се придржуваме до диетата, да си јадеме нормално по неколку пати на ден но како што налага самата диета, а не да гладуваме, мислејќи сме на диета.
Пронајдов 4 диети кон кои се придржуваат славните девојки:
1.) Аткинсова диетаМногу славни личности се придржуваат на Аткинсоновата диета, која се заснова на обемно внесување на протеини и многу малку јаглени хидрати. Теоретски, доколку се намалат јаглените хидрати, телото почнува да користи масни наслаги како главен извор на енергија. Конзумирањето на леб и тестенини не е дозволено. Аткинсоновата диета има 4 фази: индукција, почеток на губење на килограми, предодржување и одржување на килажата. (диетата ја користи Дениз Ричардсон)

2.) Beverly Hils диета
Поп ѕвездата Мадона ја објаснува основата на оваа диета: првите 10 дена се јаде само овошје после што постепено почнувате да внесувате јаглени хидрати и протеини. Треба да водите сметка јаглените хидрати да се во вид на производи од интегрални житарици, додека протеини да бараме во немасното месо и безмаслено млеко. Златно правило е овошјето секогаш да се јаде само, како и тоа јаглените хидрати и протеините никогаш да не се внесуваат заедно.
3.) Диета со свежа хранаАктерката Деми мур се придржува на диетата чија основа е свежата храна. Во теоријата неподготвената храна содржи живи ензими кои произведуваат енерија. Тие ензими со готвењето се уништуваат. Се потврдува исто така дека со конзумирањето на свеж зеленчук се троши многу повеќе калории, отколку кога е готвен. Во суштина, таквиот начин на исхрана се смета за вегетарјански, затоа што свежото месо и млечни производи се штетни по здравјето.

4.) Еден оброк дневно
Актерката Лиз Харли тврди дека современите диети со три и неколку мали оброци дневно имаат yo-yo ефект.Таа неодамна во едно списание изјавила дека јадела само еднаш дневно за да ги намали килограмите. Воглавно дневниот оброк треба да биде составен од зеленчук, немасно месо и леб, а овошјето не е дозволено.
Извор : Списанието „Скандал“.
Претплати се на:
Објави (Atom)